Фан клуб : Лина Ѓорческа

Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
... секогаш е обратно, да не се враќам на постовите кога губи Лина, не е „наша“, а ако победи...аааааа наша е таа, напред! наместо да се бодри кога губи, оти ова е спорт и не секогаш победува најдобриот, па потоа ќе советуваме тука да се вработи во „Веро“ да го остави тенисот имала нокти или и пораснале цицките!
... сама се труди, без помош од државата со подршка САМО од родителите и затоа за мене ќе биде намбар уан, било да губи или да победи !
....напред Лина!
Тоа е така. Ама мајтап на страна, женски спортист кој работи со реквизити да има долги нокти е малце безвеза и несериозно. Покажува дека изгледот и добриот провод и се поважни од самата игра.
Тежок е секој спорт дури и со спонзори, посебно во поединечни спортови каде се зависи од тебе и треба сериозно да се сфати.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Тоа е така. Ама мајтап на страна, женски спортист кој работи со реквизити да има долги нокти е малце безвеза и несериозно. Покажува дека изгледот и добриот провод и се поважни од самата игра.Тежок е секој спорт дури и со спонзори, посебно во поединечни спортови каде се зависи од тебе и треба сериозно да се сфати.
... се сложувам со тебе, порано самиот спорт не ти дозволуваше долги нокти, но денес ноктите се вештачки се лепат по потреба и се одлепуваат и во ред е да тоа го приметиш како негативно, но не ми се допаѓа воопшто твојот заклучок „ дека тоа значи добар провод“ не само за Лина туку воопшто за сите жени, што по твоја логика тие што немаат т.е. не лепат долги нокти не се по „проводот“ ? тука се лажеш и имаш погрешен параметар на „невиност“ кон женскиот пол да не биде некогаш тоа пресудно кај тебе во избор или мислење за женско!... па каде ја најде Лина кога дури не ја познаваш, а такви заклучоци донесуваш? девојчето толку е посветено на спортот, што ниту има „вечерен живот“ ниту пак дечко на овие години што е загрижувачки колку е посветена на тенисот!
Прегледај го приврзокот 207769
пуштила долги нокти, тенис ќе игра. на оваа поважно и е како изгледа неголи дали добро игра.
... еве да ти покажам што значи „долги нокти“ !

1575205182205.png 1575206205942.png 1575206233189.png

... ноктите на нашата Лина !

1575206823414.png

1575206780350.png

1575206384333.png


1575205349157.png 1575205438113.png 1575205706673.png

... ноктите на „ НЕКОЈА просечна„ тенисерка ....или ?

1575205507275.png

1575205550271.png

1575205595863.png

... дури и часовникот има значење сигурна сум инаку што ќе им е толкава тежина на рака ? еве и една препоставка можеби логична, кога имаме презаморување на мускулите на раката и појава на тремор често е препорачано да се носат некои тежински нешта на таа рака при што треморот при самата активност на мускулот исчезнува, нели многу потребно при долгите тешки сетови во тенисот!
... исто и со ноктите, можеби токму нивната должина дава „вештачка елеганција“ при држење на тенискиот рекет, т.е. поинаку внимава тенисерката во држењето? можеби има улога не велам не, истото е кога жена оди како шатка кога на нозе има чевли балетанки, ама ако се поткачи на штикла од 6,7 цм самата висина ја прави малку повеќе елегантна жената во нејзиниот чекор, велам малку повеќе оти ако го нема она природното во неа пак ќе си биде смешна! :)
... заклучок? ако сака Лина да биде добра како Серена, треба уште малку подолги вештачки нокти да залепи пред натреварот за да го држи можеби подобро рекетот ;)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Победа од 2-1 во сетови во финалето

Најверојатно ова ќе биде последен турнир за Лина во 2019.

Послаби турнири беа и овој и тој од претходната недела, што е добро да се знае дека сепак е подобра од официјалната ВТА позиција.
Уште да почне добро да игран а појаките турнири фали...

Ова беше тапа година поради повредата што ја имаше лани, па затоа нема ни меѓу топ 400 тенисерки да заврши на крај на годината.

Оваа година стигна до три финалиња од кои доби две а изгуби едно.

Во дубл имаше многу подобра година и меѓу првите 225 тенисерки ќе заврши.

Малку повеќе да се уозбили со дубл ќе игра на Гренслем турнири, ама тоа е.

Играше 7 финалиња во дубл од кои освои 5 а изгуби 2.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Уште да почне добро да игра на појаките турнири фали...
... па што не и помогнеш малку, да учествува на појаки турнири за да добие повеќе искуство, па да игра подобро? :love:
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
... се сложувам со тебе, порано самиот спорт не ти дозволуваше долги нокти, но денес ноктите се вештачки се лепат по потреба и се одлепуваат и во ред е да тоа го приметиш како негативно, но не ми се допаѓа воопшто твојот заклучок „ дека тоа значи добар провод“ не само за Лина туку воопшто за сите жени, што по твоја логика тие што немаат т.е. не лепат долги нокти не се по „проводот“ ? тука се лажеш и имаш погрешен параметар на „невиност“ кон женскиот пол да не биде некогаш тоа пресудно кај тебе во избор или мислење за женско!... па каде ја најде Лина кога дури не ја познаваш, а такви заклучоци донесуваш? девојчето толку е посветено на спортот, што ниту има „вечерен живот“ ниту пак дечко на овие години што е загрижувачки колку е посветена на тенисот!

... еве да ти покажам што значи „долги нокти“ !

Прегледај го приврзокот 223937 Прегледај го приврзокот 223947 Прегледај го приврзокот 223948

... ноктите на нашата Лина !

Прегледај го приврзокот 223953

Прегледај го приврзокот 223952

Прегледај го приврзокот 223950


Прегледај го приврзокот 223938 Прегледај го приврзокот 223939 Прегледај го приврзокот 223944

... ноктите на „ НЕКОЈА просечна„ тенисерка ....или ?

Прегледај го приврзокот 223940

Прегледај го приврзокот 223941

Прегледај го приврзокот 223942

... дури и часовникот има значење сигурна сум инаку што ќе им е толкава тежина на рака ? еве и една препоставка можеби логична, кога имаме презаморување на мускулите на раката и појава на тремор често е препорачано да се носат некои тежински нешта на таа рака при што треморот при самата активност на мускулот исчезнува, нели многу потребно при долгите тешки сетови во тенисот!
... исто и со ноктите, можеби токму нивната должина дава „вештачка елеганција“ при држење на тенискиот рекет, т.е. поинаку внимава тенисерката во држењето? можеби има улога не велам не, истото е кога жена оди како шатка кога на нозе има чевли балетанки, ама ако се поткачи на штикла од 6,7 цм самата висина ја прави малку повеќе елегантна жената во нејзиниот чекор, велам малку повеќе оти ако го нема она природното во неа пак ќе си биде смешна! :)
... заклучок? ако сака Лина да биде добра како Серена, треба уште малку подолги вештачки нокти да залепи пред натреварот за да го држи можеби подобро рекетот ;)
остај ти таа кравата америчка, за таа некој ден ќе откријат дека е на стероиди 100%.
поголеми мускули има и од машките тенисери

Да не одиме оффтопик нека си тера момето, нека множи победи. Значаен ли бил турнирот или не, не е важно, секој натпревар е искуство.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
2020 ја започна со турнир во Германија каде во првото коло ја победи французинката Бурел 2-1

Во следното коло ќе игра против петтата носителка Гарланд
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Денеска уверлив пораз од 6-2;6-3

За жал не игра на дубл овој турнир, иако очигледно е дека иднина во кариерата може да бара само во дубл
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Оваа недела на турнир во Словачка

Требаше да игра квалификации и доби два меча без изгубен сет

На главниот турнир ќе игра против унгарката Јани која е четврта носителка и апсолутен фаворит

Во дубл се први носителки со Кроманчева и денеска победија во 2 сета.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Е па кој би рекол, победа од 6-3 и 6-1 на Лина

во следно коло ќе игра со Морвајова од Словачка
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
После изгубениот прв сет, ги доби следните 2 во сингл.

Утре во 1/4 финалето во сингл ќе игра против романката Каданцу

Во дубл победа од 2-0
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Победа во сингл од 2-0, а во дубл се повлекоа пред мечот :(
Утре во сингл игра 1/2 финале со Ковал oд Русија која е голем талент и преку квалификациите стигна до тука со само 1 изгубен сет, а ги победи Вера Звонарева и Кучова (втора носителка) со 2-0 во сетови
Автоматски споено мислење:

Иначе рандом, колку добар успех имаше Лина пред пар години говори и фактот што за Лина пак да дојде до тој ранкинг и до тоа да игра квалификации за Грен Слем турнири ќе треба да освои уште 7-8 турнири како овој во Словачка

А за овој турнир играше квалификации.
Во превод....шансите пак дека ќе игра сингл квалфиикации за ГС се ептен ептен мали :D
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Победа од 6-2 и 6-3

Во финалето ќе игра со русинката Софија Лансере која има 19 години и денеска во 1/2 финалето победи 2-1 во сетови (12-10 во тајбрјекот во третиот сет)

Русинката иначе ја елиминираше Кроманчева во 1/4 финалето т.е. Кроманчева се повреди и затоа Лина во дубл не можеѓе да игра поради повредата на Кроманчева.

До сега на турниров Лансере одигра 4 тајбрејка а доби 3

Интересен меч би требало да биде финалето за ЛИна
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
Оваа недела игра на турнир во Русија. Само во сингл, а не во дубл

Победа во прво коло 2-0
 

Kajgana Shop

На врв Bottom