Фан Клуб: Челзи

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
освоија со формации 4-4-2 и 4-3-3, каде напред двојката или тројката имаа помош од тие позади нив...сезонава тројката напред е оставена сама на себе...
иначе не сум хејтер, од премиер лига навивам за челзи уште од првата ера на мурињо...туку сезонава освен Мората, се што купија им беше да покријата назад, и некако премногу се дефанзивно ориентирани..
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Време е за поставување сериозни прашања, воглавно адресирани кон Конте. Што не значи дека поставувам некаков ултиматум, или случајно барам оставка од него и негова смена. Не ми паѓа на памет таква глупост, туку имам потреба да се дообјаснам, за да не биде ова погрешно протолкувано.

Играчите не ги изземам од одговорноста, напротив. Подеднакво се виновни за денешното срамно, не знам и дали може да се каже срамно, не верувам дека постои термин во македонскиов јазик кој точно би го опишал изданието на Челзи против, до ова коло, тимот што немаше постигнато ниту еден погодок, тимот кој беше убедливо закован на дното на табелата и тимот предводен од Рој факинг Хоџсон.
Рој Хоџсон. Со ова не можам да се помирам никако.

Каде греши Конте конкретно? Во неколку сегменти, ќе го издвојам оној најпроблематичниот по мене - селекцијата на играчи. Што, е во причинско-последична релација со она што се случува на терен. Конте може да не поштеди нам, фановите од она што го гледаме на почетоков од сезонава, доколку се придржува кон она ,,кај мене нема да постојат привилигирани фудбалери, во мојот тим ќе играат оние кои највеќе заслужуваат и највеќе покажуваат на тренинзите и натпреварите''. Како што одминува сезонава, така сфаќам дека ова нема везе с везом. Како Кејхил, заслужува да биде во прв тим, после една изиграна добра партија, онаа со Атлетико, а Рудигер и Кристенсен да чмаат на клупа, играчи кои ја искористија максимално секоја изиграна минута и се покажаа како квалитетни засилувања? Дотолку повеќе што и двајцата беа одлични против силниот Сити, одлични, иако пред себе немаа среден ред и беа изложени на константни напади. Не разбирам, ете.
А притоа, знаеш дека против себе ги имаш Заха и Таунсенд, исклучително брзи фудбалери и знаеш дека Кејхил е претерано бавен. Тоа се очигледни работи, не мора да си експерт за да ги нотираш.
Азпиликуета, топло-ладно од почетоков на сезоната. Евидентен е падот на формата, евидентен е заморот. Ајде, лани бевме тенки во дефанзива, па приморани бевме да играме со едни те исти играчи во последна линија. Ама сега, имаме две-три опции за централната позизиција, зошто едноставно не го одмориш? Или пресилниот Кристал Палас е преголем залак и нема простор за ризик?
Зарем треба за Вилиан да напишам нешто? Зарем Вилиан со нешто заслужува да биде првотимец, да игра пред Педро (не, не е веќе повреден. И ситната наводна повреда е отстранета), или пред Мусонда (кој за 20 минути направи повеќе, покажа некаква живост, влегуваше во шанси) ? Не, не треба. Ама игра. Зошто? Да му ебам матер зошто.

Постојат и други играчи кои играат под можностите, не велам дека само и само горенаведените се причина за слабите игри. Хазард, непрепознатлив. Заобиколете ме во случај да ми го правдате со ,,повредата''. По враќањето на терен, изигра 10 меча. 50 ли му требаат за да се врати во колосек? Или пак Фабрегас и Алонсо? Но, индивидуални грешки на Кејхиловци, Вилиановци, нивното незалагање и импакт нула, си потегнува со себе последици, кои подоцна влијаат врз играта, соиграчите, концепцијата и крајниот исход. Ќе повторам, и посочам, играта и резултатите на Челзи, очигледна се консеквенца на изборот на фудбалери за прв состав од страна на тренерот. Тренерот кој чинам дека спласна со духот, флексибилноста и храброста во некои моменти. Карактеристики нетипични за него.
Исто така, и тренерот кој повторно би можел да не избави од кризата. (да, веќе сме во криза, дури и полош старт од ланскиот, замислете, само што сега конкуренцијата е пожестока, па така и патот кон титула ќе биде уште потежок)

Би бил и поподробен, материјал еден тон, но не би сакал да ги заведам младите глорихантерчиња во фанклубов, со моите реферати од десет и повеќе страници и да создавам илузии. Ќе ме прочитаат, ќе се осоколат повторно, ќе гледаат оптимистички, за да на крај Челзи не биде шампион. Ќе следи разочарување, и од тоа, и од загубеното време кое не го искористиле, навивајќи за некој друг клуб. Што да не Сити или Јунајтед. Само нека сјае.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Трет играч што истегнува задна ложа во две недели. Не знам дали е случајност.
Најчести причини за задна ложа се или наталожен замор во таа група на мускули или недоволно/неправилно загревање, загревање од типот на она што го имаат пред да почне натпреварот и она истегање (stretching) што го имаат преку цела година додека се на тренинг. Секако кај оние што нонстоп го повредуваат овој дел од телото е и генетска слабост, Гигс на пример кај нас секоја година мораше еднаш да паузира поради ова.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
Спремајте се за италијанска утакмица вечерва. Ќе има многу додавања и многу игра на средина од теренот. Не очекувам многу голови, но очекувам да победиме.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.950
Поени од реакции
1.923
Немам многу слободно време периодов, па ретко се пуштам на форумов.
Последниве неколу натпревари сме катастрофа невидена.
Паднаа со енергија клучните играчи што и беше очекувано, затоа Конте и бареше квалитетни играчи. Канте, Аспи, Мозес, Алонсо, Педро мора да одморат... т.с одморија поради повреди...
Конте мораше подобро да ротира, а не со едни исти играчи да тера два месеци.

Многу сум разочаран од нападот, Вилиан, Хазард, Бачуаи. Ајде хазард повреден, му треба малку време ма да и помина доста време од како се врати од повредата.
Вилиан катастрофа, 3 натпревари по ред не може пас во нозе да даде... Бачуаи не го коментирам, може закачи некој гол ама играње фудбал е тапа... Просечен Педро за нив е марадона и меси...
Изненаден сум од Мусонда... покажа највеќе од сите во нападот, јас сум да му се даде шанса пред Вилиан.
Бакајоко полека влегува во ритам, знае да направи некој глуп фаул ама е добар.
Фабрегас супер, до сега он, Мората, Рудигер и Кристенсен имаат позитива.

Незнам дали е тоа на инсистирање на конте ама во нападот гледаме 2 играчи, останатите на своја половина и се чека грешка на противникот. Па не сме Ватфорд побогу, лани играчите беа оси кон топката...
Реков и претходно мора повеќе ротации да прави сезонава, неможе со 14 играчи да тера цела сезона.

Вечерва сакам да ги видам Рудигер и Кристинсен, Педро во игра. Алонсо, Вилиан, Аспи одмор.

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.020
Поени од реакции
2.059
Losa odbrana, losa.
Alonso mnogu spor, azpi vo dosta losa forma...
Doma igrame a statisticki sme dosta poslabi od Roma...
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Пак лошо. Си мислев некако ќе ја исконтролираат ситуацијата после водството од два гола, ама онака да примиш три и да дозволиш целосен пресврт. Не дека е ептен лош резултат, во групата сме во супер позиција, ама формата стварно загрижува.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.950
Поени од реакции
1.923
Го гледав гледав само прво и последните 10 мин... па ќе дадам само коментар за тие...
Рома прво полувреме не надигра реални да бидеме, ние дадовме голови со индивидуални потези. 2-3 додавања и топката се губеше.
Немаме идеја, само рогање напред, дијагонали од еден на друг дел и центаршутеви. Срамно е таква игра со играчи како Хазард, Фабрегас, Вилиан, Мората.

Нешто во тимот не штима. Мака ми е да гледам ваков фудбал. Фабрегас, Бакајоко, Луиз-Канте се гушат кога се заедно, незнам како Конте тоа не го гледа, фалат играчи напред, фали пресинг. Неколку пати ги притиснавме напред, Рома веднаш ја губеше топката кога е подпритисок.
Нека враќа стара формација со напаѓач и две крила инаку лошо ни се пишува.

Вилиан ми е мака да го гледам, очаен.


Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Проблем имаме во одбраната и тоа голем. Дејв е непрепознатлив последниве неколку утакмици, другите не се премногу поарни.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Проблем имаме во одбраната и тоа голем. Дејв е непрепознатлив последниве неколку утакмици, другите не се премногу поарни.
Кристенсен и Рудигер мора да играат. Рудигер е одличен кога и да игра. Кејхил и Азпи да се седнат.

И да, ако нешто дознавме од овие два натпревари, тоа е колку е битен Канте за тимот. Со него сигурен сум дека скроз различни натпревари ќе гледавме.


За во сабота нема да има играчи :popce:
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
Сo Вилијан, Педрo, Алoнсo, Кејхил, Мoзес, сo 532, сo Азaр кaкo напаѓач не прaвиме ништo. Си кажа Кoнте, импрoвизирaaт. Мoра да се врати на 523, oти Азaр сo Мoрaтa се гушaт вo нaпaдoт. Сами се и се oтсечени oд срединaтa. Даваат гoлoви на мускули и ги вади тoa штo се квалитетни играчи. Преодна едвај за Азaр, Фaбрегaс, Луиз и Кристијaнсен. Сите други oсвен Мoрaтa у Цезaр се прoсеци. Се нaдевaм дека нема да oди сo глава вo ѕид Кoнте. Акo не истрескa и ебени Вoтфoрд нaреднaвa, тoa ќе е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom