Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.832
Поени од реакции
8.676
Рома после коронава, 3 порази, па мењање тактика со тројца во одбрана и еве три победи.

Без разлика на победиве, мене ич не ми се допаѓа тактикава, тројца дефанзивци, два бека, дури четири средњаци и еден шпиц... епа зашто крила купувавме, што ќе правиме со Клајверт, Ундер, Пероти и Карлес Перез???

Можеби сме постабилни у одбрана, ама не можеш да одеш со тактика да нафрлуваш само на Џеко, тој да спушта на некој од Мхтаријан, Заниоло и Пелегрини и да го напаѓаш противникот... што правиме кога противникот позиционирано ќе се брани, како гол ќе дадеме??


Клубот од газда до тренер и персонал не знае кај тера моментално, Петраки официјално е набркан, ќе ги тужел, набркан Нела, мислам беше 10 години во клубот, вчера официјално раскин на договорот со Најк...


Нема никаква стратегија, изгледа се прават напори да добијат зелено светло за стадионот, за да Палота во продажбата на клубот си ги наплати и тие 80мил евра што се потрошени во процедурите за нов стадион...
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.163
Поени од реакции
3.125
Речи како ќе речеш ужас.. Не сме ние клуб да мењаме формации.. Немаме одвишок средства за тоа да си го дозволиме.. Башка утре ако го избркаат Фонсека што после со новиот тренер пак на 4-2-3-1 или 4-3-3 ?? Без идеја без концепт..
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Како и да е мислам дека Фонсека прави се што може со тимов. 4-2-3-1 очигледно не работеше за нас и мораше да направи нешто за да се спаси себе и да ја спаси сезоната. Едноставно немаме квалитетни играчи во моментов и 90% не би играле стандардно ни во Сампдорија. Ако не сменевме на одбрана со 3 Фонсека го чекаше исто што и ЕДФ и Руди Гарсија :) Дали ќе продожиме со 3 до крајов на сезонава и понатаму ќе видиме бидејќи сме тесни на сите позиции, ама јас верувам во Фонсека, мислам дека е единствената светла точка во моментов и доколку го избркаат ќе биде огромна грешка. Мора да му се даде шанса и да се направи тим каков што му одговара него. Доста менуваме спортски директори што носат леви играчи и таленти ко Џастин Клајверт :facepalm:. Не играме ништо посебно но се додека победуваме јас сум ок. За крилниве играчи немам што да кажам сите се кој од кој. Ундер и Клајверт имаат само желба и ништо повеќе. Перес и Мики играат добро, поготово Мики но сакам да видам повеќе од Перес за да не заврши како овие двајцава предходно. Пероти нема што да се очекува на него тој е со една нога во гроб. Во напад го имаме само Џеко кој игра како и секогаш топло-ладно и ако го погодиш дава гол, ако не не се ни замара.

Иначе во право сте, тимов е распад систем. Раскинавме со Најк, немаме пари за Нела како што пиша Борче погоре, Петраки ќе не тужи а Палота изигрува шеф... Вчера излезе една информација дека Фахад Ал Бакер, некој си милиардер од Кувајт сопственик на Винерс Груп е заинтересиран да ја купи Рома, но тој веднаш демантираше на твитер, а и од Рома ја демантираа информацијата. Е сега чудно е што доколку ја зборува вистината дека има понудено да купи некој италиански тим тогаш 100% е Рома. Како што разбрав моментално на италианската берза (Borsa Italiana) тргуваат само 3 клуба: Рома, Лацио и Јуве. Лотито сигурно нема намера да гор продава Лацио во моментов а истото важи и за Јуве, што значи единствена опција е Рома. Е сега, Фридкин има ексклузивни права за преговарање со Рома, и доколку Рома сака да преговара со некој друг мора да ги извести Фридкин и Фридкин да реши дали ќе престане да преговара и да дозволи Палота да преговара со друг. Малку чудна ситуација ама веќе неколку новинари го повторија истото. Јас искрено не верувам дека ќе има нешто од арапов, сме слушале вакви приказни и порано така да мислам дека шансите се блиску до 0. Некаде прочитав дека изјавил дека ќе доаѓа средината на август во Италија па најверојатно тогаш ќе се знае повеќе за кој клуб станува збор.

IMG_8999.jpg
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.832
Поени од реакции
8.676
Раскинувањето на договорот со Најк е предзнак дека клубот дефинитивно ќе биде продаден, бидејќи во договорот со Најк и Рома пишувало доколку следува продажба на клубот, договорот обострано се раскинува.

Сите сакаме продажба, ама истата да се случи што е можно побрзо. Да имат време новите сопственици да комплетираат нова управа, да направат план и стратегија, па пред да почне трансфер периодот клубот да биде спремен да дејствува и да не биде прекасно, па Палота да продаде некој од Заниоло или Џеко.
Оти еве испадна шпекулација дека Џеко бил лут бидејќи му било соопштено дека клубот може да го продаде. А се гледаше на мечот со Верона дека е нервозен, дури не го ни славеше голот, од друга страна па проблеми и со Заниоло, Манчини нешто му пререкол у стил дека не се залагал против Верона, Фонсека истото го потврди во интервју дека Заниоло не се доволно залагал...

Значи каша попара е ситуацијава во клубот, со ваков сопственик и ваква управа, нормално е да има безредие во тимот и нервоза кај играчите.


Уште еднаш ќе кажам, што побрзо нови сопственици нека дојдат, вака не ја бива. Нека дојдат, нека покажат амбиции, нека затворат долговите, нека покажат која им е стратегијата, колку се финансиски моќни да улагаат, па тогаш ќе видиме дали треба Фонсека да остане и дали Ундер треба да си оди итн итн
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Не дека изигравме нешто посебно ама Спинацола му подари бод на Интер... Пак иднивидуални грешки ни кинат поени
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.163
Поени од реакции
3.125
Рома - Интер 2 : 2

Може да се каже дека Рома беше далеку подобра екипа на теренот..
Катастрофалната грешка на Спинацола не кошташе 3 бода.. Место топката он Мозес го шутна и пенал за Интер.. Не е срамота да исфрлиш во аут но дечкото се уфилма во својот 16тник и се случи тоа што се случи.. До тој момент Спинацола беше еден од најдобрите на теренот..
Во оваа нова формација Спина и Бруно Перес се сосема други играчи.. Бруно курташак играше со Јанг 1 на 1..
Ќе беше добро уште да знаеше да нафрли убаво а не така килаво напамет само рокни ја во 16терец..
За првиот гол на Интер од авион се гледаше дека црно ни се пишува.. Санчез мести топка ваму никој играч не фати да чува.. И Де Фрај му ја закова на Лопез покажувајќи му на Манчини како треба кој претходно утна иста таква шанса при резултат 0 - 0..
Koларов не треба стопер повеќе да игра веза немаше вечерва..
Ибањез покажува квалитети и подобрување, се надевам така и ќе продолжи..
Со излегувањето на Диавара и Мики на Рома и падна играта.. Со Пероти ништо не правиме..
Ќе го заборавев и Пелегрини.. Слободно ПСЖ нека искешираат 30 милиони и нека си го земат. Човекот ништо не игра а е на позицијата која му одговара. Ни дриблинг ни врага од него..

Читам околу меркатото Рома заработила од Дефрел 10 и 2 милиони од Гоналон кој имале во клаузулата доколку обезбедат опстанок Сасуоло и Гранада автоматски да бидат откупени.
На тие 12 мил можат да се додадат и плус 2 мил од Пероти кој има понуда од С. Арабија и е блиску до договор.
Каљари е заинтересиран за Хесус, Милан за Шик а Бианда замина во Варегем на позајмица со право на откуп..

Следен натпревар со Спал во среда.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.832
Поени од реакции
8.676
Јас со утакмиците резултатски не се замарам уште од поразите со Милан и Удинезе. Онака си гледам лабаво, као кога гледаш последни 2-3 утакмици од првенството, кога се ти е решено и онака ревиално се игра.

Единствено ја чекам утакмицата со Севиља да видам тука до кај можеме да торукаме...


И да не знае некој каде е оној турчинот Мерет Четин??
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Јас со утакмиците резултатски не се замарам уште од поразите со Милан и Удинезе. Онака си гледам лабаво, као кога гледаш последни 2-3 утакмици од првенството, кога се ти е решено и онака ревиално се игра.

Единствено ја чекам утакмицата со Севиља да видам тука до кај можеме да торукаме...


И да не знае некој каде е оној турчинот Мерет Четин??
Сега баш излезе Фабрицио Романо со информација дека ќе оди на позајмица во Верона со право на откуп (не кажа цена), и Рома ќе има опција да го откупи назад за 15 милиони. Не знам зошто не игра повеќе, имаше неколку добри натпревари.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.832
Поени од реакции
8.676
Сакам да го искоментирам Бруно факинг Перез :icon_lol:

Па добро човекот е нереален, дефиниција за талентиран бразилец, кој кога ќе се засити не игра ништо, а кога ќе му се присака може да биде топ играч.
Од играч кој во Торино како бек имаше највеќе дриблинзи во топ 5 лигите во Европа и одличен процент на удари кон гол и трансфер во Рома, до курчоебина која лани беше пратена на позајмица у втора бразилска лига:D
За да на полусезона се врати во Рим и вајда си е рекол, ај малку посериозно, вака не ја бива и започнува супер да игра и да изиграва Мајкон у напад, што да каже човек, да се надеваме дека вака ќе продолжи и да го задржиме само доколку и наредната сезона се планира да се игра со 3ка у одбрана:toe:
Автоматски споено мислење:

И доколку сакаат и наредната година да играат 352 формација, тогаш бекови нема да ни требаат, нега го вратат и Флоренци, кој во ваква формација ќе биде подобар и од Бруно Перез :)
А лево нека ги Коларов и Спинацола
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.163
Поени од реакции
3.125
Фонсека цврсто стои на идејата да ја разигра оваа формација за ЛЕ.. На време смени формација. Сега и останатите ривали играат со пола гас кој испаднати кој се на средина од табелата но може да се примети мал напредок.. Ќе беше добро да се победеше Интер на психолошки план..
Останаа уште 4 натпревари и дуелот со Севиља по кој верувам шансите ни се 50-50 во 1 натпревар на неутрален терен..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.832
Поени од реакции
8.676
Фонсека цврсто стои на идејата да ја разигра оваа формација за ЛЕ.. На време смени формација. Сега и останатите ривали играат со пола гас кој испаднати кој се на средина од табелата но може да се примети мал напредок.. Ќе беше добро да се победеше Интер на психолошки план..
Останаа уште 4 натпревари и дуелот со Севиља по кој верувам шансите ни се 50-50 во 1 натпревар на неутрален терен..
Дај бе биди малку субјективен, навивачки настроен, кажи дека шансите се 60-40 за нас :D
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.832
Поени од реакции
8.676
Ви реков дека Бруно факинг Перес не дупел цело време, му текна да игра и влезе во Мајкон муд, голови асистенции фрчат од сите страни :icon_lol:

Заниоло, што да каже човек, изора пола терен, изџогира пет играчи, а двајца на грб ги носеше, па прави лажњак и дава прекрасен гол, чиста класа:cuc::cuc::cuc:
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.163
Поени од реакции
3.125
Калина коси, Бруно ака Маркос Евангелиста Кафу и Заниоло ала Тоти :D
Петтиот и шестиот гол беа детска порнографија :drk:
Ни требаше ваква висока победа без разлика што тоа е Спал, финиш е и за лига Европа да влезат охрабрувачки а не со црни мисли и турнати гаќи..
Смолинг 2 пати ја вадеше од гол линија, Коларов уште еднаш потврди дека не е за во 3ка во одбрана изгуби воздушен дуел и Чери ја закова.. Да не биде критикувам само дечкото даде гол од 30 метри.. Карлез Перез исто така голчина..
Бруно Перес само така да продолжи нека не му удираат бубачките..
Интересно имаше гушкање на крајот помеѓу Заниоло и Манчини и добро дојде ова да им ја затнат муцката на новинарите кои пишуваја дека биле скарани и незнам што..

Следна со Фиорентина..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.832
Поени од реакции
8.676
Screenshot_20200724-132653_Chrome.jpg

Изгледа ова ќе биде гостинскиот за наредната сезона
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.832
Поени од реакции
8.676
Кој срамен пенал го свирнаа за нас, незнам зошто ВАР не се гледаше и зошто не реагираа од ВАР собата да се прегледа ситуацијата??

Секако небитна победа, небитен пенал, битно е дека изигравме 100 пати подобро од Фиорентина, ситуацијата пред да го свиран пеналот имавме три 100 процентни шанси во една минута, а и од како поведовме продолживме да напаѓаме и тоа е најважно
Автоматски споено мислење:

Овој Диавара влегува повторно во форма, а како таков игра како швајцарски саат, прецизно, без грешки и во офанзива и дефанзива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom