Фан Клуб: Челзи

B

Beginner

Гостин
Против Евертон вака да гинат по терен би било добро. Верувам вечерва никој не очекуваше оти ќе поминиме. А друга работа до сега од какви се екипи примавме барем по 1 гол а сега против најдобриот напад не ова ако не е доказ дека со тимска работа можеш и да не примиш банален гол. Само Педро колку пати ја избаци и не само тој цел тим.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.878
Поени од реакции
84.182
Следна утакмица мислам Мичи во средина да го ставиме, уште тој остана..

Ковачиќ повреден, Канте повреден, Жоргињо суспендиран....
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.933
Поени од реакции
1.913
Бев сигурен дека ќе примиме гол. :D
Не ми е јасно како скоро сите играчи без разлика во кој тим играат ќе почнат да се повредуваат периодов и тоа баш во куп натпревари.

Одлично изиграа, офанзивно можевме подобро ама толку им знаење изгледа.
Гилмур денес изигра подобро него Жоржињо во последниве 5 натпревари. Сигурен на топка, борбен, смирен, браво.
Ако е некоја сериозна повреда на Кова ќе биде лошо, ма да тука ете го и Лофтус се враќа а и Гилмур со партијава дефинитивно заслужи да игра.
Не ме плаши средината толку како што офанзивниот дел а и индивидуални грешки во одбрана.
Како и да е задоволен од победава, конечно дерби да добиеме дома сезонава.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.338
Каков тимски перформанс вчера. Сите беа одлични, може слободно 7-8 играчи да избереш за МОТМ.

Конечно се врати Кепа, почнуваше да не ми се свиѓа тоа што Лампард го остава на клупа подолго него што беше потребно. И изигра супер. Уште стојам на мислењето дека и покрај тоа што беше во лоша форма, сепак најголемиот дел од головите беа чисти шанси кои одбраната им ги дозволува на противниците, за кои не можеше он ништо да направи. Се надевам ќе го искористи овој перформанс и ќе смени многу мислења до крај на сезона.

Гилмур сите што сме го гледале знаеме какво талентиште е, ама вчера изигра докторска партија. Еден погрешен потег немаше, на 18 години си играше со Фабињо. Движење без топка, визија, пас, агресивност, комплетен перформанс. Баш пред натпреварот на @dragonsky му реков дека ова е и тест на Лампард за да види дали може да рачуна на него во следните три натпревари без Жоржињо, и не можеше подобро да се покаже.

Единствено нешто за кое може да им се замери е што повторно не ги искористија повеќето шанси во напад. Можеше комотно уште 2-3 гола да постигнат, посебно шансите на Педро и Жиру.

Со повредите страшно е што се случува, пола тим е моментално повреден. Без тројцата главни играчи во средина сме. Ќе мора на Били да се потпре Лампард, се надевам и Лофтус ќе може да изигра колку толку. А секако и Баркли АКО игра како вчера може да е добра опција. Ме интересира дали би го користел Џејмс во средина. Лани добар дел од сезоната во Виган играше во средина и секако тоа е позиција во која може да се снајде.

Ќе видиме каков ќе биде тимот во недела, не чека ептен тежок натпревар против Евертон, ама мора еднаш да искористат ваква победа и да тепаат неколку натпреври по ред. Тој натпревар во недела е поважен од вчерашниот. Јунајтед играат против Сити, за Тотенхем не знам ама они секако се во слободен пад. Ако помине викендов како што треба, може ќе ми се врати малце оптимизмот за топ 4.


1583313109867.png
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.338
Против Лестер на гости во следно коло оф ФА Куп. Не е лошо.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.878
Поени од реакции
84.182
Можеше и подобро :P

Иначе да, секоја чест за Гилмор, најдобар меч до сега. Искрено не ме импресионираше претходно, ама ете, фактот што од последните настапи за првиот тим до сега е подобрен (и тоа на битен меч со Ливерпул го покажува ова) е знак дека сепак стварно играчиве што се дел од академијата добиваат некаков буст (y)

Се надевам ќе му помогне академијата и на РЛЦ да се врати во форма за крај на сезоната
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.338
Одои требаше да е спремен за викендов. Денес ја обновил повредата...
Нешто не функционира како што треба и мора одма да реагираат. Од кога пратам фудбал не ми текнува Челзи да имале волку проблеми со повреди.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Или не стига тоа што години наназад немавме посериозни проблеми со повреди, или медицинскиот тим сериозно потфрлува.
Да, еднаш ќе се случи вака малерозно да ја истераш сезоната, но ако за некој играч е предвидено враќање на одреден датум, а тој повторно го одложува и одложува истото, тогаш симптоматична е ситуацијата.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
20200306_123307.jpg 20200306_123252.jpg 20200306_123227.jpg


Во случај да не му е некому нешто јасно.
Имаат лето пред себе, не смеат уште еднаш да зафркнат.
Автоматски споено мислење:

Попатно:

 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.878
Поени од реакции
84.182
Ми се свиѓа како цела сезона иста приказна е :D

Едвај чекам следнава утакмица

"Еј чуден составов бе...ама ај, тоа е, тие се играчите сите се повредени"

"Млитаво прво полувреме, можеме и подобро.."

И тука има една од две ситуации

"Тоа е, со тој тим толку"

или

"Добро е, се спасивме некако, бодовите се битни, кога ќе се вратат повредените ќе биде бољи"

Буквално секоја утакмица ова се дешава, не знам дали сте приметиле :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.338
Имале некоја пријателска денес за Рубен и Пулишич да работат на меч фитнес.
Одои ќе го скенираат попладнево за да видат колку е лоша обновата на повредата.
Вилиан не е сигурен, можно е и да игра викендов. Ковачич аут. Тами аут. Канте аут.

Значи дефинитивно без целата прва тројка од средина викендов.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Пола од играчиве се праат дека се повредени се чувааат за Европско .
Коа ништо не донесоа на полу сезона треба среќни да сме што уште сме 4ти,али уште некоја недела.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.338
Пола од играчиве се праат дека се повредени се чувааат за Европско .
Коа ништо не донесоа на полу сезона треба среќни да сме што уште сме 4ти,али уште некоја недела.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
Камо среќа да беше така...
Немаме ни 18 здрави играчи за цел тим да се пополни моментално.

Според мене само две опции има за составот, доколку не извади Лампард некои неочекувани играчи од академија како стартери.

Кепа
Азпи - Рудигер - Томори - Алонсо
Џејмс - Гилмур - Баркли
Педро - Жиру - Маунт


Кепа
Азпи - Зума - Томори
Џејмс - Гилмур - Баркли - Алонсо
Педро - Жиру - Маунт​
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.878
Поени од реакции
84.182
Ова второво звучи пореалистично некако.

Да ме прашаше некој пред една година ќе реков ова е тим за во Лига Куп :D

Секако, со таа разлика што Рудигер пред Зума, стварно не знам како Рудигер ти е тапа :/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom