Земан во изјава кажа дека не е оваа Рома која се спремаше цело лето и играта која ја прикажуваше на пријателските и е во право, играчите не го играа оној брз напаѓачки фудбал, играта беше слична на онаа со Енрике, а цело лето играа перфектно, немаше пресинг, додавањата не беа конкретни кон противничкиот гол и премногу се користе по страните, што не овозможуваше добар напад ... јас не гледам некоја си причина зошто изиграа толку лошо, можеби полниот стадион и атмосферата направи дебитантите да се изгубат, се осети тоа кај Пирис,Бредли, Балцарети и Кастан .. од овие што ги набројав за еден сум сигурен дека нема надеж, а тоа е Бредли, човекот едноставно не одговара на играта на Земан, подобро Симплицио да си го задржеа, колку и да беше дебел побрзо реагираше кога е во него топката и полесно влегуваше во шанса ... морам да му замерам и на Земан, на 1-1 ги вади Ламела и Пјанич и ги пушта Флоренци и Маркињо, и Маркињо го става на позицијата на Ламела како десен офанзивен напаѓач, од каде сега тоа ?? па уште тогаш Нико Лопез требаше да ја зазеде таа позиција, а не кога влезе остана лево, а Маркињо десно, требаше обратно ...
сега против Интер ќе биде многу тешко, луѓето си тепаа 0-3 на гости, сега ентузијазмот кај нив е голем, Меаца ќе биде преполна и незнам нашите новајлии како ќе го поднесат притисокот, кога со Катанија неможе да нападнат како што треба, стварно незнам како ќе биде со Интер на гости пред полн стадион и факт дека Интер претходното коло зеде три поена на гости и даде три гола, а Рома киксираше на домашен ... значи со Интер за прв пат сум голем песимист, бод да извадиме ќе биде голем ко куќа