Фан клуб:Вардар!

Член од
28 ноември 2011
Мислења
122
Поени од реакции
101
Лудило натпревар од 1ва до последна минута!!! Бевме 50тина извадовме парола поддршка даваме победа бараме,И ја добивме. Нашиве момци изиграа борбено од срце и заслужено победија. Имавме голем пад во 3та четрвтина кога бевме и во -10 поени ама се вративме и во хорор финиш победивме. Костески изигра екстра, партија живота му беше :) заби 20 комада и беше одличен во одбрана. Новото засилување екстра!!! погоди клучни тројки. а Керкез стандардно добар! Има најави за ново засилување наскоро уште едно од Србија. Којзнае може да направиме чудо да влеземе во топ 5 :)
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.726

Абе опстанок најбитно да не се лакомиме многу многу :)
А во купот шо се случува ?? Има извлечено двојки или рано е уште.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Керкез е one man show годинава :D
Голема победа во битката за опстанок, сега можеме и да си дозволиме пораз во Битола, со оглед на тоа што Пелистер тешко дека би победил некоја друга кипа, освен ако не им ја пушти некој во последните кола, мада на сите екипи ќе им требаат победи за да влезат во суперлигата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Пелистер-Вардар 69:69 на првиот куп меч одигран во Битола.
Добар резултат пред реваншот во Скопје, со оглед на тоа што Пелистер остана без искусниот Талевски Ѓорѓи, не би требало да имаме проблеми да ги елиминираме и да се пласираме за завршниот четврт-финален турнир.
Сме имале водство од 67-69 на крајот но во последните секунди ни израмниле од слободни.

Овојпат Керкез потфрлил во реализација, имал само 2 поени. Најдобар не теренот бил Дарко Костески со 22 поени и 11 скока.

Со оглед на тоа што Пелистер остана без најдобриот играч а не ми изгледаат како да имаат амбиции да се засилуваат, не би требало сда имаме проблеми во првенството за обезбедување на опстанокот.
Па така ако ги добиеме во првото пролетно коло, тогаш ќе направиме голем исчекор кон обезбедувањето на опстанокот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Вардар-Пелистер 74-59!
Ги елиминиравме Битолчани, и се пласиравме во четврт финалето кое веројатно ќе биде наш краен дострел освен евентуално ако не ни падне Струмица која од останативе екипи ми изгледа како единствена со која колку-толку може да се носиме.
Денес изедначен меч во првиот дел, али третата четвртина беше фуриозна за Вардарци 28-9. Керкез со свое шоу 20 коша и 11 скока, а дабл дабл оствари и Ѓуриќ 12 коша 11 скока.
До крајот Пелистер само го намали резултатот.
Кај Битолчани не играа никој од тие што ги купиле зимово, така да мечот од првенството во Битола и нема да биде толку лесен како што изгледаше, напротив мислам дека можно е и да загубиме. Среќа што ја тепавме Струмица, пошто не ми се верува Пелистер да оствари уште една победа освен со нас...
Комбат како и цела сезона редовни на домнашен терен со солидна поддршка за тимот, браво момци (y)
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
122
Поени од реакции
101
Младинциве наши прејаки за Работнички, побецицме 74-59. Ги сомлевме едноставно. Финале со Струмица. Натрепварот на младинциве идентичен како оној на 1виот тим со Пелистер во саботата. Пружија отпор замо 1воп олувреме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Владимир Гајовиќ е нов играч на Вардар кој доаѓа од Јагодина.
Има 25 години, висок е 180 сантими и игра како плејмејкер...
Шутов му е ко на Богоев :D
Има право уште утре да игра против Пелистер.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Пораз во Битола од директниот конкурент...
Пелистер-Вардар 89-80!
Гајовиќ уште во првиов меч се покажал во одлично светло, постигнал 16 поени. Лефковски дал 15, а Костески 14.
Сме биле изедначени по три четвртини, али во последната не прегазиле.
Сепак уште сме на спасоносната претпоследна позиција благодарение на победата над Струмица.
Незнам каков ќе биде форматот на првенството, дали ќе испаѓа екипата што ќе биде последна во регуларниот дел или ќе се изигра и плеј аутот...
Пелистер има прилично тешки мечеви до крајот така да би требало во плеј аутот да влеземе со една победа повеќе.
Тоа значи дека ќе ни биде доволна победа во Скопје над нив за да си го осигураме опстанокот.
До крај ги имаме следниве мечеви:
Кожуф-Вардар
Вардар-Лирија
Фени-Вардар
Вардар-Работнички

Со Кожуф и Фени нема што да бараме, а и со Лирија тешко дека може да се носиме.
Али мечот со Работнички може да биде чиста класика :icon_mrgr:
Најверојатно нив тој меч ќе им зависи за влез во плеј оф, баш би сакал да ги поебеме :D
А нас ни победа во тој дуел не ни менува многу, освен ако Пелистер не добие некој дуел во меѓувреме.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.294

Ја викам +30 за Работнички,кладба некоја?:D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Ја викам +30 за Работнички,кладба некоја?:D
Немој како Цого да се палиш пред време да не го лапнете и во сениори :icon_lol:
Чекај ќе зависи од повеќе фактори ако ви решава на вас сигурно ќе ви ја дадат :icon_mrgr:
А и да не ви решава судиите ќе ви ја подарат победата како лани :icon_mrgr:
Ама +30 нема шанси да биде па мкакар и јас да играм :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Распоред за плеј аут:
Вардар-Пелистер 23.03.
Струмица-Вардар 13.04.
Пелистер-Вардар 20.04.
Вардар-Струмица 27.04.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom