Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.254
Kepa has now conceded 19 goals in the EPL from outside the box
Since 2018, no other keeper has conceded more

Making history not reliving it
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Овој Каи Хаверц ми беше енигма, иако во прво полувреме не се вклопи во играта воопшто, дечкото има потенцијал и тоа очекувам да игра тоа што вечерва требаше да изигра очајниот Лофтус-Чик, додека крилните позиции да ги пополнуваат Пулишиќ, Хадсон-Одои, Зијеш и Маунт. Посебен коментар за Лофтус-Чик, човекот е поблиску до Бакајоко отколку до Баркли моментално.

Тимо Вернер е вториот моментален играч покрај Канте кој е сува класа, нема што повеќе да се каже за него. Некогаш знае да заспие во офсајд, ама не повеќе од Абрахам.

Пофалба за дуото Зума-Кристенсен, дечките вечерва се надминаа себеси, одлично изиграно за нивни стандарди, особено Кристенсен. Кепа со преодна оцена добар 3, Алонсо е Алонсо ништо повеќе и ништо помалку од него. Рис Џејмс е дијаболичен лик, од моменти на крајна заспаност во одбрана до уникатна експлозивност ала Маикон/Дани Алвес, сепак останува втор млад играч после Маунт со најголеми шанси за подолгорочно останување во Челзи.

Просечен натпревар од страна на Челзи, главната позитива е тоа што во клучни моменти дојдоа до израз врвни квалитети кај поединци како без некоја игра би се дошло до бодови. За другото нека си мисли Лампард.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Уште поима немам која беше идејата и што требаше да играат во таа формација, ама најбитни се трите бодови за старт :D

За Вернер исто пишав и после пријателската. Одма се гледа квалитетот, ептен мерак ми прави. Не застанува човекот, сегде го има. Само да му ги научат движењата тие што треба да го проигруваат. Што би правел Фабрегас со него...

Иначе зачудувачки Зума и Кристенсен делуваа доста солидно заедно на натпреваров. Секако се способни за тоа, ама мора на секој натпревар да се покачува нивото.

Пулишич
Зијех
Ковачич
Чилвел
Силва
Менди

И така.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Добро е што победивме, ништо посебно не изиграа ама треба и вакви победи. Рано е да се коментира после 1-2 изиграни утакмици, но Вернер е зверотиња од играч, ја гледав пријателската и оваа ептен добри импресии ми остави.

Половина од овие што беа стартери денеска не верувам да се стартери кога сите ќе се здрави.

Треба да се вратат/оздрават Ковачиќ, Силва, Пулишиќ, Зијех, Чилвел. Кепа ќе си преседи на клупа поголемиот дел од сезоната со доаѓањето на Менди.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
За Вернер исто пишав и после пријателската. Одма се гледа квалитетот, ептен мерак ми прави. Не застанува човекот, сегде го има. Само да му ги научат движењата тие што треба да го проигруваат. Што би правел Фабрегас со него...
Ќе се воиграат со Хаверц, Зијеш и Пулишиќ, ако не ги спречат повреди. Од играчите од претходно, единствено Хадсон-Одои може да ги прати, ако си ја среди главата малку.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

:pos:

Ќе изнакупиш играчи за 200 милиони и повторно Канте ќе биде докторот на терен. Тој и Жоргињо беа многу добри, штета што немаа поддршка од Чик во првите 60 минути. Жоргињо се однесуваше како вистински капитен, ептен ми е ќеф што ја носеше лентата.

За Вернер не трошам зборови. Благодарност до Клоп и коронавирусот, што знам.
Џејмс газеше, голчиште и пол. Ама газеше и Лампти. Навистина штета што се погодија такви околности и што не сакаше Тарик да почека уште малку за да добие минути. Му посакувам успешна кариера, заслужува. Па некогаш можеби и ќе се врати кај нас, којзнае.

Играта просечна, да не речам лоша. Класика прво коло и почеток на сезона. Ќе биде ова далеку подобро.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.933
Поени од реакции
1.914
Имам впечаток дека играме подобро во дефанзива од лани, подобра организација или па можеби е само дека играше Канте.
Ќе видиме како за почеток не беше лошо, треба малку време на Каи и Вернер за да има потечни акции.

За Кепа незнам стварно што да кажам, лекот е изгледа дека само треба да се шутне по страна и тоа е тоа.
Не е лош голман ама изгледа не е за високо ниво, штом неможе да се справи со вакви топки. Очигледа слабост а тоа не е никако добро.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.254
Денеска во Лига Купот:
Мидлзбро-Барнсли 0:2

Ете, ок противник.


Следниот втроник играме со нив на домашен терен


Интересно е што последен пат со Барнсли сме играле во 2008 во ФА Купот
...
И тоа во 1/4 финалето..

2008, Челзи беа ок, 1/4 финале, лесен противник, сигурно сме тепале така?

Wrong.
1-0 пораз на нивен терен

И тоа сме биле актуелни прваци на купот тогаш..


Еве ви еден времеплов на тимот што играл тогаш:

Cudicini, Belletti (Pizarro 74), Terry, Carvalho, Bridge, Essien, Ballack, Malouda (Kalou 62), Wright-Phillips, Anelka, Joe Cole. Subs Not Used: Hilario, Obi, Ben-Haim.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom