Баш би сакал Зума да биде стартер пред Давид во ПЛ. Мислам дека Зума-Кристенсен, па откако ќе се опорави Рудигер, Рудигер-Зума е најдобриот стоперски пар од сите овие што му стојат на располагање на Френк. Потоа мислам дека Ампаду треба да оди на позајмица во Пл, нешто што требаше да се случи со Абрахам лани. Абрахам беше доста лош во дресот на Челси лани во пријателските натпревари, недостатокот од искуство го истурка од тимот, но сега покрај Мичи и Жиру, и со трансфер бан, може и да биде нова идна ѕвезда во тимот.
Добро е и тоа што академијата е активно вклучена во процесот на создавање играчи за самиот тим, нешто за што кукавме последниве 5-6 год.
Сакам да пишам нешто за Кепа. Мислев дека 75 мил. за просечен голман се премногу, но како испаднаа работите изгледа дека грешам. Поради него можеби Челси загуби едно финале, но токму поради него Челси стигна до 2 финалиња минатата сезона, тоа не треба да се заборави. Сега е и прв голман во Шпанија, што е одличен знак дека Челси има полн погодок за наредните сезони, иако лани на почетокот на сезоната не изгледаше така.
И нападот. Азар беше сидрото на тимот, ќе мора еден или повеќе играчи да ја заменат неговата улога во нападот, што ќе биде доста тешко. Пулисич е одличен играч, но не дава често голови, Одои е повреден, а останатите играчи во нападот добро ги знаеме затоа што со децении се дел од фудбалскиот свет, а дел и скоро толку се дел од тимот или во Пл. Средината и одбраната не се толку проблем колку нападот. Канте ќе се врати на својата природна позиција и со тоа и одбраната ќе добие на брзина, а со Зума и на сила и на брзина. Нападот, како и години наназад, е големиот проблем на тимот. Не очекувам многу во оваа сезона. Со Ливерпул финалето ќе биде нешто слично како финалето со Сити лани, многу повреди и нов тренер наспроти среден тим во одлична форма.
Можеби ќе има стрим утре на Тотал Спортек. Баш ме интересира односот на Френк со играчите, не очекувам коалиции, бојкоти и бунтови пред се’ затоа што ова е играч кој речиси цела своја кариера ја има изградено во Челси, мал дел му биле и соиграчи, па така не би требало да има многу пречки тренер-играчи околу минутажите, тактиките и резултатите. Убаво би било да го вратат Зола, тука е и Чех, а постои и мала можност да им се приклучи и Тери (шпекулации, но не верувам дека истото и ќе се случи).