Зелениково - СЛАВИЈА 4-1
СЛАВИЈА - Слободен 0-0
Огромно разочарување од денешниот резултат, со оглед на развојот на настаните.
Се покажа дека фали некој помлад играч во нападот кој ќе знае да даде гол и по можност да не е толку дебел како остатокот во екипата
Славија имаше посед од може 80%, особено во второ полувреме овие не се составија со топката, една контра имаа и толку.
Сто шанси, два пати утнато од сама гол линија и промашен пенал во 90та.
@Harry Potter брате, денес бевте антипропаганда на фудбалот. Дојдени со 11 играчи, голманот држи време уште од прва минута, прт минути му требаа за да изведе гол аут. Во второ полувреме секои 5 минути некој лежеше на тревата, апла одење на 0-0.
Колку е само отиден надолу фудбалот меѓу младите, па порано овие две екипи би губеле по 20-0 во трета лига.
Се собрале млади дечки, од 15та минута не може да одат, освен тројца одбранбени играчи што ги имавте кои искинаа, другото не е за фудбал.
Нашиот капитен Шиле има околу 50 години и ко млад никогаш не успеа да се пробие во трета лига, а денес на оваа возраст беше како Модриќ за 90% од оние на теренот.
Славија го потцени противникот, мислеа ќе тепаат лесно ко а пријателската. И кога не можат да дадат гол, одма почнуваат со расправии меѓусебе што води до себичност и растурени акции. Да дадеа ран гол, гарантирам дека ќе дадеа и над 5 гола денес.
Играч на натпреварот дефанзивецот на Слободен, дечкото имаше едно 4-5 успешни клизачи во последен момент иедно 30 удари со глава. И не е заебанција ова, стварно едно 30 пати ја удро топката. Не знам како не доби потрес на мозок
Славија со сто шанси. Статива во прво полувреме, како и еден добар корнер кога Шиле ја мавна со глава и на втора статива само требаше да ја допре некој.
Во второ полувреме постоеше само една екипа. Не знам колку шанси утнаа. Еднаш нафрлување од десно, нашиот играч ја утна топката, сам пред линија. После Ѓунер добро влезе од лево, ја врти до Шиле, овој од пред гол линија го префрли голот.
Ѓунерот имаше уште неколку продори во кои излегуваше со голманот сам на сам, ама овој се разбрани.
И под цела таа опсада на голот, во 90та минута Славија добива заслужен пенал. Баже Куче познат по општинскава лига, кој е измислен за останатите, само да намали килажа, зема да шутира, што беше грешка со оглед на тоа што константно беше нервозен и во конфликт со судијата. Претходно судијата му даде жолт, па под закани последните 15 минути малку судеше за нас, иако се на се, добро отсуди.
И како што секогаш бива, голманот на Слободен го прочита, а ја одбрани и одбиената топка.
Покрај дефанзивецот, втор најзаслужен за освоениот бод.
По одбранетиот пенал, малку непотребни тензии, а и тие што се тренери на Слободен, малку претераа со провокации, мислиш освоиле бод со Манчестер Сити.
Слободен имаа една контра јака на крајот, одличен лоб на нивниот играч, ама топката отиде над гол.
Славија заслужи повеќе бодови во овие кола, ама тоа е фудбалот.
Играат напаѓачки, многу промашуваат и стигнува казната.
Си треба освежување на клубот со малку помладешка крв.