Фан клуб : Лина Ѓорческа

Член од
7 септември 2016
Мислења
20.996
Поени од реакции
36.771
цитат:

Lina-Gjorceska-Letonija-2023.jpg

„...Најдобрата македонска тенисерка во моментов, Лина Ѓорческа, обезбеди пласман во четврт-финалето на фјучерс-турнирот во Рим што се игра за награден фонд од 60.000 долари, откако денеска ја совлада Жибек Куламбајева (Казахстан) со 4-6, 6-2, 6-3 по сетови.

Двете тенисерки имаа проблеми со освојување гемови на свој сервис, па така од 27 гема имаше дури 16 брејка (9 за Ѓорческа и 7 за Куламбајева), во меч кој траеше нешто повеќе од два часа.

lina-Gjorceska-Letonija-2023-1.jpg

Првиот сет почна добро за Лина, која поведе со 2-0, но брзо ја изгуби предноста бидејќи противничката имаше серија од четири гема. Ѓорческа изедначи на 4-4, но тенисерката од Казахстан ги освои следните два гема и го доби сетот со 6-4. И во вториот сет резултатот беше 2-2 во гемови, но потоа следуваше серија од четири гема за Ѓорческа која го доби сетот со 6:2 и изедначи на 1-1. Решавачкиот сет почна со водство на Куламбајева од 1-0 со брејк, но македонската тенисерка не дозволи противничката да се „одлепи“ и по 3-3 направи серија од три гема и го доби сетот со 6-3 и со тоа и мечот со 2:1 во сетови.

Screenshot_21.jpg

Македонката утре за пласман меѓу ќетирите најдобри ќе игра со победничката од мечот Далила Спитери (Италија) и Сеоне Мендез (Австралија)....“ затворен цитат.

ice_screenshot_20230714-183749.jpeg

:oeoeoe:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.320
Поени од реакции
85.151
Конечно влегува во златните денови на нејзината кариера, да се надеваме барем 2-3 години ќе и потрае пиков и нема одма да падне.

Оваа година игра многу подобро и се гледа дека и искуството си го прави своето.

Ќе изгуби ептен поени за некоја недела, ама затоа освои ептен битен турнир пред некоја недела.

Ќе игра на уште неколку турнири до крајов на годинава, а ако продолжи како што игра годинава, постои многу веројатна шанса дека за прв пат после Август 2018 ќе се врати на квалификациите за Грен Слем турнирите.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.320
Поени од реакции
85.151
9/10 луѓе не можат да погодат која е подобро пласираната тенисерка, дали си ти среќникот што ќе погоди?

1710767406893.png 1710767416036.png

hehehe
1710767481239.png
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.996
Поени од реакции
36.771
28080389925_154e120086_z.jpg 28002891131_b0ac5d25e9_b.jpg

... Лина Ѓорческа на W75 турнирот во Копер, Словенија откако со само пет загубени гејма ја победи Романката Anca Alexia Todoni која е шеста носителка на турнирот или 191 место на ВТА листата, (која е триесет места подоброрангирана на ВТА листата),

Screenshot 04-18-2024 16.25.04.png Screenshot 04-18-2024 16.26.34.png

Screenshot 04-18-2024 16.25.55.png Screenshot 04-18-2024 16.26.55.png

...Лина Ѓорческа беше многу подобра добивајќи го првиот сет со 6-4, а во вториот со 6-1, мечот траеl еден час и 40 минути.

Screenshot 04-18-2024 16.26.19.png

... во второто коло (осминафиналето) Ѓорческа ќе игра против Италијанката Дебора Киеза, која во првото коло во два сета ја победи Шпанката Маристани,

Screenshot 04-18-2024 16.54.26.png

...иако Лина подобро котирала сепак предвидувањата не се исполнија и го изгубила мечот со 2:0 против Дебора.

Screenshot 04-18-2024 16.57.27.png
Screenshot 04-18-2024 16.55.59.png
Screenshot 04-18-2024 16.53.20.png
Screenshot 04-18-2024 16.56.18.png
Screenshot 04-18-2024 17.09.29.png

:oeoeoe: Линаааа Линааа, македонско девојче, самото твое учество е твоја победа и за Македонија!!
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.916
Поени од реакции
8.057
rezultati.com нема ваква архива од слики
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.974
Поени од реакции
2.908
Калин го снема од мапа, а доста беше надежен па да се крстиме во Лина. Како бе само ние како држава не можеме да извадиме добар тенисер да му се радуваме на успеси и да го гледаме на големи турнири.

Утре ќе биде вистински тест на нејзината форма и доколку ја добие Словенката Ерјавец до крај на година оди до топ100. Моментално игра многу добар тенис и ако задржи форма и ваква игра не е голема разликата во квалитет за да конечно се пробие до топ 100 ранг листа и да ја гледаме на УС опен. :love::oeoeoe:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.996
Поени од реакции
36.771
imagesee.jpg

... најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од 20ти мај ќе биде дел од квалификациите на Ролан Гарос по втор пат учество на Грандслем турнирот во Париз, по првиот нејзин настап во 2017 година, осмо учество во квалификациите на еден Грандслем турнир, а оваа година второ по настапот на Австралија Опен во Мелбурн, најмногу настапи има на УС Опен во Њујорк.

lina-gjorcheska-2.jpg

...дали Македонија и' помага во финасински средства ова спортиска која ја преставува Македонија или патува со сопствени средства, прашање е до спортските институции!??

maxresdefault.jpg

... изминативе недели имаше одлична игра на Челинџер турнирот во Леида (Шпанија) и на ИТФ турнирите во Копер (Словеија) и Трнава (Словачка), а и како дел од репрезентацијата на натпреварувањето во Били Џин Кинг Купот во Литванија.

14705692_1093529544058072_8106781779305499887_n.jpg

...инаку Лина има завидно тело и како спортиска и како женска фина! :love:


14610952_1093529477391412_5454881089023286361_n.jpg

...напред Лина :oeoeoe:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.996
Поени од реакции
36.771
Најдобрата македонска тенисерка Лина, обезбеди финале


230860-gjorcheska-obezbedi-chetvrtfinale-vo-rim-protivnichkata-go-predade-mechot-vo-vtoriot-se...jpg



... второто финале во 2024 година за Лина (во март играла во Ларнака, Кипар), а вкупно 35.то во кариерата и има 13.титули, ова е финале на турнир со најголем награден фонд на кој ќе игра – 75.000 долари,
... мечот траел 102 минути, Лина со 6 ас сервиси, а Марчинко само 1, а двојните сервис грешки намалени 4 за Лина, а 14 за хрватската тенисерка, во вкупниот број на поени скорот беше 102:81 за Лина, а во вториот и третиот сет 62:36.


lina-gjorceska.jpg
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.974
Поени од реакции
2.908
Дали ова го сподели тука откако Лина изгуби во финалето или мене временскава зона ме има збунето? :D Лина уште вчера сабајле обезбеди финале откако со пресврт ја совлада Хрватицата и со обезбеденото финале на ранг листа би требала да скокне барем 15 позиции. Се надевав дека може да го освои турниров и ќе имаше добар скок како и на ранг листа така и нејзината самодоверба и да влезе топ200 и да се задржи колку толку и не израдува малку знаејќи колку сме најутепани во тенисот ама повеќе среќа следен турнир. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.996
Поени од реакции
36.771
Дали ова го сподели тука откако Лина изгуби во финалето или мене временскава зона ме има збунето? :D Лина уште вчера сабајле обезбеди финале откако со пресврт ја совлада Хрватицата и со обезбеденото финале на ранг листа би требала да скокне барем 15 позиции. Се надевав дека може да го освои турниров и ќе имаше добар скок како и на ранг листа така и нејзината самодоверба и да влезе топ200 и да се задржи колку толку и не израдува малку знаејќи колку сме најутепани во тенисот ама повеќе среќа следен турнир. :)
... постот ми беше спремен и го пуштив временски кога го пуштив, ако изгуби во финале требаше да споделиш во мој продолжеток, не сум на терен па да инфорирам од прва рака, јас само онака информативно колку да биде активна страницата, зошто никој не и' посветува внимание, ниту тука, а камо на социјални мрежи, а најмалку на ТВ, а заслужува внимание, се бори самата и тоа е за поздравување!

Screenshot 07-15-2024 12.56.29.png Screenshot 07-15-2024 13.44.09.png

Screenshot 07-15-2024 12.57.19.png Screenshot 07-15-2024 13.43.10.png

 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.996
Поени од реакции
36.771
246261068_10228283106761815_230784299515213442_n.jpg 893140_10201051674953039_914571761_o.jpg

...македонската Лина Ѓорческа на ИТФ фјучерсот во Порто Португалија, кој бил со награден фонд од 60 илјади долари,

Screenshot 07-18-2024 13.38.58.png

го започнала со победа победувајќи ја тенисерка Карла Томаи за 37 минути со 2-0 губејќи само еден гем (6-0, 6-1).


Screenshot 07-18-2024 13.41.07.png Screenshot 07-18-2024 13.41.44.png

...следниот меч на нашата Лина (WTA 222)ќе биде против четвртата носителка годишна Маја Џоинт 18 годишна (WTA 161) од Австралија која во првото коло ја совладала Матилде Жорге од Португалија.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.320
Поени од реакции
85.151
Игра неделава на солиден турнир и еве стигна до 1/2 финале во Португалија.
Кристина Младеновиќ (да, таа, французинката со пар 1/4 финалиња на ГС и неколку дубл ГС титули) ќе и биде следен противник

Без разлика како ќе заврши резултатов ќе биде меѓу топ 200 тенисерки во светот на следниот апдејт

Би било добро овие, најдобри години во кариерата да ги круниса со настап на ГС или барем некако да се погоди совршена бура да стигне до победа-две на посериозни турнири...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom