За овој Унгарецов од Фенербахче, Атила С(з)лаи, стопер левучар, 23 години, денес повторно се засилија шпекулациите.
Роси селекторот на Унгарија изјавил дека очекува овој да потпише со Челзи. Не сум го гледал, ми личи физички вака на Шкриниар, здраво дете.
Околу 23 милиони е сумата потенцијална.
Овој Маланг Сар, многу глуп играч. И минатата утакмица кога играше напраи неколку киксови, само тогаш Менди бранеше се живо. Менди тогаш му сугерираше дека прави грешки, сега Маунт.
И Цезар лошо избаци. Многу лабилни се назад. Ептен лоша комбинација.
Не знам зошто упорно форсира со истата формација кога комотно може да игра 4-3-2-1. Во ред е, со тројка назад имаме добитна комбинација ама неможеш да играш со волку играчи вон позиција и играчи од трет тим, мора да се менува нешто.
Денес реши Тухел, во меч кој и те како е важен, иако очекувам ,,ако сакате ЛШ да освоите мора да играте со најдобрите" бљувотини после евентуален пораз, да експериментира и да се обиде да го разигра Лукаку. И секако, погрешно.
Лукаку во Интер се ИЗВЛЕКУВАШЕ на десна страна и влегуваше го средина, а не играше КРИЛО десно како вечерва, мој Тухеле.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.