dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.412
- Поени од реакции
- 85.364
Оваа екипа е создадена во 1884 (а не во 2015 како што мислат некои) со име Leicesster Fosse. Но подоцна бидејќи Фросе - Illumious се бунела морале да се преименуваат во Лестер Сити.
И покрај тоа што многу луѓе го нарекуваат овој тим Леичестер/Лечестер/Лејчестер/А бе ајде кога ќе изгубат/Лечстер/ сепак оригиналното име на овој тим се изговара како ЛЕСТЕР СИТИ.
Лестер е тим со многу подеми и падови, но ниеден подем не е се граничи со нивниот моментален пласман во ЕПЛ каде што се први на табелата после 31 одигран натпревар. Тие влегоа во Премиер Лигата во 2014 како шампиони во Чемпионшип. А овој нивен пласман дојде само една година после неверојатниот пораз во 95тата минута против Ватфорд на Џанфранко Ѕола кој што не само што одбрани пенал туку и постигна погодоток за елиминација на Лисиците од Чемпионшип плејофот. Но старите рекле кој чека ќе дочека, па така и милионите македонски фанови на Лестер во Македонија дочекаа да ги видат нивните Лисици во најквалитетното англиско натпреварување. (не)Очекувано тие во првата сезона не се снајдоа баш најдобро и после 29 натпревари имаа само 19 поени. Но некој очигледно им фрлил магија на Лестер. Па лисиците маестрално со 7 победи во 9 меча стигнаа до опстанок во Премиер Лигата. Но тој скор очигледно беше само загревање за тоа што ќе се случи во следната сезона.
(Kлаудио Раниери покажува уште колку дела и фалат на Македонија за да биде цела)
Амбициите на Лестер за следната сезона стана јасни кога за свој нов тренер го назначија човекот кој што во животот нема освоено титула во прва лига а неговата последна работа беше одбележена со пораз од ФАКИНГ САН МАРИНО. Тие ја почнаа лигата фуриозно. Во кој што главна ѕвезда беше херојот на просечниот англичанец - Џејми Варди. Варди не можеше да биде варден од противничките противници и успеа во еден период да сврзе 13 погодоци на 11 меча по ред. Варди поддржан од играчи како Махрез и Канте ги донесе фановите на Лестер во екстаза и му донесе на клубот прво место после 31 меч во Премиер лигата, милиони симпатии низ целиот свет, многу пари (изгубени и добиени) на коцкарите низ целиот свет а dragonsky доби уште некој партнер во "фан клуб:Раниери".
Распоред до крај:
ЛЕСТЕР - Саутемптон
Сандерленд - ЛЕСТЕР
ЛЕСТЕР - Вест Хем
ЛЕСТЕР - Свонси
Манчестер Јунајтед - ЛЕСТЕР
ЛЕСТЕР - Евертон
Челзи - ЛЕСТЕР
Дали Раниери ќе слави титула на Стемфорд Бриџ? Дали Тотенхем и Арсенал ќе кикснат повеќе пати од Лестер во остатокот на сезоната? Дали Лестер ќе искористи тоа што игра во лига со Челзи "На прав пат сме хехе" ФК, Манчестер "Овој тренер е вистинскиот сто посто!" Јунајтед, Арсенал "Не мора титула шо ќе ни е" ФК, Тотенхем "Трошиме пари и пак не не бива" Хотспарс и Ливерпул "Следната е наша" ФК? Дали Махрез и Варди ќе продолжат да бидат најдобро дуо после Бони и Клајд, Селимова-Желчевски и Силви Бенд? Дали притисокот ќе им биде преголем?
Останете со натпреварите на Премиер Лигата за да дознаете! :')