Фан Клуб: Свонси

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.044
Поени од реакции
57.263
Сериозно бе... @фанови на Арсенал, бар фала да кажевте :(
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
Изгледа ќе заврши. На позајмица во Севиља.
Има ли пилот во авионот???
Многу ми е криво што не се снајде во ПЛ, имаше повреда на почетокт и Свонси го земаа Санчез па мораа него да го играат оти му беше љубимец на Клемент.
Лани газеше дечково за Лас Палмас, во топ 10 играчи од средниот ред беше во Ла Лига.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Утре Свонси-Арсенал X :D
Сакав да ја играм на 500 денари икс ама ќе ме заебеше :pos::pos::pos::pos:
На безвезе ливче ја фатив 1x, и тоа беше поклон квота 2.50. Сепак голем пропуст на лебедите, требаше утакмицава да ја сочуваат својата мрежа :toe:

Кој е следен хехехехе
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.044
Поени од реакции
57.263
Во моменти кога треба да се борат за промоција, продаваат се квалитетно што остана.

Толку од клубов.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.044
Поени од реакции
57.263
Еден пост пред новата сезона.

Составот прилично ослабнат во однос на минатата сезона, но добрите резултати на подготвителните натпревари ми даваат мала доза на оптимизам. Максимален учинок 6/6, иако освен Аталанта другите беа послаби клубови од послаби натпреварувања.

Ослабнат состав поради тоа што останаа без двајцата најдобри играчи од претходната сезона, Даниел Џејмс и Оли МекБрни. Исто и Фер си замина од поважните играчи.
Сеуште е неизвесно каде ќе завршат Андре Ају, Том Керол и Џеферсон Монтеро. За сега околу 40 милиони евра се во профит од трансфери па се надевам дека до крај на трансфер периодот ќе доведат некое добро засилување.

Борха Бастон доби втора шанса во клубот. Послаба лига како чемпионшип би требало подобро да му легне, па во отсуство на конкуренција во нападот би можел да се наметне како лидер во Свонси.

Потер стана нов тренер на Брајтон, а него во Свонси го замени Стив Купер. Не толку значајно тренерско име.

Ај доста е. И така никој ниту чита, ниту реплицира во темава :D
Автоматски споено мислење:

И додека пишував мислење за нив, примиле гол.
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.044
Поени од реакции
57.263
Нека стои тука, пошто не знам дали ќе имам можност пак да го видам истото :D

1567616877096.png

Јас сум позитивно изненаден од Свонси. Одлични резултати и во лига и во куп.

Прогнозата за Борха Бастон ми беше на место. Моментално е прв стрелец во Чемпионшип и нека продолжи така.
Големо засилување е тоа што успеаа во тимот да го задржат Андре Ају, најголемото име во тимот. Исто така и Том Керол остана, но сеуште се рехабилитира од повредата (доби шанса минатата среда во купот).

Многу е рано да се прогнозира. Добри тимови имаат и Фулам, ВБА, Лидс, но делува дека овој Свонси има сериозни шанси да се врати во ПЛ.


Инаку од денес е спортски директор :)

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.891
Поени од реакции
84.240
Ех, ќе се бори Свонси за влез во ПЛ годинава, освен ептен ептен ако не сјебат, имаат сосема ок екипа
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.044
Поени од реакции
57.263
Кикснаа против сите три последно пласирани екипи. Вака во ПЛ, не! :facepalm:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.891
Поени од реакции
84.240
Кикснаа против сите три последно пласирани екипи. Вака во ПЛ, не! :facepalm:
Што ви е целта за сезонава? :D

Мислам дека Свонси баш и не се меѓу топ фаворитите за први места, повеќе се некаде топ 10 екипи што треба да се борат за Плејоф до крај, па ако влезат таму може и до ПЛ.

Мислам им фалат некои работи за ПЛ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom