Што ти значи потврдата дека стадионот ќе се гради, веднаш наредниот ден оптимистички изјави: "Раџа нов договор", "Манолас во Рома уште многу години" .. ова се изјави на Рики Масара привремениот спортски директор, не дека треба здраво за готово да се земат, ама тоа е ефектот на дозволата за градење на стадионот, стабилност на клубот во иднина, доколку беа одбиени црно се пишуваше на Рома. И Палота на крај попушти за оние огромни згради, не ти дава градот да правиш огромни профити, со новиот комплекс на Рома, би пропаднале некои локални богаташи, ќе им се пореметат некои пресметки и доливи на пари, јбг .. али ајде и вака нема да биде лошо. Дизнилед, Луна Парк, Музеи, Трговски, Хотели, Ресторани, деловни објекти, ќе има скоро се што беше планирано. На комплексот ќе се одржуваат разни настани, од концерти па до митинзи
Сега се поставува прашањето, дали Рома после долго време нема да продаде некоја ѕвезда за да се покрие пред УЕФА ?? Можно е, и тоа во ситуација кога веќе имат дозвола за нов стадион, може слободно да потпишат огромен договор со компанија која ќе го спонзорира и клубот и стадионот, зборуваме за милионски, долгодишен договор, кој покрај се ќе го стабилизира клубот финансиски уште толку.
Јас лично не верувам дека нема да продадат некоја ѕвезда, Манолас според мене е на ивица за продажба, а можно е да стигне некоја безобразна понуда за Раџа Наинголан која не може да биде одбиена, што е до мене тој би добил доживотен договор, таков борец на терен не сум видел многу одамна, не во Рома, туку воопшто немам видено, злато вреди играчот, али што е, тука е, не сме ние во ситуација како клуб да одбиеме понуда од 60мил. а знам дека можат и повеќе да му се извлечат
Продолжуваат турбо, веќе во среда со Лацио, а сабота со Наполи, незнам што да мислам, до сега се оди како што треба, еве Наполи кикснаа и на нив им побегнавме, али доколку двете ги тепаме, ќе ни падне камена са рамена
ќе бидеме на 8 бода од Наполи и според тоа како играме може да се каже дека би го обезбедиле тоа 2ро место или во најмала рака ќе бидат мирни, а со Лацио убаво би било да се тепа, бидејќи се водиме како гости и во возвратниот дуел повеќе со мислите кон Лион наместо мердашите