Оваа недела ќе игра на турнир во Германија. И тоа посолиден турнир од овие другиве што ги играше во последно време.
Во дубл се враќа со the OG партнерката - Кристина Дину од Романија каде што во првото коло ќе играат против германки со Вајлд Карта.
Ако го добијат тој меч ќе се сретнат со четвртите носителки исто како и минатата недела (кои тогаш беа втори носителки и Лина ги победи 2-1 во сетови)
Во сингл конкуренција ќе игра против србинката Олга Даниловиќ. Олга е неверојатен талент на српскиот тенис, има 18 години и веќе има освоено една ВТА титула.
Во решавачкиот сет имаа водство од 6-2, го изгубија, па спасуваа меч топки на крај..
Па дури и пропуштија меч топка на свој сервис во еден момент...
Ама на крај победа во напнат супер-сет од 13-11, откако го изгубија првиот сет на мечот 6-3.
Во финалето ќе играат или против вторите или против третите носителки
Како и да е, успех е и влезот во финалето.
За Лина ова ќе биде дури шестто дубл финале во 2019, а во досегашните 5 финалиња оваа сезона има 3 победи и 2 пораза, Еден од тие два пораза беше кога играше со Дину во Анталија во Март.
Автоматски споено мислење:
Брееј Олга Даниловиќ каква тенисерка е само
Во финалето Лина ќе игра пак против неа и нејзината партнерка од Шпанија - Гарсиа Перез.
Овие две се втори носителки и победија денеска во 1/2 финалето против третите носителки лагано со 6-1 и 6-2
Олга ќе игра и во финалето во сигнл конкуренција исто.
И сега кога предиграта наречена УС Опен е завршена, време е да спамам во оваа тема
Лина ќе игра во Чешка оваа недела.
Во првото коло ќе игра со романката Ене.
Веќе играа еднаш оваа година и Лина победи 2-0.
Во дубл ќе ги шириме добрососедските односи со нажиот тужен сосед и партнерка на Лина ќе биде Граматикопулу.
Лина и Валентини (полесно и е името за пишување) се први носителки и ќе го скокнат првото коло и директно ќе играат во 1/4 финалето
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.