The Dude
Лајно
- Член од
- 25 мај 2009
- Мислења
- 502
- Поени од реакции
- 321
Fulham F.C. Фан Клуб
Фулам има изиграно две големи финалиња, и тоа во 1975 година (пораз од Вест Хем 2-0) и супер болниот пораз од Атлетико Мадрид во Хамбург. До сега во Премиер лигата има стаж од 24 години.
Низ годините Фулам се шетал во пониските лиги, така се до почетокот 1950-тите кога поминале три сезони во Премиер лигата но само во долниот дел од табелата. На почетокот на 1960-тите повторно се враќаат во Премиер лигата, а во сезоната 1965-66 завршуваат на дотогаш највисокото 10-то место. Наредната сезона го изведуваат едно од двете супер драматични бегства од зоната за испаѓање, имено после 29 натпревари Фулам имал освоено само 15 поени, за потоа во наредните 13 мечеви да победат 9 пати и 2 пати да изиграат нерешено, доволно за опстанок. Наредната сезона немаат толку среќа и испаѓаат и се до преземањето на клубот од Ал Фаед во 1997 претстојат тешки години за клубот.
Финансиски, дното го допираат во 1987 година кога после неуспешната фузија со КПР клубот се наоѓа пред банкрот, сепак екс играчот на Фулам, Џими Хил го одржува клубот во живот се до 1994 кога клубот го допира резултатското дно и отпаѓа во Division 3 или по сегашново рангирање League 2, таму е се до 1997 година кога клубот го превзема Мохамед Ал Фаед.
Во идниот период тимот е предводен од поранешниот играч на Фулам, Крис Колман кој од Фулам прави стабилен премиерлигаш се до 2007 година кога на чело на тимот седнува амбициозниот селектор на Северна Ирска, Лори Санчез. Но работите не одат по планот и клубот во поголемиот дел од сезоната се наоѓа во зоната за испаѓање, поради тоа Санчез си оди и тимот го превзема Рој Хогсон кој изведува второ во историјата на клубот супер драматично спасување.
На 5 натпревари до крајот на Фулам му требаа 4 победи... ги остварија. На 2 и пол кола до крајот на првенството Фулам и математички беше испаднат бидејќи на гостувањето кај Сити на полувреме губеше со 2-0, но на крај успеа да победи со 3-2. Драма се случуваше во последното коло кога на 15 минути до крај Фулам заостануваше, но со голот со глава на Дени Марфи целта беше остварена.
Идниот период беше доста плоден, екипата заврши 7-ма, што претставува највисок пласман откако постои клубот.
Наредната сезона клубот стигна до финалето на Лига Европа откако на патот до таму го елиминираше Шахтјор, а со драматични пресврти беа елиминирани и Хамбергер и Јувентус.
Домот на Фулам се наоѓа на брегот на Темза, екипата игра на Крејвен Котиџ (25 700) уште од 1896 година, единствено исклучок се двете години 2002-2004 кои ги помина принудно на Лофтус роуд, стадионот на КПР додека Крејвен Котиџ се реновираше.
Најголеми ривали ни се Челзи, кој патем е формиран за инает од Фулам, КПР, Брентфорд и Вест Хем.
Најзначајна личност која потекнува од школата на Фулам е Боби Робсон, додека најголема легенда на Фулам е Џони Хејнс кој поминал 18 години на Крејвен Котиџ и забележал 594 натпревари и 147 голови, исто така има и 56 настапи за репрезентацијата на Англија. Фулам одбил понуда за него вредна 80 000 фунти што ќе го направела убедливо најплатениот фудбалер на светот. Една од трибините го носи неговото име пред која се наоѓа и негова статуа.
Од селибрити светот, Хју Грант и Лили Ален се навивачи на Фулам.
После Фулам-Атлетико Мадрид 1-2