Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.115
Поени од реакции
66.057

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.512
Поени од реакции
1.480
да не го имаш во поголема верзија? ова од инста го извадив, ама премало е.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.115
Поени од реакции
66.057
Прва полусезона:
Славија - Вардар 75 5-0
Славија - Кул 0-2
Зелениково - Славија 1-2
Еуромилк Горно Лисиче - Славија 2-0
Текстилец - Славија 1-1
Партизан Драчево - Славија 4-1
Славија - Победа Долно Лисиче 3-1

Ако добро водам евиденција, вчера заврши првиот круг од сезоната. Славија беше подобра од Победа, стигнувајќи до третата победа. Претходно тежок пораз од фаворитот во лигата, Партизан и несреќен пораз од другиот претендент за прво место, Еуромилк.

Со скор од 3-1-3 и гол разлика 12-11, Славија го заврши првиот дел како четврто или петто пласирана.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.115
Поени од реакции
66.057
Денеска, Славија - Зелениково 0-1.
Циркузи и резили, ретко видени случувања дури и за моето 20 годишно искуство во ниските лиги :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.115
Поени од реакции
66.057
Славија - Текстилец 2-4 (1-2)

Пораз во првото коло од општинската лига на Кисела Вода. Во дуел меѓу екипи со изедначен квалитет, победникот го реши немањето добар голман.
Текстилец е за нијанса подобра екипа, ако ништо друго далеку помлада :D Барем пола нивен тим играше и за Славија во минатото и токму левото крило не растури на натпреваров.

Текстилец поведе, па Славија израмни со многу добар гол. До крајот на полувремето, Текстилец постигна доста сомнителен гол, но натпреварот се играше бе, помошник судија од таа страна, па немаше кој да сигнализира офсајд.
Од овој момент, Славија ја презеде иницијативата, особено на почетокот на вториот дел. Па така, по една акција од лева страна, се излезе во ситуација 2 на 1 со голманот и лесно беше матиран.
Продолжија нападите, но немаше некои преголеми шанси. При една контра, напаѓачот на Текстилец доби топка во празно, младиот голман на Славија место да излезе да ја собере, се двоумеше и им подари лесен гол.
Тука падна мотовацијата, па примивме уште еден убав гол. Одличен удар со ефе од раб на шеснаесетник, мајсторски изведен. На голот одново кумуваше лошата поставеност на нашиот голман.
На 2-3, ќе дадеа уште еден еврогол, ама со шут од далеку ја рецнаа само стативата.
Славија имаше две шанси за намалување на водството, ама топката на два пати мина крај стативата.

Тимов е ептен старски, со капитенот Трпевски, пржинец кој сигурно има накај 50 години :D Во одбрана просечна тежина е 130 кила, ама како се подвижни секоја чест :D
Таман е тимот за 4-5 место, доста воиграни се поголемиот дел на екипите.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
5.437
Поени од реакции
30.518
А кое ви е голманчево? Нели порано бранеше советникот, а знам и дека детево од Припор брани по селскиве турнири, и тоа доста добро, што не го пробаат него на гол. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.115
Поени од реакции
66.057
А кое ви е голманчево? Нели порано бранеше советникот, а знам и дека детево од Припор брани по селскиве турнири, и тоа доста добро, што не го пробаат него на гол. :D
Советникот играше лев бек :D
Еве слика од пријателската против ФК Слободен, истово дете бранеше и во неделата.
Во однос на сликава уште 2-3 нови играчи имаше.

Screenshot_20220928-110936_Instagram.jpg


Пржино и Црниче имаат млади фудбалери кои може да играат, ама некако нема интерес да се ебаваат дури и рекреативно.
Порано имавме капитен и во третите лиги, сега има деца што играат за Скопје и Гостивар. Само од населбата може да се соберат неколку души кои би играле пред моменталниве играчи. Има едно дете што игра многу добро, ама ни го лапнаа Аеродеом.

Првово коло предизвика добар интерес, околу 100тина луѓе беа дојдени да гледаат.
Годинава има 10 екипи во лигава, две драчевски ССК Младинец (имаат екипа и во трета лига) и Партизан, Славија, Текстилец од Чернобил кои играат кај нас како домаќини, Зелениково кое ќе игра само како гостин, Вардар 75 од Усје, на тој стадион ќе играат и новоформираните ФК Слободен (кои со нивната ажурност на социјалните мрежи комплетно ја живнаа лигата), Победа од Долно Лисиче, ФК Кул (академијата што ја презема Цементара и играат на нивното игралиште), како и Студеничани кои си играат кај нив.

Вака од око, мислам дека Студеничани се фаворити за прво место. Не знам Партизан Драчево дали ги имаат истите амбиции од пред короната, ама во прво коло изгубиле 4-1 во Студеничани.
Текстилец се воиграни, сигурно и Кул имаат солиден тим.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.115
Поени од реакции
66.057
Зелениково - СЛАВИЈА 4-1
СЛАВИЈА - Слободен 0-0

Огромно разочарување од денешниот резултат, со оглед на развојот на настаните.
Се покажа дека фали некој помлад играч во нападот кој ќе знае да даде гол и по можност да не е толку дебел како остатокот во екипата :D
Славија имаше посед од може 80%, особено во второ полувреме овие не се составија со топката, една контра имаа и толку.
Сто шанси, два пати утнато од сама гол линија и промашен пенал во 90та.
@Harry Potter брате, денес бевте антипропаганда на фудбалот. Дојдени со 11 играчи, голманот држи време уште од прва минута, прт минути му требаа за да изведе гол аут. Во второ полувреме секои 5 минути некој лежеше на тревата, апла одење на 0-0.
Колку е само отиден надолу фудбалот меѓу младите, па порано овие две екипи би губеле по 20-0 во трета лига.
Се собрале млади дечки, од 15та минута не може да одат, освен тројца одбранбени играчи што ги имавте кои искинаа, другото не е за фудбал.
Нашиот капитен Шиле има околу 50 години и ко млад никогаш не успеа да се пробие во трета лига, а денес на оваа возраст беше како Модриќ за 90% од оние на теренот.

Славија го потцени противникот, мислеа ќе тепаат лесно ко а пријателската. И кога не можат да дадат гол, одма почнуваат со расправии меѓусебе што води до себичност и растурени акции. Да дадеа ран гол, гарантирам дека ќе дадеа и над 5 гола денес.
Играч на натпреварот дефанзивецот на Слободен, дечкото имаше едно 4-5 успешни клизачи во последен момент иедно 30 удари со глава. И не е заебанција ова, стварно едно 30 пати ја удро топката. Не знам како не доби потрес на мозок :D

Славија со сто шанси. Статива во прво полувреме, како и еден добар корнер кога Шиле ја мавна со глава и на втора статива само требаше да ја допре некој.
Во второ полувреме постоеше само една екипа. Не знам колку шанси утнаа. Еднаш нафрлување од десно, нашиот играч ја утна топката, сам пред линија. После Ѓунер добро влезе од лево, ја врти до Шиле, овој од пред гол линија го префрли голот.
Ѓунерот имаше уште неколку продори во кои излегуваше со голманот сам на сам, ама овој се разбрани.
И под цела таа опсада на голот, во 90та минута Славија добива заслужен пенал. Баже Куче познат по општинскава лига, кој е измислен за останатите, само да намали килажа, зема да шутира, што беше грешка со оглед на тоа што константно беше нервозен и во конфликт со судијата. Претходно судијата му даде жолт, па под закани последните 15 минути малку судеше за нас, иако се на се, добро отсуди.
И како што секогаш бива, голманот на Слободен го прочита, а ја одбрани и одбиената топка.
Покрај дефанзивецот, втор најзаслужен за освоениот бод.
По одбранетиот пенал, малку непотребни тензии, а и тие што се тренери на Слободен, малку претераа со провокации, мислиш освоиле бод со Манчестер Сити.
Слободен имаа една контра јака на крајот, одличен лоб на нивниот играч, ама топката отиде над гол.

Славија заслужи повеќе бодови во овие кола, ама тоа е фудбалот.
Играат напаѓачки, многу промашуваат и стигнува казната.
Си треба освежување на клубот со малку помладешка крв.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.512
Поени од реакции
1.480
има видео објавено на Кајгана: https://kajgana.com/vo-przhino-srede-fudbal-sleta-paraglajderist

иначе да, ние бевме дојдени да не примиме гол оти бевме само 11 играчи од кои некои не можеа да играат 90 мин и беа дојдени за да бидат замени, ама немаше луѓу и сите дојдени моравше 90 да изиграат. тешко беше да се игра, особено што во второ ни се повреди напаѓачот и остана на терен само колку да смета. овој бод за нас е рамен на победа. дефанзивата беше однапред испланирана, тоа беше тактичка определба. јас лично одиграв мн слабо, особено прво полувреме и цела среќа што не падна гол по моја вина (десен бек бев) оти мн топки промашив, лошо се поставував при дуели, ко небаре да сум пиев цела ноќ (а капка алкохол се немав напиено). на крај се извадив со пеналот кога спречив гол на одбиена. јбг, за прва сезона ок сме со оглед на тоа што 90% од играчите сме од мал фудбал (се виде со изведувањето аути). прво коло во Долно Лисиче одигравме мн подобро, а изгубивме 4:0, ама и тие се класа над Славија.

а реално треба службено да ви ја зееме 3:0 оти игравте со пола играчи нерегистрирани. да знаевме и ние да дојдевме со такви мн појаки ќе бевме.

 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.115
Поени од реакции
66.057
Тој високиот ви е исто добар играч, мислам дека сум играл мал фудбал против него :D

Ја скина за малку за пеналот, инаку ќе го бапнеа на одбиена :D

Инаку, тоа со нерегистрираните играчи, не е дека за натпреваров зеле некои специјално, едноставно истите играат цело време. Не верувам Мандарот да не регистрирал некого, бар низ годиниве пазеа на тоа :D
Цела лига така играат, мене пример ми е педерски што Партизан Драчево им ја зеле службено на Студеничани кога ги тепаа 4-1 на терен...

Колку се плаќа за регистрација на играч?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom