Почнав да го гледам мечот од 33 минута затоа што закаснив oд работа и превозот ме ебеше, првин ми се идеше да го убијам возачон, потоа доаѓам гледам водат 1-0 се радувам, примаме глуп гол на грешка на одбрана уште повеќе се изнервирав.
Но тоа всушност и не беше проблемот денес, она што навистина ме разочара и изнервира е тоа што денес првпат сфатив што зборуваше фантом кога велеше дека не знаеме кај тераме, денес навистина неможам да ја разберам тактиката на Боаш и идејата за играње.
Друго, ептен се разочарав од одбраната, од сегде ни влегуваат, излетуваат, Босингва и Кол ги нема никаде да покријат, преофанзивни се, мора да се корегира одбранава, Арсенал ни одржа лекција денес и се надевам дека сите се освестија од денешнава утакмица, и Боаш.
Второ, не го кривам Тери, ниту го обвинувам, сите луѓе грешат, дури и најдобрите во своите работи, но мислам дека можеше подобро да одреагира но неговата кривица е делумна, поголема кривица е на оној што му ја додаде така шарлатански назад кога беа 2 на 2.
Сума сумарум, изедовме шамар, и тоа поштен, примивме петарда пред НГ, а тоа не е добро, и се надевам дека Боаш е свесен за ова, дека играчите се свесни и мора да се корегираат еден куп работи од денешниот меч, некои работи дури сега испливаа на површина.