Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
Без асална тројка ништо не правиме, освен да очекуваме Артест да се повампири што чисто сумјам дека ќе се деси.
Бизли ќе беше премија и со него ќе бевме вистински претенденти за самиот врв ама ког аќе ја погледнам екипата вчера и оваа денес, сигурно дека сме подобри денес.

Друга придобивка е дека со овие трејдови се ослободи многу од салари капот и создаде многу поголема флексибилност што може многу да ни помогне за во иднина.Мич. :cuc:

П.С. На ЕСПН ЛА ги даваа сите game win-ери на Фишер во позадина со тажна песна и искрено ме растажи.:(
 
L

Löwe

Гостин
Бизли ќе беше премија и со него ќе бевме вистински претенденти за самиот врв ама ког аќе ја погледнам екипата вчера и оваа денес, сигурно дека сме подобри денес.

Друга придобивка е дека со овие трејдови се ослободи многу од салари капот и создаде многу поголема флексибилност што може многу да ни помогне за во иднина.Мич. :cuc:

П.С. На ЕСПН ЛА ги даваа сите game win-ери на Фишер во позадина со тажна песна и искрено ме растажи.:(
Ништо од Бизли? :confused:
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Бизли ќе беше премија и со него ќе бевме вистински претенденти за самиот врв ама ког аќе ја погледнам екипата вчера и оваа денес, сигурно дека сме подобри денес.

Друга придобивка е дека со овие трејдови се ослободи многу од салари капот и создаде многу поголема флексибилност што може многу да ни помогне за во иднина.Мич. :cuc:

П.С. На ЕСПН ЛА ги даваа сите game win-ери на Фишер во позадина со тажна песна и искрено ме растажи.:(
Дај ако го најдеш клипчето некаде, пушти го тука...
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Ништо од Бизли. Требаше вака,
Michael Beasley to the Lakers, Jamal Crawford and Derek Fisher to the Wolves, Steve Blake and 1st to the Blazers.
ама Минесота одби.
И сега фали чоек шо ќе ја води клупата како шо беше Одом за нас. Штета, вака сум скептик за титула. Но се надевам дека грешам...
 
Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
Ништо од Бизли? :confused:
Ништо , за жал.Со него ќе имавме многу солидна шутерска екипа.
Дај ако го најдеш клипчето некаде, пушти го тука...
Низ стрим одеше ако најдам нешто обавезно ќе го ставам.
--- надополнето: 15 март 2012 во 23:06 ---
http://espn.go.com/espnradio/losangeles/play?s=la

Ова е радиото и зборат цело време и дебатираат.Во 1 Купчак или Бас ќе одат во живо со прашања од страна на гледачи и коментаторите.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
ех, колку и да беше лош D-Fish жал ми е што го дадоја... и тоа за Хил. Сепак беше капитен на екипата и долгогодишен мотиватор у соблекувална. :(

еве еден добар коментар од ЕСПН:

It still doesn't mean you trade Derek Fisher, heart of the team, to save $3.4 million and a few million more in luxury tax savings. Some guys really should just be untouchable, even as their minutes decrease to nil. Derek Fisher should have been one of those guys.

тоа кажува СЕ !!!

Не очекувам ништо посебно од Хил, ќе биде замена за Гасол, но мислам дека ќе биде полоша опција дури и од МекРобертс... ќе видиме.

За Сешнс сум презадоволен, зделката беше одлична, сеа му е шансата да се покаже, ќе биде желен за игра. На крило останавме со Светомир и Барнс. Овој вториов неможам да го гледам, ќе треба да се крстиме Пис да игра добро бар на важните утакмици ко до сеа. Глеам и Конгоанецов бил SF/SG, може ќе се проба и со него.

Сума сумарум, освен што добивме добар плеј, ништо друго не се промени. Бизли ќе беше премија и ќе имавме шанси за далеку да гураме. Она што е можеби и најлошо е што немаме 6th man, неаме таков добар играч на клупата кој може да „сврти“.

but we are LA... we're not givin up!


!!!

п.с. читам шпекулацииве за Фил и Никс... не би сакал Зенот да го видам со камбек у друг тим... (n)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Одом и Фишер.......претерано многу ми е жал за играчиве што си отидоа, па уште кога ќе сфатиш дека си отишле за ништо.....
:cuc::cuc::cuc:
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Не е за ништо, Мич во интервјуто кажа дека на Браун ќе му било тешко да избира помеѓу тројца плејмејкери, а еден од нив е емоционалниот лидер во тимот. Ова заминување ќе му помогне на Сешнс да добие повеќе минути и да се адаптира побрзо. Сурова реалност, тоа ти е.

П.С Ах, да загризаше Нетс за Дерон, ама ајде, ќе видиме како ќе игра.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Абе не е за ништо, за пари е. :)

Сешнс ќе играше и со Фиш у тимот, а Фиш ќе беше оној 6th man кој ни е потребен, искусен играч кој моеш да го ставиш у напад у тесни утакмици.

Вака е само за пари, ем се ослободија од тие 3 милиони за наредната сезона, ем на Хил му истекува договорот летово... не верувам дека ќе го задржат освен ако не изигра многу јако остатоков од сезонава, а пишав, не верувам да направи такво нешто... Aли бизнис, јебига...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.968
Поени од реакции
34.335
Дерек Фишер, петкратен шампион и батка со железни мадиња.​
Фала ти за се...​
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.968
Поени од реакции
34.335
Што е тука е.

Педерски се испонаша управата кон Фишер со овој потег. Хил нема многу да игра во овој состав на ЛА (се надевам дека грешам) а во плејофот Фиш ќе фали многу. Момакот беше како втор тренер и тоа на подиумот. Кобе не го слуша никој друг освен Фиш (кога ќе влезе во шутерски филм итн).


Сепак добри потези беа ослободувањето од Валтон и Капоно. Уште не ми се верува дека некој воопшто ги зема па уште и дека за нив го дадоа Рамон Сешнс!

Се на се, далку подобро одколку што беше до сега. А дали доволно добро... тоа ќе видиме во јуни.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.968
Поени од реакции
34.335
Лук е омилена мета за шеги, посебно со преголемата плата за 3-4години клупа греење... :)

Сепак да не заборавиме дека момакот има солиден придонес за првата серија титули (со Шекил).
Солиден рол-плејер си беше на времето, добар додавач на топки беше, добро ја читаше противничката одбрана и одлично се вклопува во триаголник нападот. Фил Џексон лично се залагаше за да се направи последниот договор со Лук Валтон, но тогаш му се случија серија повреди и толку од него... ја грееше клупата неколку сезони по ред за убави пари.

Шегите се смешни ама сепак... Лук Валтон, важен дел од неколку титули на ЛА. Фала ти Лук и со среќа.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Da te popravam "Kobe Bryant" :) Inace mene ne mi se svigjaat ic, ne mi se ni svigjale ic, ne gi sakam uste koga gi tepaa Sacramento vo Play Off sekad. :(
Moe mislenje e deka Kobe treba da si ide u drug tim kade sto ke ima nekoj kako nego (slicen) nadprosecen igrac da ne pravi sVe sam.
Коби е пријателе , само за во Сакраменто , евентуално Оклахома !!! :))) не мислам затоашто тие 2 3 тима се меѓу првите ... туку зборувам општо бидејќи има нови генерации на НБА играчи ... се сложувам со тебе дека Коби заслужува многу повеќе БИДЕЈЌИ многу приметливо е дека не се снаоѓа баш меѓу овие нови генерации играчи ( додека постарите се пензионираа веќе , како на пример О'Нил ... тие 2-ца беа дуо фантастико ) али јбг ... :)))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom