Добра утакмица вчера....конечно гледам брза игра,кај што отскокнува колективот а не поединци. Само уште одбраната да се стегне малце,би било одлично. Вчера 10 пати ни дадоа фаул кош,такви пропусти во иднина се надевам дека ќе нема. Вака сеа-Мекинтош слабо,ама цело време додека беше во игра правеше болни гримаси,ваљда беше повреден нешто и затоа толку малце изигра. Соколов звер,му тргна шутот па на крајот кога опасно се приближија Куманово тој ги реши со уште една тројка. Самарџиев и Кнежевиќ,конечно покажаа добра партија под водство на Кадија. И во одбрана и во напад. Вучуровиќ и Симоновски исто добри. Брчков слабо(ништо ново),а Харпер Камп одигра одлично за таа минутажа што ја доби и на никој не му е јасно зошто го играат само по 10-15 минути на утакмица. И за крај-Бојан Трајковски. Неам коментар,колку само напредна одкога дојде Кадија за тренер...Како мало дете си го претрчуваше Луковиќ,а врв на се беше кога ја заби преку него за делириум во салата. Боки,ако продолжиш вака ќе имаш солидна минутажа и на Е.П.