Фан Клуб: Челзи

Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Бенрама + Чилвел. Не гледам топ дефанзивец кој би можеле да го купиме во овој трансфер период. А и не е лошо да им го украдеме Томас Парти на Арсенал, онака чисто ради сеир :D. Има околу 50м евра откупна клаузула.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.552
Поени од реакции
52.343
Последниве денови баш си мислев на тимот за следната сезона и ми остана едно прашање. Дали навистина ни треба уште едно крило?

Сите индикации се дека планот на Лампард е да ги игра Абрахам и Вернер заедно, а не само едниот. Тоа значи дека има три опции:
  1. Вернер да игра лево. Не како класично крило, ама да влага од лева страна кон центар. Ова мислам дека е позицијата на која би го гледале најчесто, а игра и оваа сезона така. Тоа остава простор за само еден од Зијех, Одои, Пулишич. Евентуално двајца, доколку Зијех игра како 10ка на некој натпревар. Уште едно крило би значело дека еден од нив скоро сигурно на секој натпревар воопшто нема да е во тимот.
  2. Вернер да игра како втор напаѓач во 4-4-2. Ова би очекувал да го видиме во домашни натпревари против послаби противници. Две крила во игра, со еден на клупа, а секако и Вернер може да се префрли странично во текот на натпреварот, доколку има потреба.
  3. Вернер како главен напаѓач. Ова најмногу зависи и од формата/достапноста на Тами, ама не би очекувал на премногу натпревари да игра само еден од нив. Само во оваа опција би можеле да ги видиме трите крила на терен во исто време, со тоа што Зијех би играл 10ка.
Солидно сме покриени вака според мене. Уште лани зборев за тоа дека мора да се престане со трансфери на само добри играчи кои би пополнувале дупки, туку треба да се носат само јаки играчи за во прв тим, а се друго да се пополни со играчи од академија. Ситуацијата со Хаверц пример, можеби не е играч кој ни е ептен потребен сега, го пишав веќе тоа. Ама е играч кој покажува дека е класа талент кој може да игра буквално секаде во средина и напад, па ако имаш прилика да донесеш таков играч, треба да ја искористиш.

Не зборам конкретно за тој Бенрама иначе, општо си пишувам. Околу него, го немам ни минута гледано па немам никакво мислење. Вака делува интересно, може да игра на двете крила, ама сепак е играч кој уште нема играно на највисоко ниво. Како и да е, сите вести се дека има интерес ама е бекап опција, а не некој кој сега гледаат да го донесат. Ако сметаат дека може навистина да биде јак играч од него, зошто да не за тие пари. Ама па го имаа и Бога како таква опција, а сепак не решија да го носат.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Индикации постојат, но за да игра Лампард така, прво мораме да имаме коска одбрана и уште поважно, мора да имам среден ред кој ќе контрибуира ненормално во напад. Од нашите средњаци единствено Маунт го може тоа (а Маунт засега нема дефинирана позиција во тимов) и Лофтус-Лик (за кого не знаеме каков ќе се врати и дали ќе има сериозни видливи последици од повредата). Анчелоти го имаше тој луксуз, ама тој среден ред не верувам дека во скоро време ќе се повтори. Деко, Балак, Лампард, Есиен.

Следната сезона ние би имале: Хадсон-Одои, знак прашалник дали и како ќе се врати, односно за да се врати, прво мора некаде да биде. Би рекол, дали Одои ќе прерасне во она кое сите се надеваме.
Го имаме Пулишиќ, кој половина сезона ја пропушти поради повреда и уште му треба период на адаптација.
И го имаме Зијеш кој може да игра и десно крило, а може да игра и офанзивен плеј во било која формација, а исто така доаѓа од нова лига и потребен му е период на адаптација.

Ова вака на долгорочно изгледа возбудливо, но краткорочно - не знам. Не само квалитативно, ние и квантитативно би кубуриле на позиција крилен напаѓач. Секој сериозен тим, според мене мора да има четворица играчи на крилна позиција. Нужни се двајца многу квалитетни такви фудбалери.

Играме не четири фронта, во уште позгуснат распоред од вообичаено, после исклучително напорен период за фудбалериве. И ова мора да се има предвид.
 
Заборавив да додадам дека имаме версатилни играчи во средина во Лофтус и Маунт кои би пополниле и на крило доколку сме во ситуација каде ниту еден од тројцата (плус Вернер) не е достапен. Двајцата според мене се и повеќе од солидни како четврта опција на крило, а сепак не би дремеле на клупа или надвор од тимот скоро цела сезона затоа што ќе играат и во средина. Тоа е и причината поради која Хаверц е главна цел, пред уште едно крило.
Тоа ќе го видиме и до крајот на сезонава доколку си одат и Педро и Вилиан. Еве баш сега прочитав дека Лофтус натпреварот против КПР го играл на крило.

Пак, не викам дека сум во право и дека ова е правилниот начин ама и не гледам вистинска причина да носиш уште еден играч на 100к+ плата ако не очекуваш да се изнаигра, туку само како четврта/петта опција, а веќе имаш играчи кои може да се најдат во таков случај.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.950
Поени од реакции
1.923
Го видовме Маунт со Барен како крило, кога имаше 4 метри предност позади Дејвис ама на крајот Дејвис го стигна.
Не го бива за крило.
И он и лофтус се бокс то бокс играчи.
Слични на Лампард.

Хаверц има големо чуство за гол и завршен пас. Таков играч ако се има можност да се донесе и треба да се донесе.
Секоја позиција може да ја игра.

Пулишиќ и Одои сега за сега се енигма, секако не ни играа доволно фудбал поради повреди би го додал тука и Лофтус.
Завршетокот на сезоната е идеален да се води кој до кај е...
Воедно нема зијан ако си во преговори со талент како што е Хавертц.

Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.552
Поени од реакции
52.343
Томори аут десетина дена. Одои фит, ама во најдобар случај на клупа би бил. Другите сите се спремни.
За Вилиан и Педро ништо ново.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.950
Поени од реакции
1.923
Конечно меч деј.
Мора да се победи.

Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
:pos:

Како ништо да не е сменето. Имаш иницијатива, игра, шанси, противничкиот тим еднаш ја поминува половината (точно знаев дека примаме гол, штом Грилиш се приближи на 35 метри) и постигнува гол. Од нафрлена топка.
Тројца играчи на Вила беа оставени сами. Азпиликуета и Кристенсен секако, доцнеа. Ебено дежа ву.
Кому требаат поени за спас, Европа, титула, тука сме.

Маунт, Канте и Кова кинат, штета.
Автоматски споено мислење:

Пулишиќ и Жиру. :love:

Важна и заслужена победа. Посакувам Астон Вила што побрзо да заврши во Чемпионшип.
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.552
Поени од реакции
52.343
Леле во прво ми обеле косата гледајќи го истото што се случуваше цела сезона.

На крај пребитна победа. Сите други резултати ни одговараа и мораше да се искористи таа прилика. Сега полесно ќе се диши против Сити.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.950
Поени од реакции
1.923
Добро игравме ама пак истото сценарио два пати ќе ни направат шанса и ќе ни дадат гол.
Последните 10 мин бев сигурен дека Вила ќе ни направи 100 постотна шанса и тоа поради наша вина.
Среќа па не ја искористија.
Канте искина секоја чест во еден перод во второ полувреме 4 пати по ред успеа да одземе топка. Машина.
Џабе ни засилувања ако не го задржиме за наредна сезона.
Ковачич и Маунт исто така супер одиграа.
Лофтус слабо, дај боже да не го најде Зума ситуација.

Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom