Фан клуб : Лина Ѓорческа

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Во сингл....а што друго, лаган пораз 6-2;6-3.


Сепак, Лина докажува дека е сосема солидна дубл плесачица со победата од 2-1 денеска против вторите носителки и тоа првиот добиен сет беше 6-0

Во 1/2 финалето ќе играат против Руското дуо - Ласкутова/Мелинкова кои се четврти носителки и до сега немаат изгубено сет на турниров.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Оваа недела ќе игра на турнир во Германија. И тоа посолиден турнир од овие другиве што ги играше во последно време.

Во дубл се враќа со the OG партнерката - Кристина Дину од Романија каде што во првото коло ќе играат против германки со Вајлд Карта.
Ако го добијат тој меч ќе се сретнат со четвртите носителки исто како и минатата недела (кои тогаш беа втори носителки и Лина ги победи 2-1 во сетови)

Во сингл конкуренција ќе игра против србинката Олга Даниловиќ. Олга е неверојатен талент на српскиот тенис, има 18 години и веќе има освоено една ВТА титула.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
На изненадување на сите најверојатно никој резултаите од првото коло се следни:

Пораз во сингл 6-2; 6-3
Победа во дубл 6-4; 6-1 - следен меч во четврток
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Сепак изненадување имаше во првото коло, па наместо против носителките, во ова коло играа со Фетекау и Кенел.

Во интересен меч Лина и Дину победија 6-4; 2-6; 10-8.

Потенцијален противник во првото коло се првите носителки на турниров
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Победа во 1/2 финалето!


Во решавачкиот сет имаа водство од 6-2, го изгубија, па спасуваа меч топки на крај..


Па дури и пропуштија меч топка на свој сервис во еден момент...

Ама на крај победа во напнат супер-сет од 13-11, откако го изгубија првиот сет на мечот 6-3.


Во финалето ќе играат или против вторите или против третите носителки

Како и да е, успех е и влезот во финалето.


За Лина ова ќе биде дури шестто дубл финале во 2019, а во досегашните 5 финалиња оваа сезона има 3 победи и 2 пораза, Еден од тие два пораза беше кога играше со Дину во Анталија во Март.
Автоматски споено мислење:

Брееј Олга Даниловиќ каква тенисерка е само :cuc:

Во финалето Лина ќе игра пак против неа и нејзината партнерка од Шпанија - Гарсиа Перез.

Овие две се втори носителки и победија денеска во 1/2 финалето против третите носителки лагано со 6-1 и 6-2

Олга ќе игра и во финалето во сигнл конкуренција исто.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Е па....

ТИТУЛА :vozbud:

После изгубен прв сет од 4-6, Лина и Дину победија со 7-5 и 10-7!


Олга и финалето во сингл го изгуби иначе од Барбара Хаас

Ова е четврта титула за Лина во дубл оваа година.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
И сега кога предиграта наречена УС Опен е завршена, време е да спамам во оваа тема :vozbud:

Лина ќе игра во Чешка оваа недела.

Во првото коло ќе игра со романката Ене.
Веќе играа еднаш оваа година и Лина победи 2-0.

Во дубл ќе ги шириме добрососедските односи со нажиот тужен сосед и партнерка на Лина ќе биде Граматикопулу.
Лина и Валентини (полесно и е името за пишување) се први носителки и ќе го скокнат првото коло и директно ќе играат во 1/4 финалето
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Победа од 6-4;6-4 против Ене

Во следното коло во сингл најверојатно ќе игра против третата носителка - Горгодзе од Грузија

Во второто коло во дубл ќе игра против холандското-алжирско дуо од Хусак/Ибу
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Лина Дублерката логично изгуби во сингл.

Го освои првиот сет 6-3, па изгуби 3-6 и 3-6

Но во дубл стигна до победа од 6-4 и 6-4.

Утре ќе игра 1/2 финале во дубл против четвртите носителки на турнирот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom