Фан Клуб: Челзи

B

Beginner

Гостин
Фала богу барем можеме последната утакмица со Лестер и со 2 тим да играме ако воопшто имаме 2ри тим :D
Сега останува само на Ле да се фокусираме.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
B

Beginner

Гостин
Ги оправди 80те милиона оваа сезона :D

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Се прости денес од клубот и Гери Кејхил. Верувам уште е играч кој најбрзо успеа да ги освои сите значителни трофеи со клубот. Може не беше некоја класа, ама даде се што можеше за клубот и беше значаен за сите успеси. Си оди со:

Премиер Лига: 2014/15, 2016/17
Лига на Шампиони: 2011/12
Лига Европа: 2012/13
ФА Куп: 2011/2012, 2017/18
Лига Куп: 2014/15

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Сезонава имаше доста играчи кои импресионираа на позајмица, можеби во најдобар момент со оглед на тоа што најверојатно ќе има трансфер бан летово. Би сакал да ги одвојам тие кои сметам дека треба да се во првиот тим на Челзи наредна сезона во оваа ситуација.

  • Тами Абрахам - одлична сезона изигра со Вила. Даде 25 голови во 37 натпревари и мислам дека е време да добие шанса во Челзи. Јас лично до пред сезонава не верував дека ќе биде напаѓач за клуб како Челзи, и уште се сомневам малце, но си заслужува бар една сезона вистинска шанса, па да видиме како ќе се покаже.
  • Рис Џејмс - веќе го зборев овде. Фантастична сезона во Виган, во тим на сезоната во Чемпионшип. И во Челзи беше супер претходните години, и од се што имам видено и читано за него, има квалитет за иден капитен.
  • Мејсон Маунт - супер сезона изигра под Лампард, и верувам доста научи од неговото искуство. Можеби добро би му дошла и една ПЛ позајмица, но сепак мислам дека вреди да се проба во Челзи одма. Не како прва опција, ама да ротира со Лофтус и да напредува во текот на сезоната, баш нешто како Лофтус што направи.
  • Курт Зума - добро се наметна во Евертон и се врати на нивото на кое беше пред повредата, па може и повисоко. Пак доби повик и за репрезентацијата. Не знам дали на Сари му одговара, ама сакам да се врати и можеби и прв избор да е за една од стоперските позиции.
Има некои други кои би ги спомнал. Го сакав Мичи, ама не успеа баш да се наметне во Палас, и со тоа мислам дека треба да се стави крај со Челзи, нека го продадат летово. Фикајо Томори изигра одлична сезона и беше избран за најдобар играч на Дерби, ама нема да има простор за уште еден дефанзивец, па најдобро да му најдат позајмица во ПЛ. Аина и Дасилва се исто добри бекови, ама не знам што ќе прават со нив.

Значи под претпоставка дека трансфер банот нема да се одложи, би сакал ова да е тимот наредна сезона:

Кепа/Вили
Азпи/Џејмс - Кристенсен/Луиз - Зума/Рудигер - Емерсон/Алонсо
Канте/Баркли - Жоржињо/Ампаду - Лофтус-Чик/Маунт
Пулишич/Педро - Абрахам/Жиру - Хадсон-Одои/Вилиан
Вилиан и Педро би ги продал секако, ама ако не можат да купуваат, не верувам да ги пуштат и нив двајца покрај Хазард, па останува само да се надеваме дека ќе бидат користени само за ротација следна сезона.
Нема да е нешто подобар тимот од сезонава и пак реалноста ќе биде борба за топ 4, но со многу помлади играчи кои можат да се вклопат и развијат многу повеќе.
 
Ова е too good to be true :D реално колку од овие Сари би им дал прв тим да почнат Пл иако со банот треба да им даде повеке шанса на младите ама ке видеме.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Ова е too good to be true :D реално колку од овие Сари би им дал прв тим да почнат Пл иако со банот треба да им даде повеке шанса на младите ама ке видеме.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Па не е толку неверојатно, ќе мора да задржат 4-5 од играчите што биле на позајмица. И од тие што ги пишав, само Абрахам би бил прв избор според мене, бар на почеток. Другите сите би ја започнале сезоната од клупа, па понатаму зависи колку ќе заслужат.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Реално јас сум задоволен од резултатите на Сари со оглед на дрвата кои ги имаме во екипата. ЛШ обезбедена и најверојатно финале ЛЕ.

Ајде да си играме малку ФМ.

Во случај да се деси одложување на банот за трансфер вака нешто би сакал да изгледа тимот за наредната сезона.

Десен бек: Азпи (човекот се труди много, но реално гледано не се снаоѓа во системот на Сари), Запакоста треба да се продаде и така џабе го купувавме. Замена за Аспи, но и играч кој може да му го земе место (за година време) во стартниот состав е Рис Џејмс.

Централни бекови: Рудигер, Кристенсен, Луиз. Немаме стопери од светска класа, а и не верувам да купиме некого, така да Зума би бил добродојден да се врати од позајмица.

Леви бекови: Алонсо, Емерсон. Ни еден ни друг не се за во Челзи, ни се вклопуваат до играта на Сари ни ништо. Најдобро би било да се продаде Алонсо, а да се најде стартер лев бек да се купи. Бен Чилвел или како и да се чита би бил солидна опција. Емерсон замена и ротација.

Среден ред: Имаме многу играчи во среден ред, но сеуште нешто ми фали, не се снаоѓаат добро под притисок на противничката екипа. Играчи кои треба да останат се: Канте, Жоржињо, Рубен. Да се продадат: Попивода (попивиски и последно време), Баркли, Бакајоко. Ковачич нека се врати од кај што дојде.

Да се купи: Рубен Невеш (збор два за него малку подоле), Мејсон Маунт да се врати од позајмица за купови и ротација.

Рубен Невеш игра одлична сезона во Волвс. Според мое видување идеален би бил за местото на Жоржињо, можеби и подобар. Не ја тупи многу играта, има брзи проигрувања, одлични долги топки, супер шут од далечина, добро ја чита играта, солиден е дефанзивно. Мислам дека супер ќе се вклопи во играта на Сари.

Неговиот трансфер би се спонзорирал од продажбата на Бакајоко, Дринквотер и Баркли.

Тоа се вкупно 5 играчи од средниот ред. Ако му треба на Сари 6 играчи од средниот ред би го вратил Ван Гинкел од ПСВ.

БТЊ, конечно се откачи од проблемот со грбот РЛЦ и е играчот кој највише има напреднато оваа сезона.

Напад: Е туј ми иде да плачу :)

Лево крило: Хазард најверојатно си иде во лето и тука завршува нашиот напад :D. Немамо моментално играча што би могаја да га замени. Одои е млад и надежан играч ама сга за сга е само тој. Пулишиќ ке дојде на лето, но ни тој неможе да го замени Хазард.

Со оглед на тоа дека ни требаат 4 крила а Хазард си иде, вака нешто би сакал: две од четирите позиции се зафатени од Одои и Пулишиќ, другите два играчи кое би можеле да ги купиме се Николас Пепе од Лил и Лозано од ПСВ. Така да би имале по 2 играчи и за лево и десно крило.

Педро и Вилијан да се продадат.

Напаѓач:

Прва варијанта.
Идеална трансфер цел би бил Лука Јовиќ, дали кје испадне one season wonder или не ќе видиме, но мислам дека ќе се снајде во премиер лигата, има добра градба и мене ми е много сличен на хазард по градба. Млад е, има многу време пред него, но многу тешко е да го купиме.

Исто и на Игуаин би му ја продолжил позајмицата. Човекот дојде во периодот кога имавме лоша игра, лоши резултати, не креиравме доволно шанси за него и му треба време за адаптација во премиер лигата.

Друга варијанта е да се фокусираме на тоа што го имаме и јас би играл вака:

Игуаин, Жиру, Абрахам.

Мичи и Мората да се продадат.

Тој су мои два три збора.

KTBFFH.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
На Игуаин не треба да му се продолжи договорот....ако банот се одложи. Ако зборуваме за потенцијал во нападот, тука е Абрахам, а ако зборуваме за класа напаѓач кој би го засилил нападот, тоа е Икарди. Последниве 2 сезони Челси дава по 62-63 гола и прима 38-39 (последниве 2 сезони во тој сегмент се речиси идентични, иако од оваа сезона е преостанато едно коло). Предноста е во тоа што Сари ја зацврсти играта на домашните натпревари и мислам дека оваа сезона имаат само 2 порази дома во сите натпреварувања, што е добро. Лани само во ПЛ имаа 4 порази дома.
Големата разлика е во тоа што оваа сезона ќе бидат 3ти или 4ти, иако имаат само еден бод повеќе од лани (со можност да дојдат до +4), што значи и дека останатите екипи потфрлиле. Тоа е чисто за споредба, со горе-доле истите играчи и со новиот тренер. Сезоната ќе се дефинира по натпреварите во ПЛ односно (и) во ЛЕ. Но сметам дека промената на Сари веќе не е дилема, ќе остане најмалку уште една сезона (дали цела, тоа ќе видиме), дилемата е дали ќе остане Азар. Ако остане тој ќе биде основата за градењето на Челси околу него.

Мислам дека Зума е далеку подобар од Давид. За Невертон игра одлично. Со оглед на тоа дека Кејхил 100% ќе си оди, а и Кристенсен најавуваше дека сака да си замине, Челси ќе остане со Ампаду, Давид и Рудигер како стопери. Така тука не гледам голем проблем, колку што гледам во нападот. Со добро крило и добар напаѓач (и се надевам и на бек, ама уште сега треба да ни е јасно дека тоа нема да се случи), Челси ќе може да се бори за титули. Ама ако планираат да фрлат 75 мил. за Вилсон, јасно е прво од каде треба да започнат промените во Челси.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Нема дилема за Хазард, ќе си оди.

Ако се одложи банот, тогаш за да се издигнеме на ниво ни требаат 3-4 квалитетни играчи. Николас Пепе за на крило, Лука Јович во напад, некој за во средина што ќе може да игра на повеќе позиции, добар лев бек, па и доколку имаат шанса за некој класа централен дефанзивец.

Ама, во таков случај мислам дека Игуаин и Ковачич би останале по барање на Сари, па би купувале само крило и дефанзивец. За Игуаин јас имам поделено мислење. Изгледаше лошо на некои натпревари, ама па и целиот тм изгледаше лошо. Најбитно за него е да му ги научат движењата затоа што сто пати во текот на натпреварот прави некој трк со кој се отвара за гол, како завчера што го даде голот, ама ретко го наоѓаат моментално. Сепак, доколку има шанси да донесат некој млад напаѓач, треба да донесат. Ако нема таков летово, тогаш ќе може Игуаин да заврши работа следна сезона.
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
Добро е што сте сеуште вака оптимисти (како јас со Азар) и ОК e да си правиме замисли со трансфер цели ама 99.999% завршена работа е трансфер банот - нема враќање назад.
УЕФА нема да си дозволи да потфрли како со Барса и ПСЖ што успеаа да ја заобиколат/одложат казната, така што најголемото засилување за наредната сезона би било (евентуалното) останување на Азар.
Веројатно Зума и Мичи(ако си оди Игуаин) би ги вратиле за во прв тим наредната сезона.
Кејхил, Дринквотка, Мората, Бакајоко (можеби и Ковачиќ) си одат. Останатите ќе се влечкаат по позајмици. Староседелците ни се допаѓале на нас или не - мора да останат да доработат до 21-ва со по уште некој младинец како бекап.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom