Убава игра, Цвијиќ е животно! Освен Џокиќ немал Вардар до сега волку добар пивот.
Сабајле на ticketplus немаше повеќе од 2500 карти во продажба. Во сала денеска немаше повеќе од 2000 луѓе вкупно, со редарите и навивачите на ФТЦ. Каде се уште тие 2000 кои според ticketplus беа продадени? Стварно не ми е јасно. Сезонски карти ли се тоа? Па неможе никој да ме убеди дека просечен македонец кој дал минимум 2 илјадарки за сезонска карта нема да сака да си ги искористи максимално парите и да отиде на се што може.
Да се надоврзам на темата погоре помеѓу Xsago и Bobi FCB. Kлубот (во овој случај ЖРК Вардар) сноси огромен дел од вината за малиот број на публика. Во неколку реченици:
1. ЖРК Вардар не е клуб со некаква си традиција и успеси пред доаѓањето на Сергеј, ниту во локални (македонски) услови, a да не правиме муабет за европски услови како што тоа се Ѓер, Ференцварош, Виборг итн. Па и еден ФК Вардар кој за наши услови е стварно бренд не успеа да собере повеќе од 15 илјади луѓе на градски во својот прв историски настап во ЛЕ! Аналогно на ова, навиките за одење во сала и создавање на фан база се нешто на кое клубот треба да работи 24/7. Очигледно е дека ниската цена на картите не е доволно за да привлече луѓе. Постоеше Вардар ТВ, емисии излегуваа редовно и на ТВ и на јутјуб. Каде е, зошто прекинаа? И мажите до пред некоја сезона и жените одеа по основни училишта, делеа карти, се сликаа со деца. Исти вакви акции имаше и во сити мол и во ГТЦ. Последниве сезона, две немало ниту една таква акција. Епа кога спортски брендови како Барселона, Реал и сл. кои имаат милиони навивачи низ целиот свет фрлаат грдна пара на маркетинг, не може македонски женски ракометен клуб од Скопје да си седи со алатот у раце и да чека сами да дојдат луѓе во сала. Но, за истово треба малце визија, желба и организација. Да не зборувам еден клуб како Киелце кој доаѓа од место со 200 илјади жители какви све работи прави за промоција и реклама на клубот. Ама треба некој од тие преплатените неспособњаци што дремат у Вардар да отвори на интернет и да разгледа.
2. Од кога е Сергеј тука ЖРК смени колку тренери? Јас веќе не сум ни сигурен дека можам да ги избројам сите искрено. Истото се случува со играчкиот ростер. Константни претумбации во ростерот и стручниот кадар влијаат. Целиот клуб делува многу не сериозно. Како и во спортските кругови, така и пред оние луѓе кои сакаат да одат и да гледаат ракомет. Целата работа делува како да некој човек што има многу пари си купил клубче и си игра играчки. И ова е причина што одвраќа луѓе.
3. Менталитетот е таков каков што е, нема збор. Се заситуваме брзо, функционираме на ,,УРА!'' и попрво би проебале 1500 денари на едно седнување во кафана/кафич место да одиме во сала. Па еден Кометал што имаше бајаги фанови низ цела Македонија, кој стана европски шампион, два пати европски вице-шампион и имаше освоено 17 титули во македонско првенство последните година две играше пред смешни бројки на луѓе у Борис Трајковски. И баш поради овие причини клубот МОРА да анимира и да бара начини да привлече луѓе.
Истово важи и за РК Вардар и за ФК Вардар. И за било кој друг спортски колектив/клуб у Македонија.