Ајде да дадеме коментарчиња сега по мечот
Пред се сум многу задоволен од играта, 90% наш меч беше ова, континуирани напади, Рибери одличен по страна момакот е феномен ама маалку за нијанса по не циција да биде (нешто како Коби при Лејкерс, почна да подава немаат пораз)
Нападот, Валбуена исто одличен, штом влегоа Мењез и Жиру се влеа живост и жар, но Бензема, ах човече каде си?
Зарем на сите фанови не ви фали оној млад талентиран Бензема што секоја акција ја крунисуваше со одлична идеја? Ова очајно е да го гледаш веќе, одлично ќе пројде одлично ќе подаде дури и ќе се отвори и ќе си стори позиција за шут... и оп! Никаде.
Пречката му го попречи дури еднаш голот, 2 пати сам ливе в лице со Адлер, успеа да испадне Торес во очите на голманот..
Доста за него, примивме ужасно смешен погодок, таков кикс не смее да се дозволува но сепак ајде пријателска е и не ќе не боли толку доколку успееме да го поправиме, башка истиот играч подоцна одлично прекина со лизгачки старт нивна делумна контра и тоа пред шеснаестерец француски...
Од одбраната сум презадоволен, Рами кога влезе почна да се руши некако се... не се снаоѓа со другите 3ца како што Кош успева да се снајде бар засега но квалитетен играч е и ќе оди на подобро сигурен сум
Сисоко се супер назад само едно прашање братче.. ДО КАДЕ БЕ?
Фифа кога го држите шифтот додека трчате... лоши против продори правеше со огромен фор пред себе, само тоа да го подобри.
Сања го спомнав во одбраната, интерсепции имаше повеќе, покриваше и во средината па и на ДМ им помагаше, се на се перфектен дефанзивен меч само како во Арсенал така и тука... нафрлувањето како да го заборавил :/ До минатата сезона немаше еден ваков меч со 1 од 10 прецизни нафрлувања, некако овој сегмент му забушава...
1-2 прелаз излезе, занимливо, повторно ќе кажам... Адлер ,еднаш пречката, одличниот ум на Озил при пасот и нажалост Бензема ја доведоа Германија до победата на крајот.
ПС: Жиру да беше на тие места и позиции кои ги имаше Бензи барем 1/2 погодока ќе видевме, а и за поништениот погодок не знам колку беа во право... драстичен офсајд беше при ударот но одбивањето на топката од противничкиот играч дали треба да се санкционира како офсајд или како топка после допир на противник... не знам и не ќе се бунам во тој дел сепак си покажавме карактер и прекрасни перформанси од поголемиот број актери
))