Овој Емини откако го направи тој хет-трикот при почетокот коа дојде, дали направи бар една асистенција од тогаш? Секој натпревар е стартер (само еднаш мислам од клупа влезе пред 3 кола, сите останати од старт ги одигра) и ај што гол нема дадено па ни асистенција не памтам да направи. Еден Радески повеќе постигна од него во половично време што го има поминато на терен последниве 10 кола. Игра ли бар добро на терен (оти ретко ги гледам натпреварите)? Оти не знам дали статистикава прави реална слика за него или може сепак добро игра ама ете нема конкретно голови/асистенции... Очекував повеќе од него, вака од страна глеано дури и Абдурахими ми делуваше покорисен од него.