Фан клуб: ЖРК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
По којзнае кој пат пораз во последни секунди од 1 разлика.

Прво и основно, тотално неправеден распоред.
Мажите со 2 дена одмор меѓу полуфинале и финале,жените, едниве слободни во полуфинале, Вардар игра полуфинале до 10 саат вечерта и финале наредниот ден во 3 саат.
Па на фајнл 4 во ЛШ нема играње на толку краток период.

Поубаво игравме од Куманово, 10тина гола од крило дадоа, покрај противникот кој реално победи благодарение на бразилката Алмеида. И таа и Зечевиќ не искинаа, едната во напад, другата во одбрана.
Ништо не играше Куманово, дај и ја на Алмеида и нека сокира и едино акција до пикер, не утепа таа дебелката Цветановска.
Се враќаше Вардар и од -5 и од -3 на крај, ама пресуди искуството на повозрасните кумановски ракометарки. Тука ќе ја вбројам и Величковска.
Пренаивни исклучувања на крајот со кој се доведоа да бранат напад 4 на 6 во последната акција. Тотално непотребно исклучување направи пикерот Кимовска и со тоа им ја подсри победата.

Натпреварот го решија и голманките. Се на се Вардарки имаа само 2 одбрани, додека на спротивната страна голманката на Куманово фати 2 пенали, 3 чисти зицери и уште неколку други одбрани (10тина вкупно).
Штета, мислам дека да имаа ден одмор, лабаво ќе ги тепавме, иако на хартија се појаки.
Потфрлија сестриве Коцеви во напад денеска, Стефаноска со 17 години имаше одлично прво полувреме, ама падна во второ, а Диневска одлично разигруваше на крило во вториот дел и даде и 5 гола.
На почеток играше фластер над Алмеида и водевме три разлика, ама добија 3 исклучувања во серија и фати ритам бразилката. На крајот го вратија фластерот и пак ја неутрализираа. Кога доби исклучување Алмеида, за 2 минути направивме серија 4-0.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom