Фан Клуб: Челзи

Член од
26 август 2008
Мислења
718
Поени од реакции
512

Со две раце би го земал во моменталниот состав.
Само да не добиеме тренер што има перпетуален мозочен удар како Потер.
 
C

confusion

Гостин
Изгледа изборов е помеѓу Нагелсман и Енрике.
Кој и да е, ќе им посакам се најдобро, ќе имат полни раце работа, тим без костур, тим без дефиниција, комплетен хаос, барем сум мирен дека од лето почнуваме од 0.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
The Athletic последно време удираат на квантитет и ексклузива, се повикуваат на анонимни извори и сензационализам, но сепак во Англија уште се број еден.

Е апропо муабетот на конфјужн, најважно ќе биде газдите да не се мешаат во работата на луѓето кои се далеку покомпетентни од нив и да не бараат човек без карактер што ќе се лигави по нив. Поважно од тоа кој ќе биде.
Затоа и мислам дека Нагелсман нема да е тренер, а од понудениве, мислам дека е најдобар избор.

Во артиклов, поприлично долг, пишуваше дека Егбали (кој ги влечел конците, нешто како главен лик, а Боели бил само лицето за по медиуми) и Боели многу често се симнувале на терен и на некој начин микро-менаџирале со тимот.
Ужас. Прелоша навика, па затоа сега наводно спортскиве работници инсистирале на Нагелсман, а газдите барале некој поискусен (читај Енрике). Внимавај, газдите барале, сакале. Што има вие да сакате? Имавте еден обид, се посрамотивте, редно е да се повлечете и да им верувате на луѓето на позиции кои ги плаќате.

Доколку се стесни изборот навистина помеѓу Енрике и Нагелсман, не знам. Не сум фан на Енрике и неговата досадна и предвидлива игра. На клупско ниво, освен со Барселона и тоа со Меси, Суарез и Нејмар, нема ништо направено. Со Шпанија не се прослави, а клуб последно тренирал пред иксикс години. Па со сите маани и анимозитет кон него, повеќе Покетино би го имал одошто Енрике.

Како и да е, костур сега немаме, ама имаме основа и те каква. Добри млади играчи и многу талент. Од тука може да се гради. Не е потребно којзнае што за да се вратиме во игра.
Само тренер што ќе ги нареди коцките, со авторитет и јасна идеја.
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.407
Поени од реакции
12.140
Сума сумарум добивме класика екстроверт секогаш да е во центар на внимание јенки газда. Барем да се обиде да го надмине Абра во поглед на трофеи а не во играње менаџер.
 
C

confusion

Гостин
Многу работи ќе се разјаснат кога ќе го добиеме новиот тренер, еве како гледам јас на работите.

Сценарио 1, ќе го донесат Нагелсман, се признава грешката, се увидува дека фудбалот не е толку едноставен како што го замислувале Егбали, Бели и Дебели среќно друштво, зимаат офсајд позиција во носење фудбалски одлуки. Проектот почнува од нула, со доста подокажан тренер од Потер, комплетна слобода во работа и сите среќни и задоволни, идеме напред.

Сценарио 2, ќе го донесат Енрике, ништо не се мења, Егбали, Бели и Дебели среќно друштво пак се мешаат во одлуки и кај што не им е место, Енрике нема слобода во работа, во декември бараме нов тренер и така одново, наново. Тоа барање менаџер со искуство е само „оправдување“ за носење на уште еден yes man, мада Енрике не ми делува како таков. Во ова сценарио, јас искрено воопшто не би се замарал со следење на Челзи и ќе си заземам офсајд позиција кога се работи за Челзи, кежуал, од време на време, нема проект, нема планско работење, едноставно богати американци дошле да си играат фудбал менаџер, nothing to see here, bye.
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
566
Поени од реакции
290
Iskreno jas sum za Enrike...

Ako zemat nekoj od ovie Nagelsman, Amorim
Go gledam istovo scenario kako so Poter, klovnov ke menja taktiki i sostavi pred mecovi itn.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Iskreno jas sum za Enrike...

Ako zemat nekoj od ovie Nagelsman, Amorim
Go gledam istovo scenario kako so Poter, klovnov ke menja taktiki i sostavi pred mecovi itn.

Нагелсман ја спука со раководството на Баерн, токму поради тоа што не е воопшто како Потер.
Пргав, со свое јас. Во случај да дојде, тогаш ќе значи дека му имаат ветено поинаков пристап и таквото нешто треба да радува.


Околу составов, ме интересира зошто Бадиашиле не игра? Најдобриот дефанзивец на клупа.
 
C

confusion

Гостин
Се прашувам дали некад ќе имаме тренер што ќе го закова Хаверц на клупа, какво магаре од играч, едвај чекам да го продадат.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.407
Поени од реакции
12.140
Нагелсман или Покетино.
Никако Луис Енрике. Со тој тики така системот без шпицови. Серка ќе биде секоја утакмица.

Тоа секако според мене.
Автоматски споено мислење:

Јебига играше со рака.

Небитно секако со играчи како Ковачич тоа е максимумот. Како да пукаш со чорец е буквално е типот.


Канте за 90 минути на терен повеќе придонесе него типци што веќе играат 30ти натпревар сезонава.
Автоматски споено мислење:

Инаку било кој шпиц нека земат. Осимех или оној данецто. Само да не го гледам Хаверц како шпиц.
 
Последно уредено:
Член од
9 декември 2010
Мислења
566
Поени од реакции
290
Mrtvilo
Jas da sum gazda bi im gi vratil parite od vleznicite na navivacite
Sto se odnesuva do spic Kolo Muani tipov e zver
So pozicioniranjeto vo 16-rec i otvaranjeto prostor za negovite soigraci pa duri i finisot
me podseka mnogu na Drogba
 
C

confusion

Гостин
Мислав дека освен Хаверц нема да постои играч што повеќе ќе ме нервира, грешка сум, Феликс е страшен.
И за двајцата исто мислење имам, во нозе имаат толку многу талент, дар од бога ама празни во глава, тотално неинтелигентни суштества па уште имаат и таков непрофесионален, ноншалантен однос само за во селска лига се.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Прв и последен пат, надежно, со тифусаров ќељав шпански и неговиот геј другар од Шведска на клупа. Хаверц, најлошиот поединец по не знам кој пат, одигра 90 минути. Сите можат да излезат, тој не.
Уште вечерва да се исчистат сите остатоци од Потер и да им се стави забрана да се доближат до стадион.

Никогаш не сум бил фан на Обамејанг, најмалку па во оваа фаза од кариерата, ама поставувам легитимно прашање. Со што Хаверц заслужува да игра пред него во форот? Што има тој, а нема Обамејанг? Ужасен третман кон него. Сличен третман добива и Маунт. Еден куп лоши играчи, а овој чмае на клупа.

Заслуживме да победиме, стара песна. Со нов тренер против Реал и во надеж дека промашувањата ги оставија во Лондон. Против Волвс мора да одмараат едно 7-8 играчи, со посебен акцент на Канте, Енцо и Чилвел. Првиов да се зачува, бидејќи е фантастичен и после повредава. Гигант.
 
C

confusion

Гостин
Да не мрсам само муда, да го пофалам господинот Весли Фофана, дај боже да остане здрав, играчиште е, секој потег добар денес, секоја утакмица до сега без ебана грешка, доктор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom