Многу ми е криво што не се снајде во ПЛ, имаше повреда на почетокт и Свонси го земаа Санчез па мораа него да го играат оти му беше љубимец на Клемент.
Лани газеше дечково за Лас Палмас, во топ 10 играчи од средниот ред беше во Ла Лига.
Сакав да ја играм на 500 денари икс ама ќе ме заебеше
На безвезе ливче ја фатив 1x, и тоа беше поклон квота 2.50. Сепак голем пропуст на лебедите, требаше утакмицава да ја сочуваат својата мрежа
Составот прилично ослабнат во однос на минатата сезона, но добрите резултати на подготвителните натпревари ми даваат мала доза на оптимизам. Максимален учинок 6/6, иако освен Аталанта другите беа послаби клубови од послаби натпреварувања.
Ослабнат состав поради тоа што останаа без двајцата најдобри играчи од претходната сезона, Даниел Џејмс и Оли МекБрни. Исто и Фер си замина од поважните играчи.
Сеуште е неизвесно каде ќе завршат Андре Ају, Том Керол и Џеферсон Монтеро. За сега околу 40 милиони евра се во профит од трансфери па се надевам дека до крај на трансфер периодот ќе доведат некое добро засилување.
Борха Бастон доби втора шанса во клубот. Послаба лига како чемпионшип би требало подобро да му легне, па во отсуство на конкуренција во нападот би можел да се наметне како лидер во Свонси.
Потер стана нов тренер на Брајтон, а него во Свонси го замени Стив Купер. Не толку значајно тренерско име.
Ај доста е. И така никој ниту чита, ниту реплицира во темава
Нека стои тука, пошто не знам дали ќе имам можност пак да го видам истото
Јас сум позитивно изненаден од Свонси. Одлични резултати и во лига и во куп.
Прогнозата за Борха Бастон ми беше на место. Моментално е прв стрелец во Чемпионшип и нека продолжи така.
Големо засилување е тоа што успеаа во тимот да го задржат Андре Ају, најголемото име во тимот. Исто така и Том Керол остана, но сеуште се рехабилитира од повредата (доби шанса минатата среда во купот).
Многу е рано да се прогнозира. Добри тимови имаат и Фулам, ВБА, Лидс, но делува дека овој Свонси има сериозни шанси да се врати во ПЛ.
Мислам дека Свонси баш и не се меѓу топ фаворитите за први места, повеќе се некаде топ 10 екипи што треба да се борат за Плејоф до крај, па ако влезат таму може и до ПЛ.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.