Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Секако има добри шанси да си оди, ама Жоржињо треба веќе да се пензионира од пенали. Добро беше дур траеше, но со неговата техника најбитна е самодовербата која тешко дека ќе ја врати пак.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Сакам во Челзи да шутира пенали некој, било кој, само на нормално ебен начин. Без да игра околу топката пајдушко, вака-вака, брејкденс, ритмиката од XXL - 100 % те љубам, да тресе газови на Кирил Џајковски, да паѓа во несвест на Ноќна кралица од Ерзана.
Само ебано да земе залет и да ја шутне топката.

Се разбудија во второ. Покрај Канте кој играше добро цел меч, Лофтус мрдна и ја движеше нанапред, Лукаку и Пулишиќ имаа импакт.
Силва повторно на старо, прејак. Чалоба супер, освен една грешка во прво полувреме. Тврдам одговорно дека за Кристенсен е Џон Тери.

Веројатно обезбедивме ЛШ, останува најважниот дуел со Ливерпул и да земеме воздух малку.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Ко на термин си шутна .
Огромна победа за обезбедување 3-то место.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Се споменува Јошко Гвардиол од Лајпциг како можна замена за Рудигер и искрено се радувам на овој потенцијален трансфер.

Гвардиол уште во Динамо покажуваше знаци на сериозен играч во перспектива. Особено како лев стопер во линија од петмина, перфектно би се вклопил во замислите на Тухел. Дотолку повеќе што може да игра и на лева бековска позиција.
Млад е, брз, супер техника, доволно цврст и интелигентен.
Ако го земаат, нека земаат веднаш, зошто ќе имаат огромна конкуренција во периодов кој следи.

Кунде + Гвардиол + Колвил, за комплетна трансформација на одбраната. Сметам дека не е нереално сценарио.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Како? :icon_mrgr:
Со ова темпо ништо чудно да почне следна сезона дур да се комплетира продажбата.
Мислев летен преоден рок, да не се влечат како со Чуамени кој по сите изгледи ќе заврши во Ливерпул/Реал.

Се развлече, но мислам дека до крај на месецот, најдоцна почеток на мај, ќе биде готово. Цело лето ќе имаат пред нив, пичка му материна.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Мислев летен преоден рок, да не се влечат како со Чуамени кој по сите изгледи ќе заврши во Ливерпул/Реал.

Се развлече, но мислам дека до крај на месецот, најдоцна почеток на мај, ќе биде готово. Цело лето ќе имаат пред нив, пичка му материна.
Ќе видиме, еве Мет излезе со вест дека се повикани трите групи во Лондон неделава да дадат финална презентација на нивните планови. Уште еднаш. Значи најрано до крај на следна недела би требало да изберат. Прееска баш го читав ова и вика процесот со ПЛ ќе трае минимум две недели, доколку нема никакви препреки. А тешко дека нема да има баш ништо. Не знам дали тоа е целиот процес по кој ќе биде завршено се, или е само за одобрување од ПЛ, па би следувал период за средување документација и конечно официјализирање.

На страна тоа, дури и денес да се комплетира продажбата пак не знаеме што да очекуваме. Според мене еднакви се шансите новите газди да сакаат уште одма да покажат дека се сериозни и да инвестираат доста летово, а и да не сакаат да брзаат со вложување за прво добро да анализираат се што имаат па да нема да има ништо посебно летово.
Некако повеќе ме влече на второто, еве на Стерлинг веќе му било кажано да се спрема за пред сезона со Челзи, па спремен сум и јас на него, Колвил, Галагер, Броја како главните засилувања.

За крај...




Како некоја клетва да има на младиве од академија. Мислам дека ако Тино следната сезона се подобреше од оваа, летото 2023 многу веројатно ќе ја искористеа клаузулата и ќе го вратеа, посебно па ако продолжуваме со формацијава и Џејмс почне почесто да игра во тројката. Вака којзнае кога, а и како ќе се врати. Видовме што им се случи на Рубен и Калум по ваквите повреди...
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Rice to Chelsea confirmed. Here we go!!!
Шо биде со продажбата? Некаде пише дека требало оваа недела да се заврши, некаде пишува дека требало да се заврши за 2 недели, некаде до јуни.
Ептен е глупо вака, не можат ни да продаваат влезници, не можат ни да го сменат логото 3 на дресовите, не можат да купуваат ни да договараат играчи.

Џејмс почне почесто да игра во тројката.
Ок, греота е да игра Џејмс како RCB. Не се заебавајте, еден од најдобрите RB/RWB е во светот, крал е и напред и назад, и да го оставиш само назад е да го преполовиш играчот.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Знаеме сега што следи, нели?

Како не водиме со неколку гола разлика, не ми е јасно. Не знам. Не разбирам.
Најнеписмен напад во цел свет. Нема полошо од ова.
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
819
Поени од реакции
1.225
Знаеме сега што следи, нели?

Како не водиме со неколку гола разлика, не ми е јасно. Не знам. Не разбирам.
Најнеписмен напад во цел свет. Нема полошо од ова.
Kje mu se slosi na Azpi ili Rudiger primame bezveza gol,1-1 vo 80 i kraj.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Хуан Мата на 56 години му игра агресивно на Пулишиќ, го клиза и му зема топка на своја половина. Не треба повеќе да зборуваме.

Дадоа одвај гол од 40 шанси и веднаш по тргнување од центар на Јунајтед, примија во своја мрежа. Нереално.

Заборавете стопери, средњаци, крила, чуда. Нека пронајдат некој што само ќе знае да ја стрпа топката во мрежа. Не мора да има техника, интелигенција, не знам што, само да ја турне во гол. Ова веќе е срамно што се случува во нападот.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Хуан Мата на 56 години му игра агресивно на Пулишиќ, го клиза и му зема топка на своја половина. Не треба повеќе да зборуваме.
На ова најмногу се изнервирав. Мата, го претрча Пулишич, го загради и му ја зема топката. Абе ајде... Го осеќав дека пропаѓа Пулишич ама не го мислев до толку.
Ни требаат многу играчи, многу.
Барем еден WB, CDM и еден напаѓач мора да се донесат, на тоа да се вратат младите што се по позајмици (Колвил, Галагер, Гилмур и Броја), да се надеваме дека ќе се среди и Mбуамба и ќе можат да помогнат и да растеретат на некои утакмици.
Уште ми е чудно што го снема Чалоба. Не знам да не ја имаат спукано со Тухел, ама добар беше во првата половина од сезонава, кој знае што се има десено.

Единствени што се залагаа беа Џејмс, Маунт, Силва и Вернер.
Канте иако е во пад, сепак беше како вошка по играчите на јунајтед и им пресече многу акции.
Хаверц истрошен, Азпи стар, Рудигер си оди, Жоржињо е веќе во Јуве.
Алонсо просек, цело време на грешно место, 1 гол од никаде и тоа е тоа.

Јас се надевам наредната година да ја поминат целата без повреди Џејмс и Чилвел, па да видиме која куќа јаде мрсно.

Барем Рајс и Кунде само и ќе сум задоволен, само двајцата, да се купат и позајмиците да си ги вратат.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260


Твист. Само чудно ми е, смее на овој начин? Рокот нели е изминат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom