Фан Клуб: Atlanta Hawks

Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Приметив дека нема отворено фан клуб за тимов во кој што настапува Перо.









Atlanta Hawks годинава ги изненади сите со своите одлични игри во првата половина од сезоната, кога беа трети во својата конференција. Во моментов додуша формата им е во надолна линија но тоа веројатно се должи на многубројните повреди.

Сега, кога Перо и Милсап се фит, би требало пак да очекуваме работите да тргнат по нагорна линија. Значи велам тимот изненади поради тоа што освен Ал Хорфорд (кој ке ја пропушти цела оваа 2013 - 2014 сезона) нема(ше) вистинска звезда. Кајл корвер беше 33 годишен остарен тројкаш, Пол Милсап беше крилен центар со недоволна висина но со голем недокажан потенцијал, а за Перо Антиќ никој појма немаше кој е и шо е.

Пред да почне сезоната владееше тежок песимизам на Facebook страната на Hawks и коментари од видот "Кај ги најдовте овие бе.... Годинава ке имаме 10 победи се на се..... За никаде ке бидеме..... Немаме шанса за у плејоф..... Долу управа.... итн"

Расположението се смени кога Кајл Корвер постана репрезентативец на USA и влезе во историјата со 127 последователни натпревари со постигната тројка (рекорд, тежок), Пол Милсап постана All-Star, а Перо Антиќ после повредата на Ал Хорфорд стана прв центар на тимот и влезе во дебитантскиот All-Star тим (Rising Stars), кој што за жал го пропушти поради повреда, но беше присутен на настанот. Во моментов Перо Антиќ е играч со највисок процент за тројка од сите дебитанти, а Кајл Корвер е играч со највисок процент за тројка во NBA.

Најзаслужниот за се, е овој на сликава подолу:



Го донесе Перо од немајкаде :) го состави општо тимот, и постави игра по повредата на Ал Хорфорд базирајќи ја на моменталниот кадар што го има на располагање.

Атланта е тим со најмногу реализирани тројки по натпревар, и најмногу асистенции во NBA, што е показател на перфектната тимска игра, доволно е да изгледате нивен натпревар за човек да свати дека ниту еден играч не форсира. Значи се игра максимално тимски, и голем дел од моменталната игра ја прави шутот за тројка, па неслучајно сите селектирани играчи во стартната петорка знаат да погодуваат од дистанца. Па и тие на клупата, само повредениот Ал Хорфорд, Елтон Бренд, Густаво Ајон и Мускала незнаат да шутираат од далеку. Сите се центри.

А Перо е несекојдневен центар за NBA стандардите и има голем удел во реализацијата на нападите, со тоа што доколку биде оставен сам за тројка ке му ја закова, а ако излезе противничкиот центар да го покрие, тогаш рекетот останува празен, и тука потоа оперира тимот.

Атланта е тим со голема историја и имаат играно легенди како Дикембе Мутомбо, Доминик Вилкинс (кој што е сега помошен коментатор за Hawks TV,) Спад Веб, итн...

Ова е сајтот:
http://www.nba.com/hawks/

Тоа е тоа, мене ми е уживање да го гледам тимот, малку натпревари имам испуштено од почетокот на сезоната, вечерва играат во 00:30 со Милвоки па да видиме, се очекува победа со оглед на мизерната форма на Бакси, најслаб тим се убедливо, но пошто ова е NBA не смее да се отпише никој.

Ваљда вака се отвара фан клуб, па со среќа :)

Спортски Поздрав.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.796
Ја цело време навивам за Милвоки, ги пратам и мислам дека ова би требало да биде сигурна победа за Хоукс.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
фан клуб перо антиќ :) :icon_lol:
 
Член од
12 септември 2012
Мислења
52
Поени од реакции
29
Браво друже (y)! Време беше некој да отвори Фан Клуб за тимот кај што настапува првиот Македонец ! Јас оваа сезона со цело срце навивам за Хоукси и се надевам да дотуркаат далеку да има повеќе утакмици за гледање и навивање за Перица :)(y)
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
фан клуб перо антиќ :) :icon_lol:
Епа добро, има фан клуб на Перо Антиќ, меѓутоа овој е за тимот на Атланта, што мене и општо ми се симпатична екипа бидејќи играат максимално квалитетно и тимски, иако нема(ше) ниту едно познато име во тимот :)

Дајбоже да најдеме Сопкаст линк за утакмицата после, ако не нека споделува кој ке најде нешто посалам...
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Победа а? :) Не гледав пошто испаднав ме подлажаа со 6-7 вотки кој ке оди на работа после упм...

Перо како одигра? Џеф Тиг гледам најефикасен али со 7 загубени топки

Sent from my ALCATEL_one_touch_995 using Tapatalk 2
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Победа а? :) Не гледав пошто испаднав ме подлажаа со 6-7 вотки кој ке оди на работа после упм...

Перо како одигра? Џеф Тиг гледам најефикасен али со 7 загубени топки

Sent from my ALCATEL_one_touch_995 using Tapatalk 2
Пред се, браво за тој што ја направи темата. Атланта се супер тим. Отсекогаш сум ги поштувал.
Како прво логото од секогаш ми беше фраерско ептен :D На времето се сеќавам Дикембе Мутомбо кога играше, закон баскет имаше.

Иначе другар, за вечерва Атланта добро изиграа. Џеф Тиг со 22 поени беше најефикасен, Милсап со 17, Корвер и Керол по 15. Перо постигна 8 поени со 1 асистенција, + една тројка од 4 обиди, 7 скокови од кои 6 во одбрана и еден офанзивен.

Би го споделил и она легендарно забивање на Џеф на крајот!

http://www.nba.com/hawks/video/games/hawks/2014/03/13/0021300969-mil-atl-play4.nba/
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Јас немам начекано ХД- маде слика :)

Али има доволно добри стримови, посебно и на линкот што го пушти vlatkosaurus

http://nbaliveonline.tv/streaming/
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
500
Поени од реакции
159
Фан клубов кога се отвори кога се запусте.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Епа ај да ја искористиме приликава, ако најде некој линк за Сопкаст нека сподели. Јас не најдов
 

Kajgana Shop

На врв Bottom