Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Вејд? Што ќе ни е Вејд во Лејкерс на 30 и кусур години со полураспаднати колена? Не фала, боље нека игра Сакре.
Не се пали де:D,колку да развием фантазија,супер играч е,ама да е од времето кога газеше у Мајами,оваков не фала,али ова за Сакре,не ме дупчи молим те:icon_lol::pos:.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
многу ми се нереални муабетите за Џејмс и за Мело...мислам дека они двајца ќе завршат у ист клуб, али не у ЛА

али и да се деси тоа чудо, ќе треба да иаме ваква клупа

 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
Моментално сите клубови прават планови и купуваат играчи а Мич го чека муабетот со Мело. Не знам која е оваа стратегија, ама вака од оваа перспектива е лошо да се насочи цела енергија само за овој разговор со Мело, како да имаат огромни шанси да го соберат. Добро е што ова завршува вечерва.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Ќе танкаат барем уште една сезона.
Шансите догодина да се фати пик од 1 до 5 се минимални, ама не и невозможни. Посебно ако Рамбис го промовираат во главен тренер на сезона-две (што претпоставувам и ќе се случи ако Бајрон Скот не се сложи на двегодишен договор, со втората година опција на клубот).

Впрочем се е подобро одколку да се преплатат играчи како Greg Monroe, Gordon Hayward, Chandler Parsons или Eric Bledsoe.
Запамтете дека се е подобро отколку да се биде заглавен на средина од табелата со врзан селари кап, и без шанси за висок пик на драфтот. Сетете се на времето кога клубот го имаше Ник Ван Ексел и компанија...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.260
Поени од реакции
29.742
Абе заебанција некоја у фотоштоп.
Ако некој е мањак за посветеност кон баскет во секој можен поглед... тоа е Коби. Плус апла се гледа дека е на некоја мрцина нигер телото, рацете, се е различно и дебело... :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
Мхм, кога ќе ја погледне човек поубаво сликата се глеа дека е глуп и аматерски фотошоп, плус Коби откако се повреди не беше скроз без тренинг... Нема теорија волку да е здебелен, доколку му е ваква ситуацијата многу тешко е да се врати назад.
 
H

HoT IcE

Гостин
На Кармело му понудиле макс договор на 4 години. Вечерва Коби иде у натамошни убедувања и преговори да потпише со Лејкерси. Шо знам ја, не се многу разбирам ама мислам дека макс договор за Мело у моментов е добар дил затоа што мора да се зголеми конкурентноста на Лејкерси и да има некој друг со Коби да кине по терен со оглед на другиве мрцини што играаат.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Не знам само шо ќе праиме со Мело на макс договор и повреден Коби на 36.. :)

Енивеј, мислам дека уште две сезони ќе глеаме неконкурентски тим, се надевам само добро се прерачунале за после тоа, пошо ќе испадне голема сушава од непрославување титула у Холивуд :)
 

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
97 Милиона за 4 години за Мело :tapp: што е многу многу е
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.216
Поени од реакции
41.335
ne melo, ne ne i ne !!!
ova ne smee da se sluci.

 
C

Castiel

Гостин
Не се секирајте мело не би дошол во ЛА пошо не е паметен потег... ЛА не се конкурентни за титула а нема ни да бидат наредни 2-3 сезони дур не го реконструираат тимот.... Мело па има 30 години и нема да му е паметно да чека...ако му е за парите може да си остане во никс ќе земе и таму максимален договор го чека а и шансите за титула му се исти како и во ЛА да дојде.....
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
На Кармело му понудиле макс договор на 4 години. Вечерва Коби иде у натамошни убедувања и преговори да потпише со Лејкерси. Шо знам ја, не се многу разбирам ама мислам дека макс договор за Мело у моментов е добар дил затоа што мора да се зголеми конкурентноста на Лејкерси и да има некој друг со Коби да кине по терен со оглед на другиве мрцини што играаат.
Макс договор моментално не е добар за никого (особено не за клубот) и реално, едини кој заслужува такво нешто моментално е Л’Брон.

Со моменталните 5 играчи под договор (го сметам и Ранлд), Лејкерс има 35м. плати. Значи има околу 30 милиони за трошење. Ако Мело прифати, тоа се 23м. за него, значи остануваат уште 7м. кои евентуално би се искористиле за Пау, ако он сака да добие толкав cut на платата. Плус ајде двајца ветерани на минималец и ете ти 9-10 играчи. Далеку од конкурентен тим.

За да биде сето тоа некако изводливо, треба mr.Мич да го трејда Неш (или да му го редуцира договорот, не знам како иде тоа) за 2-3 bench играчи со мали договори, што е тешко изводливо дури и за Купчак.

Реално, Коби лани ја заеба работата со максималниот договор. Да потпишеше за 15 милиони, сега ќе имаше уште 10м. гратис за потпишување на еден добар стартер и градење на тим кадарен за конференциско финале барем.

Но, шансите Мело да потпише за ЛАЛ се минимални, за среќа. :D
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
^Лани Пау играше за 20М, ќе најде и сега екипа што би му давала 10-12 сигурно.

Ситуацијава со дебелиов е комична, среќа што има далеку подобра опција од нас, инаше потегов ми е рамен на самоубиство.
23М сезонава немаме да ги дадеме, ако освен не го дадат Неш. Математички е неизводливо да склопиме тим со се клупа.

Не ми е ни јасно како ние со Кармело ќе направиме нешто.
Да ги дадеш на некој помлад и што ќе го наследи после клубов океј, ама на Кармело?
Наредниве 2 сезони далеку сме и од плеј-оф екипа на западов, за прстени да не праиме муабет. Зошто да се заглавиш со дебелиов?
Па и после тие 2 години, он ќе го донесе прстенот?
За дебелиов да е продуктивен, треба некој и за него да игра во одбрана, ние лани примавме по 110 поени, уште еден играч што не игра одбрана ни фали...

Се повеќе ми личи ова на очајнички потег.
Нека не се удараат у гради со вакви глупости, нека ги отпишат наредниве две сезони, и нека градат млад конкутерен тим.
Треба да им е јасно дека не може да се направи инстант конкурентен тим за титула, па пред 2 сезони така се сјебавме, заборавија ли?

Ако лупнат на некој макс договор што не заслужува, овие 2 години што ги збориме сеа, 5 ќе се направат, па после Бранко ќе е крив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom