Неколку работи, ќе се обидам да бидам концизен. Лоша игра, повторно. Не како онаа против Атлетико, но сепак лоша.
Не го разбирам комплексот од гостински терен, многу тешко играме на гости, па и кога победуваме. Ретко да изиграме квалитетно и да победиме убедливо.
За мене, виновник за непобедувањето на КПР беше Ди Матео, колку и да не сакам да го признаам тоа. Формацијата утната од старт. Реков, Лампард не смее да игра секоја утакмица, и крај. Бетранд лево крило и Рамирес десно. Утнатот. Ваква формација би одобрил само против Барселона на Ноу Камп, против никоја друга, најмалку против КПР.
Тие се дефанзивни крила, со нив се брани резултат. Не знам што очекуваше Ди Матео. Плус, со еден креативец во состав во името на Хазард. Барем Оскар да играше наместо Лампард.
Единствено игравме фудбал каков што доликува, во последните 15 минути. Од кога влегоа Мозес и Стариџ. Е со нив двајца по крило требаше да се започне од прва минута.
Ме провоцира исто тоа што Свонси ги наполнија до врв сакативе, а ние не можевме ниту еден гол да им дадеме.
Тренерот ни потфрли, исто и играчите до негде. Одбраната беше консолидирана за разлика од последниот меч, нормално со оглед на тоа дека играше Тери.
Ќе речам пак, Тери на штаки е подобар од сите дефанзивци моментално во Челзи.
И да, Хазард е класа над сите играчи во Челзи моментално. Добро, заедно со Мата. Мозес пријатно изненади, за мене очекувано, а Стариџ треба да добива повеќе шанса, се гледа мотивацијата кај него.
Можда и наместо Торес да игра, затоа што овој мисли дека е плеј, и се убива од дриблање, па барем да го праеше тоа успешно.
Шутни бе братучед, ебате...
Тоа е тоа, пак сме први, но не играме добро, тоа не ме радува. Се надевам дека Јуве и Стоук ќе го осетат гневот на Европскиот шампион, и вистинската победничка игра.