Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343


Тоа е се за денес. Кенеди ја одбил позајмицата во Рединг. Ќе видиме што ќе се случи со него, Бакајоко и Запакоста затоа што уште може да ги дадат во странски клубови. Последно за Бакајоко беше дека преговараат со Галатасарај. Запакоста исто сакаа да го дадат, ама не би ме изненадило сега со трансферот на Луиз и да остане, а Азпи да биде опција и за централен при евентуален проблем со повреди.

@Beginner дај ставај линкови или нешто, ептен е лошо вака со скриншоти :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.286
Наводно сепак рачунал на него, ама после натпреварот против Салзбург во кој Луиз очајно играше, Лампард му кажувал каде грешел, а овој не ја прифатил критиката (истото се случи и со Конте и затоа не играше цела сезона), по што Лампард има одлучено дека нема да игра.

Ако е ова точно, а се што се случува наведува дека е, тогаш го поддржувам Лампард. Баш вакви ситуации направија претходни менаџери да изгубат работа, и време беше да се прекине тоа.

Во каква ситуација ќе не остави тоа е друга работа, ама мора да им се даде пример и на останатите играчи. Ако уште од почеток им покаже дека може да го газат неговиот збор, подобро одма сам да си напушти.

Иначе Рудигер почна да тренира делумно со тимот неделава, до почеток на септември ќе биде спремен да игра.
Е па во тој случај фер потег, ако Луиз не сака да прифаќа критики, добро е да се покаже доминантност.

Рудигер знам дека до септември ќе се оправи..ама тој Рудигер од лани сигурно нема да го добиеме во првиот месец, тоа ми беше муабетот, немаше огромна да беше разликата помеѓу здрав Луиз и рековалесцент Рудигер.


Кенеди не ќе е лошо да остане, не беше лош лани во Њукасл, ќе игра по куповите барем :D

Бакајоко...а бе да го еам, лани имаше ок партии за Милан... не знам како може волку нестабилен играч да е...



И хајпнат сум ептен за напаѓачиве оваа сезона, ова е тоа што го зборев јас пред да дојде Коста. Тогаш реков дека Торес/Ба/Лукаку треба да ротираат и со тек на време Лукаку да ни стане прв напаѓач.

Јбг, многу години подоцна ми се исполнвуа мојата - а и желбата на Виљаш Боаш, да започнеме со млади играчи повеќе.

Иронично, АВБ ја изгуби работата ради тоа што немаше авторитет над фаци ко Лампард....и сега сличен проект започнува баш Ламапрд :D

Ниту еден од Мичи/Жиру/Тами нема притисок за одреден број на голови, ама некако ако успеат до 30ина заедно..би било предобро.

Ваљда Жиру ќе почне на старт, ипак подокажан е, па нека ротираат. Ако ништо друго можеме и 4-4-2 да пробаме од време на време.
Автоматски споено мислење:

И да, ептен педерски потег од страна на Луиз, го делам сентиментот на Донев, од него не го очекував ова :(

И тоа у Арсенал бе... :( Прати го негде у...Барса..шо те знам, и на нив ќе им се најдеше :D :D
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Ме изненади ова со Луиз ептен некако на брзина се случи.
 
B

Beginner

Гостин
Луиз дно дна со изјавите кога ке играме против Арсенал мерак ке ми е да ги наполниме. Славеше како циган против нас прво сега па ова мрш бе.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Ептен е добро да се слуша прес каде што тренерот знае убаво да се изразува на англиски. Уште ми е нереално дека тоа е Френк Лампард :D

За Луиз кажано е веќе, битното од пресот е делот за повредите. Канте е фит, само треба да одлучи дали ќе игра од старт или не затоа што сепак не беше со тимот на припремите. Вилиан нема да е спремен за недела, ама и он се враќа. Изненадувачки за Рудигер рече дека би можел и за недела да е спремен, ама не верувам одма да го вмешуваат. Сепак супер што се враќа толку брзо, би требало до крај на месецов веќе и да игра на ниво. И другите се веке познатите, Џејмс и Одои кои би требало да се вратат почеток на септември, и Лофтус за кој уште не се знае.

На твитер се збори во последниов саат дека Одои денес го потпишал договорот, па треба и тоа да е официјално наскоро.
А најново е дека ќе почнат преговори и со Томори за нов договор.
 
B

Beginner

Гостин
Против Утд тимов отприлика би бил овој
Кепа
Емерсон-Кристенсен-Зума-Азпи
Жоржињо-Маунт-Баркли/Кова
Педро-Абрахам/Жиру/Мичи-Пулишич овде стварно не се знае кој ке биде од нив 3ца би сакал Абрахам да биде ама ке видеме таму Лампард си знае. Ова ке е тимот додека не се вратат Канте и Рудигер тогаш ке има секако измени. За Канте видов дека ке е фит ама со Утд не ми се верува да почме одма со него.


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
На ден пред нас да ни почне сезоната, да си напишам јас традиционалната анализа.

Ќе почнам со Лампард. Пишував доста по крајот на минатата сезона дека не сум сигурен дали сега е вистинско време он да не менаџира, дека можеби е прерано и дека не би сакал да видам како не успева и го напушта Челзи. Ама после објавата ги отфрлив тие работи затоа што не сум некој кој се фокусира на негативното, туку секогаш барам позитиви. Многу пати пишав, па еве уште еднаш, уште ми делува нереално дека можеби најголемата клубска легента ни е тренер. Верувам кај секој од нас има некоја возбуда за сезонава, иако очекувањата ни се можеби најниски до сега откако го следиме клубот. Има позитивни знаци кај Лампард, покажа дека е спремен да се адаптира и да испробува различни формации, а и справувањето со ситуацијата со Луиз е за поздрав. Останува да видиме дали конечно ќе се прекине таа моќ на играчите во Челзи.

Трансфери
Може имавме трансфер бан, но сепак го имаме Пулишич како нов играч, а би сакал да го спомнам и Ковачич, како и играчите кои ни се враќаат од позајмица и ќе бидат со првиот тим оваа сезона.

Пулишич - откако го објавија трансферот изгледав неколку документарци кои ги најдов за него и прво нешто што ме импресионираше беше колку зрело делува на само 20 години. Иако е ептен млад, веќе има доста искуство. На припремиве добро се покажа според мене. Не е фер да го гледаме како директна замена за Хазард, но очекувам добра сезона од него и мислам дека ќе станува се подобар понатаму.
Ковачич - воопшто не бев за негов перманентен трансфер, ама импресионираше на припремите во поразлична позиција. Лани играше како најофанзивен играч од средина, а како што знаеме во напад ич не го бива. Ама поповлечено изгледа како скроз различен играч и ми дава надеж дека доста ќе ни помогне сезонава.

Е сега играчите од кои многу се очекува, оние кои ни се враќаат од позајмици.
Рис Џејмс - наскоро се враќа од повреда и едвај чекам да го видам. Азпи колку и да ни беше константен низ годиниве, сепак вака како бек не е баш опасен во офанзива, а детево е страшен талент и сигурен сум дека ако си ја искористи шансата би можел до крај на сезона целосно да го замени Азпи. За него најмногу се надевам дека не грешам.
Курт Зума - ептен сум среќен што конечно ни се враќа и он. Се надевам дека ќе продолжи таму каде што застана со Челзи пред повредата. Сега со трансферот на Луиз загарантирано е дека ќе се изнаигра сезонава и едвај чекам да видам како ќе се покаже пак во Челзи.
Мејсон Маунт - после добрата сезона под Лампард во Дерби, на припремиве покажа за каков талент станува збор. Можеби ќе му треба малце време додека да се истакне во ПЛ, ама би требало доста да помогне додека да се врати Лофтус. Неговото присуство одлично делува и на Баркли, интересна ќе биде конкуренцијата меѓу нив.
Мичи Батшуаи - ова мислам дека ќе му биде последната шанса во Челзи. Ќе видиме што ќе направи, немам некои посебни очекувања. Неспорно е тоа дека е добар финишер. Во првата сезона доста ни помогна од клупа и даваше доста голови така. Можеби таква улога повеќе му одговара. Се надевам ќе изненади.
Тами Абрахам - цело време за него пишувам дека нешто ми фали. Дека не сум сигурен дека ќе го достигне нивото кое е потребно за Челзи. Лани имаше импресивна сезона за Вила, па еве му шанса да се докаже. Мислам дека Лампард ја почнува сезонава со него како прв избор. Дали конечно ќе ни го реши проблемот со напаѓачите, останува да видиме.
Кенеди/Бакајоко - овие двајца можно е и да си одат до крајот на месецов. За Бакајоко се надевам дека тоа е случајот, а Кенеди може и да остане, па да добие и он една последна шанса, да видиме дали ќе биде нешто од него.

Тимот

LINEUP111565447503363.png
Вака на хартија покриени сме на секоја позиција. Формацијата ќе се мења, па ги ставив во 4-3-3 ама не прави некоја разлика тоа. Доколку си оди Бакајоко, за Канте ќе покрива Ковачич, а секако може и Баркли, па и Лофтус. Доста подмладен тим сезонава, но тоа е тоа што го сакавме со години веќе. Потребни се добри сезони од Кристенсен, Жоржињо, па и Жиру да помогне со искуството. Најбитно е Лофтус и Одои да се вратат исти како што беа и брзо да фатат форма затоа што при крајот на сезоната веќе беа сигурни стартери.

Очекувања
Како што пишав горе, верувам сите имаме прилично ниски очекувања за сезонава. Реалноста е дека ќе бидеме 5ти или 6ти. Но, се може да се случи. Може да тргнат наопаку работите, па да испадне лоша сезона, а може и да изненадат па некако да се пикнат во борбата за топ 4. Најмногу зависи од тоа како ќе се покажат младинците. Конечно имаат вистинска шанса да го исполнат потенцијалот и да се докажат во Челзи. За доброто на сите нас, се надевам дека целиот хајп ќе испадне оправдан.
Во куповите секогаш може се да се случи, би сакал бар во еден да одиме до крај. А за ЛШ не знам што да очекувам, и таму ништо не се знае. За почеток доволно е да излеземе од група, па понатаму ќе видиме, до тогаш ќе имаме и многу подобра слика за што да очекуваме.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Очекују 5, 6 место.
Навивачки се надам на топ4 и директан пласман у ЛШ.
Овај сезона ќе биде пресудна за много играчи, без тактику „добаци гу на Азара“ очекују свите да покажев што знаев и на кое ниво су и ќе прифату и послаб финиш ама бар да знаемо сас кога можемо да градимо екипу, сас кога не.
 
B

Beginner

Гостин
Не бидете толкави песимисти задоволен ке сум со 2-3 трофеја сезонава :D Реално топ4 не би требало да биде проблем ЛШ да поминеме група би било добро. И не ке е лошо да освоиме некој куп.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Не бидете толкави песимисти задоволен ке сум со 2-3 трофеја сезонава :D Реално топ4 не би требало да биде проблем ЛШ да поминеме група би било добро. И не ке е лошо да освоиме некој куп.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Објасни како топ 4 не би требало да е проблем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom