Фан Клуб: Челзи

Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
И јас сум за ремонт да играме 100% со младинци може првата сезона ке завршиме 10 место ама барем следната ке бидеме подобри. Преку кур од Сари човекот исти играчи форсира ке умрат на сред терен како да немаме младинци.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Не би завршиле 10ти. Челзи има многу квалитетна младинска школа, многу пари се фрла да се привлечат да дојдат играјачите во клубот. Плус за фамилијата се дава пари после, бидејќи се младинци често бараат да дојде барем 1 член од фамилијата да живее со нив во Лондон.

Проблемот е што Челзи не знае да ги инкорпорира играчите од младинската школа во прв тим.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Денеска е мечот кој може да ја скрши оваа тензија помеѓу тренерот и играчите и мечот по кој ќе следуваат серија тешки и многу важни натпревари. Сари мора да ги надмине сите проблеми и да го освои Лига купот, по кој мислам дека сите односи ќе се стабилизираат. Во ЛЕ немаат многу тежок противник и ќе биде паменто да излезе со мешан состав со оглед на тоа дека играат на гости, а по 3 дена имаат натпревар со Спурси во ПЛ.

Треба да ја наполнат оваа екипа до врв со оглед на тоа дека е последна и математички до крајот би и требале повеќе од 20 бода за да има некакви шанси да остане во лига. Мислам дека Хадерсфилд се веќе отпишани, немаат клалитет, ниту доволно бодови за некаква надеж. Згора на се’ Челси игра дома, па ме интересира реакцијата и на навивачите по тој дебакл од 4-0 пред неколку дена.

Сари греши што не ротира, а кога реши да ротира некаде, се случи дебакл. Мислам дека Алонсо ќе се врати во првиот тим. Треба да започне со Одои и Педро да го замени. Педро нема сили за 90 мин., а секогаш кога влегува како џокер од клупа покажува одредени резултати и на терен. Азар и Игуаин верувам дека ќе бидат стартери. Во средината Чик пред Ковачич, Канте и Жоржињо и позади Рудигер, Аспи и Алонсо. Не знам дали Луиз ќе игра или Кристенсен. Мислам дека и глупост тоа што Зума е на позајмица. Постабилен и побрз е од Луиз, иако и Стоук, а сега и Евертон играат доста климаво во одбрана. Но треба да се гледа каков е тој тим и зошто прима толку голови? Зума има квалитети за првотимец во Челси. Подобар е и од Кристенсен и од Ампаду. Башка при оваа “тактичка“ определеност и замисла на Сари каде стоперите се на самиот центар, подобро ќе се снајде со потенцијалните контри.

Ако Сари освои титула овој месец, шансите да ја придобие управата се големи, но мора да остане и во игра за ЛЕ и за ФА купот. Ако го изгуби 4тото место, може да се протне во ЛШ со титула во ЛЕ. Тука има поедини тимови кои можат да бидат сериозни противници (како Интер, Арсенал, Наполи, Севиља) ,но мислам дека може да се игра против секој од овие. Битно е Игуаин да влезе во форма, Азар конечно да даде гол (што ќе се намалат фрустрациите и кај него со оглед на тоа како ја започна оваа сезона), Сари за започне за ротира, и останатите играчи (без Канте) да покажат мотив за игра.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Кристјенсен е млад и прави грешки али според мене е подбар од Луиз да не збориме што со Чик и Баркли домашни играчи се а он запнал со Ковачич кој според мене дрво е незнам може грешам али тоа е мое мислење исто и со Жоржињо
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Чик и Одои имаат желба и да играат и да се докажуваат, затоа мислам дека мораат да бидат стартери почесто. Во тимот фалат иницијатори, играчи кои ќе креираат шанси, даваат голови и чуваат посед.

Инаку Почетино му одржа фудбалска лекција на Сари со контрите, кога ги имаше Сон и Али на располагање. Истото се случи и со Борнемут, играа на контри, а на терен не покажаа нешто посебно и на крајот имаа огромна победа. Сити и Пул имаат брзи играчи, Сари кон нив имаше приод на изолирање на Салах или Сане, нешто слично како што играше и на Заха. Така мора да се игра при ваква поставеност. Во спротивно контрите се неизбежни, а тој проблем се повторуваше одново и одново. Моето решение е Луиз и Рудигер раширени, а Канте на центар...сите во иста линија. Опасноста од контри ќе се намали со брзината на Канте и силата на Луиз, со тоа што Рудигер ќе има време да се намести или да оди на блок.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
Во среда во 10.40 вечерта ќе даваат документарец за Еден Хазард на RMC SPORT.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Eden Hazard - “My future? I know what I'm going to do. I decided”

Се надевам и ќе ја соопшти одлуката, која и да е. Или бар да ги извести во клубот уште сега, да може да си планираат со време како ќе го заменат, доколку решил да си оди. Јас мислам дека си оди.
 
B

Beginner

Гостин
Азар 100% си оди сигурен сум чудо ке биде ако реши да остане.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Колку што читав по медиуми трачарски денеска Азар се согласил на 4 годишен договор со Челси али колку се релевантни изворите незнам
 
B

Beginner

Гостин
Колку што читав по медиуми трачарски денеска Азар се согласил на 4 годишен договор со Челси али колку се релевантни изворите незнам
Дај боже да е така ама според неговите изјави и на Сари милам тешко ама ке видиме.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom