Saber Rider Како што разбрав Цементарница нема да игра во купот следната сезона.Мислам и лани не играа.
Ова дека екипи од трета лига не смеат или немаат пари од Цементарница ?
Смеат да играат, ама самите екипи несакаат пошто им е додатен трошок...
Тие едвај крај со крај сврзуваат па камоли куп да играат
Од друга страна како претставник од овој регион веќе има една екипа Еуромилк (не сум сигурен ама мислам дека се сметаат како претставник од овој регион) така да и да сакале неможеа да учествуваат...
Нема некој класичен систем во купов на Македонија и рака на срце никогаш не сум го сватил системот
Прво мислам дека сите прволигаши и второлигаши од ланската сезона мора да учествуваат во купот (во 1/16 финалето). Ако сдобро ме сдржи сеќавањето мислам дека следуваат казни за тие што нема да играат...
Е сега на пример Руфеја несакаат да играат во купот би требало да има казна...
Другите места се пополнуваат преку победниците од неколку општински сојузи низ Македонија...
Инаку Цементарница го промени своето име во ФЦУ 55 како што им беше порано. Имале нов спонзор и ќе атакувале на врвот.
EDIT: Моја грешка, само прволигашите од минатата сезона имаат директно учество во 1/16 финалето. Петте региони Југозапад, Југ, Исток, Север и Запад пријавуваат по 4 екипи.
Е сега зависи од самите региони дали ќе организираат квалификации (ако има повеќе од 4 пријавени екипи
) или ќе ги пријават само оние што сакаат да играат...
Годинава имаше квалификации во источниот регион и во Југозападниот поточно во ОФС Охрид и ОФС Битола.