Дап, истото тоа го вели PR одделот на клубот.
Но! Погледај го ростерот... колку играчи се од истиот ЛУЗЕРСКИ ростер од лани?
Доста од сегашните играчите лани го преседеа поголемиот дел од сезоната заради повреди. Освен пар ликови, другите СИТЕ имаа повреди. Очекувај повреди и во оваа сезона.
Понатаму, што беше најслабиот аспект на ланскиот ростер (сега „појачан„ со рукија и отпадоци од другите тимови)??
ОДБРАНАТА. Одбраната смрдеше наголемо, некаде на дното во НБА.
Што се направи за правење ростер кој може да игра добро одбрана?
Освен Ед Дејвис, и потпишувањето на Хил... НИШТО.
Хил и онака првенствено е потпишан за една година и вгодина да се мења за асет, пошто втората година од договорот му е огромна а целосно негарантирана плата (значи кој и да го земе во трејд, едноставно може да го отпушти без да му плати ни еден долар).
Така да момци, на површина изгледа како што изгледа. Лејкерси се Лејкерси, тим што никогаш
официјално нема да танка. Но погледнете ги акциите на клубот, кои и какви луѓе потпишуваат и на колку години. Коби со ненормално висока плата на две години, Хил со ретардирано висока плата на две години. Неш со неговите 12мил кои истекуваат догодина.
Тогаш би требало да ви е јасен планот за паметно прибирање пикови и асети, за да се направи тимот што попрималив за евентуален слободен агент догодина и во 2016та. Во спротивно, пак танкање и прибирање асети.
И да, во меѓувреме ќе слушаме муабети како уствари идат на титула!
