Фан Клуб: Славија

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
И на Кул им дадовме гол, ама загубивме :D

Славија-Кул 1-2

Ставен е крај на серијата од 7 натпревари без пораз.
Класично дерби со трето полувреме во кое летна по некој бокс и клоца, па се чекаше на полициско засилување за да си отидат гостите.
Кул се единствена екипа без изгубени бодови и имаат топ екипа за општинска лига, па со победава ја продолжуваат битката со Студеничани за трета лига.
Уште на нивни терен било жестоко со нив, така што се очекуваа инциденти денес. Кул се млада екипа со неколку поискусни играчи и горе-доле ривалството со нив е во тоа што нивниот газда го држи општинскиов сојуз и нашите во него ја гледаат вината во наводно лошо судење кое го добиваме :D На гости имаме многу лошо судење во дерби утакмици, а кај нас секогаш ставаат некои поасални судии кога играме со појаките и има поправедно судење.
Не се мирисаат многу со него општо. Кул го купија игралиштето на Цементара, сега они се главни таму. Имаат младински категории кои солидно котираат (пример вчера ги преслушаа младите на Пелистер) и дел од нив играат и за првава екипа. Го откупија и ЖФК Истатов и го преселија од Дојран во Скопје. Пример, Ѓоре Јовановски им е координатор на младите категории.

Ама заборавија дека во општинскава лига нема многу фудбал :D
А ништо не навестуваше дека натпреварот ќе биде интересен, затоа што Кул брзо поведе со 0-2.
Двата гола паднаа по прекини. Прво при слободен удар кој беше престрого досуден, голманот несмасно одби и натрча нивниот напаѓач кој погоди за 0-1.
Вториот гол беше евроголчиште, ретко виден гол во овие лиги. Нафрлување од корнер, пукање волеј од прва од раб на шеснаесетник, ќе ја искинеше мрежата.
Славија почнаа да напаѓаат, а со тоа дојде и до притисок врз судиите. Имавме еден добар волеј, кој во последен момент го изблокираа во корнер, инаку ќе беше сигурен гол.
Играчите меѓусебе се знаеа, исто и со судиите и овие не делеа картони, иако имаше остри стартови.
Во второ полувееме Славија го смени десниот бек со даааалеку подобар играч (не ми е јасно зошто не стартуваше) и при една контра овој намали на 1-2.

Е тука почна интересното :D
Противничкиот напаѓач почна да провоцира, направи два поостри фаули и го навлече гневот. Пола тим сакаа да го тепаат, пола делеа и да не беа они ќе гледавме општа тепачка.
Јас не знам од каде доби толкава сила дечкото, му се пуштаат толку луѓе, овој им вика ајде бе, ајде да ве видам :D А ниту еден од негова екипа не го бранеше.
Два пати јадеше стартови за затвор, а еднаш по грешка го изеде и друг ниврн играч.
Али мајсторски ја претворија утакмицата во хаос, за да има се освен фудбал. Мислам дека да останеа смирени играчите на Славија, сигурно ќе изедначеа.
Имаа една шанса во мешаница, ама голманот нивен се фрли врз топката и го спаси голот.
И само што се свирна крај, му се пуштија дел од играчите и испи по некој бокс и клоца, отиде позади џандарите да се крие.
Сепак, меѓу другите играчи се беше фер, си подадоа раце, никој не беше чепнат. Мораше да дојде полициско засилување за да излезат од терен.
Дрва едни :)
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
како е летниот преоден рок во Славија? двајца играчи веќе преминаа во Слободен, меѓу нив и најдобриот играч Ѓунер, кој за Славија играше на лажна.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.962
Поени од реакции
73.882
како е летниот преоден рок во Славија? двајца играчи веќе преминаа во Слободен, меѓу нив и најдобриот играч Ѓунер, кој за Славија играше на лажна.
Летниот рок поминува со 2 прекинати од 3 пријателски утакмици :D

Преселска екипа станаа, се вративме во времето кога одредени играчи на тогашното ЈСП хараа низ лигата :D Дури и на мене што ги следам 30 години, ми е тешко да ги оправдам селските однесувања на поедини фудбалери. Ама тоа е кога скоро ниту едно дете нема од населбава што игра за тимот.

Гледам дека и тебе ти се пуштија завчера, не знам што толку омраза се створи меѓу двете екипи :D
Значи амбиции за повисок ранг не постојат ни годинава...
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
Летниот рок поминува со 2 прекинати од 3 пријателски утакмици :D

Преселска екипа станаа, се вративме во времето кога одредени играчи на тогашното ЈСП хараа низ лигата :D Дури и на мене што ги следам 30 години, ми е тешко да ги оправдам селските однесувања на поедини фудбалери. Ама тоа е кога скоро ниту едно дете нема од населбава што игра за тимот.

Гледам дека и тебе ти се пуштија завчера, не знам што толку омраза се створи меѓу двете екипи :D
Значи амбиции за повисок ранг не постојат ни годинава...
јас не бев на утакмицата, бев на скара во Припор :D ама пуштив на мобилен и видов што се случи на крај.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.962
Поени од реакции
73.882
јас не бев на утакмицата, бев на скара во Припор :D ама пуштив на мобилен и видов што се случи на крај.
Сум те помешал, цела екипа исто сте се ишишале :D

Туку, кога почнува првенствово и кој е фаворит годинава?
Имаше муабет дека Кул ќе го купеле местото на Бутел во трета лига.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
крај на септември или почеток на октомври треба да почне. фаворите се знае, Кул и Студеничан.

не сум слушнал за Кул дека ќе купувале место, ако купат боље за нас.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
не сте ми јасни Славија. вршите пренос во живо, ама на стори на Инстаграм. правете го на Јутјуб, барем ќе може и после да се гледа и ќе остане.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.962
Поени од реакции
73.882
не сте ми јасни Славија. вршите пренос во живо, ама на стори на Инстаграм. правете го на Јутјуб, барем ќе може и после да се гледа и ќе остане.
И јас истото го мислев :D

Победа на стартот од сезоната на тешкото гостување во Долно Лисиче.

Победа ДЛ - Славија 1-3

Следно коло дерби во Пржино протов Кул. Ќе има ќотек :D
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
недела во 10 сабајле ќе се пресметаме лигашки. изглеа ќе победи кој помалку испил ноќта....

за жал пак нема да дојдам, терминиве ни ги ставаат баш кога сум на работа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.962
Поени од реакции
73.882
недела во 10 сабајле ќе се пресметаме лигашки. изглеа ќе победи кој помалку испил ноќта....

за жал пак нема да дојдам, терминиве ни ги ставаат баш кога сум на работа.
И јас ја пропуштам, нема да сум во државава.
Само да не заврши ко што "заврши" со Кул :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.962
Поени од реакции
73.882
Планирав да одам да ги гледам вчера, ама не стигнав да отидам.

Инаку, ова е војната што се води со ФК Кул веќе три сезони. По мене тотално неоправдано. Срчкани се таму меѓу раководствата, плус ниту една екипа не ги сака овие Кул дека наводно ги форсираат судиите. Тие се млада екипа, со по некој поискусен играч. По мене другите екипи сакаат да искористат што овие се млади играчи и уште од старт маваат. Славија се класична екипа за масакрирање, пола од играчите тепаат и викаат по судии цело време :D Мене не ми се допаѓа што секогаш се налекетризирани и даваат се од себе да им земат бодови на екипа како Кул која е македонска, а со Студеничани кога играат најпријателски е, по 10 комада примаат. Кул не се некои провокатори, повеќето се деца од нивната школа, едино што некогаш знаат судиите да им помогнат (али реакциите на противниците се малку претерани). Е сега, го имаат Милан Ристевски ради кој почна цела сага со инцидентиве против нив. Типчето провоцираше кога ќе дадеше гол и овие ми го собираа и кога виде дека ќе јаде ќотек, место да прекине, тој уште толку се јачаше.
Така ланска сезона (возвратната во Пржино) го бркаа по цел терен, изеде по некој бокс и клоца. Во првата утакмица лани на Цементара, мислам дека ти кажуваше дека си ја гледал и колку грубо се играло од наша страна.

Годинава во Пржино беше урнебес. Се прекина утакмицата по општа тепачка. Пак Славија доби едно 4-5 црвени картони. Во тепачката се вклучи и публика, хаос беше. Едноставно кога и да дојдат во Пржино, пречекот им е како да на времето кога игравме со Дрита или драчевските екипи :D

Како што наслушнав, вчера исто нашиве биле криви. Имало некое незадоволство од судиски одлуки и пак се степале, односно натепале неколку противнички играчи :D

Не знам што да кажам, непотребни сцени со македонска екипа. Секако играчите се комшии по населбиве од општинава...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.962
Поени од реакции
73.882

И до црна хроника стигнавме... :D
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.797
Поени од реакции
39.996
На крај им ги дал сите картони затоа што почнале да тепаат некој играч на Кул, не знам кој бил. Кога завршил натпреварот, дошло полиција да прави записник, а играчиве на Славија ја прерипале оградата што е кај булеварот под игралиштето и избегале. :icon_lol:

Како и да е, децава не се некои провокатори не знам што толку се на ратна нога. :D
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
али и на Славија сојузот ѝ попушта. за 5 директни црвени картони сите играчи добија само 1 натпревар суспоензија, а по сите правила се дава автоматски 2, може и повеќе во зависност од прекршокот.

сеа в недела против Слободен планирам да отидам, во Горно Лисиче ќе се игра, али проблем е лошиот термин од 10 саат. се надевам ќе станам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom