Фан клуб: Кожуф

Член од
28 ноември 2011
Мислења
122
Поени од реакции
101
Каде може да се виде распоредот на 1лига и 2ра? никаде до овој момнет не најдов за тоа
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Член од
16 април 2009
Мислења
112
Поени од реакции
28
Победа на Кожув на турнирот во Солун! Во финалето бевме подобри од Ираклис со 82-77! Статистика од натпреварот против Ираклис: Милан Јанушевиќ 19 поени и 4 скока, Филип Шепа 18 поени и 2 скока, Драшко Албијаниќ 10 поени и 5 скока и 2 асистенции, Ефтим Богоев 9 поени, 2 скока и 4 асистенции, Владимир Брчков 7 поени и 6 скока, Миладин Пековиќ 7 поени, 5 скока и 3 асистенции, Владимир Ивелја 7 поени и 2 скок, Златко Гоцевски 5 поени,3 скока и 2 асистенции, Апостоли Апостолов 2 скока, Никола Кораќ 4 асистенции додека Јован Николов и Марјан Јованов не влегоа во игра.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.234
Циклонот “Талија” го донесе Луковиќ во Гевгелија

14.09.2014 година, денес и официјално на наше големо задоволство Урош Луковиќ стана дел од КК Кожув. Овој искусен интернационалец во минатата сезона во дресот на Куманово беше прв стрелец во македонската лига и еден од водечките скокачи како во домашното првенство, така и во балканската лига.

Кошаркарскиот клуб Кожув и навивачката група Фантоми му посакуваат добредојде во новата средина
 
Член од
16 април 2009
Мислења
112
Поени од реакции
28
Кожув - МЗТ 36-33 полувреме[DOUBLEPOST=1410890062][/DOUBLEPOST]77-74 победа[DOUBLEPOST=1410896549][/DOUBLEPOST]Статистика од натпреварот против МЗТ Скопје: Милан Јанушевиќ 13 поени и 5 скока, Драшко Албијаниќ 13 поени и 3 скока, Миладин Пековиќ 9 поени, 4 скока, 2 асистенции и 2 украдени топки, Никола Кораќ 9 поени, 4 скока и 4 асистенции, Урош Луковиќ 8 поени, 6 скока и 2 блокади, Владимир Брчков 7 поени и 2 украдени топки, Ефтим Богоев 6 поени и 2 асистенции, Филип Шепа 5 поени, 3 скока и 2 асистенции, Владимир Ивелја 5 поени, Златко Гоцевски 2 поени и 2 скока, Дејан Делев и Апостоли Апостолов не влегоа во игра.
 
Последно уредено:

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.206
Поени од реакции
6.562
Колку странци имате? :confused:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.234
Ичелиќ: Да броиме победи кои се „официјални“!



Во секој случај, добро е што бележиме победи во овој период на подготовките. Но, за мене е многу поважно да бидеме добри и да победуваме кога тоа ќе дава бодови“- вели српскиот стручњак и еден од многуте нови ликови во клубот од Гевгелија.

Осум контролни средби и шеста победа. Веројатно и најважна, макар и во пријателски натпревар е онаа на Кожув против екипата на МЗТ Скопје. Иако тесна, а според првиот тренер на гевгеличани, извојувана со доста грешки, сепак, е доста важна за тимот, за клубот кој влегува со уште поголеми амбиции во однос на претходните сезони.
Секако, прво на радост на стручниот тим, секако и оној играчкиот. Но, како и да е, Марко Ичелиќ, кој оваа сезона ќе ги води гевгелиските „црвено-бели“, има причини да биде задоволен.
„Искрено кажано, драго ми е што победивме, но јас не гледам во делот во кој се бројат победите туку многу повеќе како сме стигнале до тие успеси. Не бевме толку добри како што кажува резултатот. Доста грешевме и сигурно е дека тука има уште што да се поправи во наредните денови кои се пред нас“ - вели младиот стручњак на кормилото на Кожув само ден откако го совладаа и МЗТ Скопје (77:74) во еден контролен меч, кој за српскиот тренер и не значи премногу, секако, од резултатски аспект.
„Добро е да броиме победи, но уште подобро и, секако, поважно е да броиме победи кои се водат како официјални. Во суштина ова не значи ништо, освен продолжението на серијата успешни резултати во периодот на подготовките. Свесен сум и јас дека сето ова во Гевгелија е доста ново. Нов тим, нов тренер за кој има голем простор за напредување, и на кои им треба време да го поставиме она што го замислуваме и се обидуваме да го направиме за време на тренинзите. Реално, добро држиме во одбрана, која во овој момент функционира подобро во однос на нападот, но и тоа е разбирливо, има многу нови играчи кои треба да се вклопат во офанзивниот систем. Затоа и играме голем број вакви натпревари низ кои ја бараме играта која сакаме да ја поставиме во сезоната која е пред нас“- дополнува Ичелиќ.

http://www.sport.com.mk/default.asp?ItemID=4B4FBA3C280101409AF71B6901DFE868
 

Kajgana Shop

На врв Bottom