Фан Клуб: Рома

Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Карсдорп во Аталанта за 7 милиони. Фазио заминува исто и бира меѓу 4 клуба.
ЖЖ заминува во Џенова.
Фенербахче со понуда за Пероти, кој веројатно ќе ја прифати.
Коларов во Интер.
Флоренци по сѐ изгледа ќе оди во Евертон.
Шик во Леверкузен за над 25 милиони.
За сантон и олсен засега нема шпекулации.

Се надевам дека побрзо ќе се ослободиме од овие фудбалери и ќе направат некој влезен трансфер.


Потребни ни се најмалку тројца централни бекови. Се надевам еден од нив ќе биде Смолинг. Заинтересирани биле за некој од Атлетико Мадрид.
За голманската позиција сѐ уште енигма.
На лев бек сме покриени со Спинацола и Калафиори. Мило ми е што на малиов ќе му дадат шанса.
На десен бек останавме само со Бруно Перез кој може да добие бразилско куроболие на сред сезона и да се чудиме.
Средината ќе има измени. Верету мислам дека ќе остане, а исто така Кристанте, Пелегрини и Вилар. За Диавара не сум сигурен. Како и да е и тука ќе ни требаат 1-2 играчи. Би било добро да се земи нешто искусно и технички добро потковано.
На десно крило ги имаме Перез и Заниоло. Ундер ќе си оди.
Лево ги имаме Мики и Педро.
Шпиц ќе треба, ако си оди Џексон, а исто и замена.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.147
Поени од реакции
3.098
Сантон е пред потпис со Бешикташ на 1 год позајмица и дел од платата Рома да покрива..
Читав Фенер се откажале од Пероти поради високата плата, но мислим може лесно да се ослободат од него ќе стигне од Шпанија некоја понуда или Бока..
Убаво пиша Сантино што ни треба. Пасторе во секој пост ми е.. Он да се шитне да ослободи место за некој по искусен..
Само незнам зошто Карсдорп во Аталанта а не ван Италија.. Очекувам да го разиграат и да се чудиме..
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
60% од 30% ќе изигра :icon_lol: Не верувам дека ќе се изнаигра ама да видиме.

Мислам дека Смалдини ќе се врати пред почеток на сезона и ќе има уште еден помлад одбрамбен, најверојатно тој од Атлетико. Треба најмалце десен бек и уште еден напаѓач замена за Џеко кој најверојатно ќе остани. Сезонава не очекувам премногу. Ќе се ослободуваме од играчи има многу ѓубре и вреди да се ризикува една сзона, Лига европа не ни носи многу пари така да не е многу битно.Плус немаме ни Спортски директор ни спонзори ни ништо буквално од 0 почнуваме. Аке се ослободиме од ѓубрево наредна созна може паметно да ре-инвестираме.

exodus.jpg

Засега сме на добар пат
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Сантон е пред потпис со Бешикташ на 1 год позајмица и дел од платата Рома да покрива..
Читав Фенер се откажале од Пероти поради високата плата, но мислим може лесно да се ослободат од него ќе стигне од Шпанија некоја понуда или Бока..
Убаво пиша Сантино што ни треба. Пасторе во секој пост ми е.. Он да се шитне да ослободи место за некој по искусен..
Само незнам зошто Карсдорп во Аталанта а не ван Италија.. Очекувам да го разиграат и да се чудиме..
Пасторе го заборавив. Не е ни чудно со оглед на тоа дека топка нема шутнато еден век.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.814
Поени од реакции
8.646
Официјално, предните вкрстени лигаменти скинати на другото колено, утре ќе го оперираат, здравје март-април го гледаме на терените :(
Автоматски споено мислење:

Толку од Заниоло, џабе талент, џабе се, кога има стаклени колена, нешто како Стротман, никад веќе нема да биде истиот играч, а не па да напредува, има шанси ама тоа се мали, јас не памтам играч после две вакви повреди да напредувал..
А Рома како клуб кој баксуз е, тоа е страшна работа, ништо да не ти тргне од рака..
Автоматски споено мислење:

Патрик Шик на лекарски прегледи во Леверкузен, 29мил евра плус 10% од следна продажба
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.147
Поени од реакции
3.098
Катастрофа ти ебем лигата на местењето... За 2 недели почнува сезона гледајте што се случува..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.814
Поени од реакции
8.646
Дан и Рајан Фридкин вчера пристигнаа во Рим. Се запознаа со Фонсека и играчите, денес Дан Фридкин повторно во Тригориа и то :)

Флоренци на позајмица од 1мил евра во ПСЖ и право на откуп од 9мил евра, ова какп гром од ведро небо..
Со Шик и Коларов дојдовме до 30мил евра од продажби. По повредата на Заниоло, Ундер изгледа е тргнат од трансфер листата. Наполи сега бара "само" 35мил, за разлила од првичните 50мил за Милик.
Џеко некако не му се оди од Рома и тоа ми се допаѓа, нема Милик или Жиру да го заменат како што треба, сеуште физички е доволно јак да изигра уште сезона две, само замена да му се најде.

Карсдорп изгледа во Џенова за 7мил евра после одиграни одреден број на утакмици.
Фазио, Пероти, Хуан Хесус, Сантон, Пасторе, Олсен се сеуште во клубот :(
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.723
Поени од реакции
1.994
Жиру ќе потпише за Јувентус, а Милик според мене е подобра опција од Џекo на подолгорочен план... Првава сезона ќе му треба време да се прилагоди, па од следната ќе си гази ... Најдобра опција би била двајцата и Џеко и Милик, со продавање на вишокот играчи (ги има многу) ќе се ослободи простор за плати...
Мене ме плаши одбраната, посебно централните бекови, и десен бек... Со Смолинг уште нема ништо, а доколку купиме друг ќе му треба време да се уигра не знам зошто толку многу чекаат нашите... Десен бек ќе ни остане само Бруно Перез, а од него се може да се очекува...
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.147
Поени од реакции
3.098
Многу, многу касниме со сѐ!
1.Појачања нема
2.Од шутот тешко се ослободуваме
3.Серија А нареден викенд почнува..

Ако продолжиме со ова темпо успех ќе биде 7-8 место..
Класичен просечен клуб станавме за 2 години..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.814
Поени од реакции
8.646
Конечно нешто конкретно, талентираниот дефанзивец Мараш Кумбула во Рома, има 20 години и лани импресионираше во Верона. За него беа заинтересирани Лацио, Интер и Наполи. Јас не сум го гледал, ама сумите за негов трансфер беа големи.
Денес доаѓа на лекарски прегледи, ќе заработува 2мил евра со вметнати бонусо, а трансферот ќе биде дефиниран како позајмица сп задолжителен откуп од 30мил. Али уште не е обелоденето како ќе се плаќаат тиа 30мил, можно е Цетин да биде вметнат во трансферот и можно е на неколку рати да се плаќа.

Со Наполи имаат договор за Милик, вкупно 25мил евра, 3мил за позајмица, 15мил за откуп на крај година и 7 мил во лесно остварливи бонуси. Али играчот уште не е кажал ДА на Рома на 5 годишен договор вреден 4,5-5мил евра по сезона.

Што е до мене не го сакам Милик, инџури проун е, кај него секоја година константни се повредите од 2 месеци.

Карсдорп овие денови треба да оди во Џенова на позајмица и задолжителен откуп од 7мил доколку одигра одреден број натпревари.

Фиорентина го сакаат Фазио.

Се работи на донасање на Де Шиљо на сува позајмица :facepalm:

Милик доколку дојде, Џеко ќе оди во Јуве за 12-15мил евра.

Херта и Лестер го сакаат Ундер.

А Манчестер не попушта за Смолинг, Кумбула не влијае на овој трансфер.

Ако дојде и Смолинг ќе видиме како ќе изгледа одбраната, моментално е крш, све млади играчи, ќе видиме дали ќе има напредок и кај Манчини и Ибањез..
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.723
Поени од реакции
1.994
Кај имаме мака со повредени фудбалери уште он ни фали... Подобро Карсдорп да остане него Де Шиљо да го земеме...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom