Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Ипак не е најголемиот проблем пеналот.

Проблем е што не стигнавме до ептен шанси.

Ако дојде време да се расправаме дали пеналот требало еден или друг да го шутира..значи сме пропаднале во се друго
Автоматски споено мислење:

Следно коло во ЛШ на гости со Лиле.

Ако не ја победиме Лиле...сериозни сериозни проблеми ќе имаме во борбата за 1/8 финале..

Ах, ептен јака шанса утнавме..ем пенал..ем протвник со проблеми..ем домашен терен...

Ајакс се покажаа добро...

Тешко ќе биде у ПМ, дополнителен стрес ќе биде и ова особено ако продолжиме со проблемиве..

Иначе Маунт вака од ова што читам по нетов минимум еден месец да не го рачунаме, а максимум..ќе видиме :D
 
Последно уредено:
B

Beginner

Гостин
Баш ме интересира што тим ке извади против Пул само да не биде пак без Пулишич...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Инаку Канте почнал да тренира, повредата на Маунт не е до толку сериозна како што се мислело.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Младите со победа 0-2 против Саутемптон.

Џејмс и Одои играа за Челзи. Одои со гол, Џејмс со асистенција.

Двајцата одиграа 76 минути.

Да се надеваме ќе изиграат и во Лига купот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Добро е што даваат многу голови, нешто што искрено не го очекував без Азар во тимот. Играта на Пул оваа сезона веќе е доста анализирана од страна на Лампард, но сега го нема Канте да краде топки, покрива добар дел од теренот и да оди маркер на Мане. Не знам, очекувам 1-3 да речеме. Домашниот терен не се покажа како предност оваа сезона, беа просипани 4 бода, што се многу за 5 кола. Но 2те екипи доаѓаат со порази од ЛШ, можеби тоа и ќе се одрази на играта на терен.

Добри вести се враќањето набрзо на Одои, Канте и Рудигер. Очекувам да бидат фит сите пред репрезентативната пауза. Башка после Пул имаат неколку натпревари со екипи кои се очекува да бидат на долната половина на табелата- Брајтон, Сотон, Њукасл, Барнли, Вотфорд и Палас. Тука треба да се бараат поени.

Маунт ќе фали многу во тимот, не знам колку ќе биде надвор од теренот, ама барем на средината имаат солидни опции како негова замена. И нема да биде чудно Јуве да тргне по Жоржињо, во случај Сари да продолжи со одличните резултати. Мислам дека треба играч да бара Челси (плус да даде пари секако), иако Жоржињо рече дека не сака да си оди. Редно е да прават трансфер подготовки уште од сега за догодина, затоа што колку и да мисли Лампард дека овие млади играчи се иднина на клубот, на истиот му требаат сериозни засилувања. Наводно негова желба била Хусај. Имиња како Головин и Заха се поврзуваат со тимот веќе неколку сезони. Сега барем можат да трошат, башка Бакајоко и Дринквотер со години ги влечат, наместо да ги продадат. И Жиру, големи се шансите со Вилиан да си одат на крајот на сезоната. Ние добивме мал дел од ремонтот кој го сакавме сезони наназад, дел ќе добиеме на крајот на сезоната, но во тој процес ќе мораат да бидат активирани и неколку играчи кои веќе се неколку класи подобри од оние што тимот веќе ги има под договор.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Очекувам да не се откажеме.

Да изиграме 10 минути во второ полувреме кај што нема да паднеме во форма јас сум презадоволен :D

Ако успееме до некој бод добро, ако не, пак добро.

Без притисок треба да влеземе во мечов, објективно Ливерпул се фаворити.
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
:несвест:
Канте, Маунт... не мораше да форсира до толку.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
:несвест:
Канте, Маунт... не мораше да форсира до толку
Канте е спремен веќе две недели, ама не го ризикуваше.
Е Маунт малце е ризик затоа што уште имал некоја ситна болка, ама се осеќал спремен да игра, бар така кажа Лампард сега на интервју.
 
B

Beginner

Гостин
Дајте нова сезона фали да се повреди уште пола тим и тоа ке е тоа за оваа сезона :)
И да што е работата што Пулишич веќе 3та утакмица на клупа за во купот ли го чува кој курац..
Би сакал да го видам Мичи или Пули второ полувреме освен ако не се повреди уште некој како тргнало.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom