Фан Клуб: Рома

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.179
Поени од реакции
3.153
Не е лошо ЕДФ да смени формација на 3-5-1-1 со Челзи..
Ја незнам како ќе им парираме на овие во Лондон..Ние со Наполи на домашен терен не фативме топка камо ли сега..Од 16-сетник нема да излеземе ..Вака со згуснат среден ред би можеле некако да им парираме ако ништо друго..Манолас ни е 1 месец во аут па нека почнат Хесус-Фацио-Морено на бокојте Коларов и Бруно а средината нека ја држат Пелегрини,Стротман и ДДР. Пред нив Наинголан како лажна деветка нека трча и најистурен Џеко..
Се сложувам со Шака Лака ни ебаја мајката толку пари фрлија за оние тројца..Аир и бериќет не видовме.. Едино крило во моментов нешто игра тоа е Пероти другото е катастрофа жива..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Незнам што да очекувам со Челзи, ако сакат да минат групи треба барем непоразени да си одат од Лондон, а знаемњ дека не се кадарни многу за такво нешто.. а и не можам да зборам бидејќи Чекзи ги немам гледано оваа сезона
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
ЕДФ би требало да проба да изигра исто како против Атлетико дома. Ќе се брани.
Немам големи очекувања за вечер, не сум ни оптимист, ама сепак фудбал е ова и сешто може да се случи.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
На почетокот ќе прифатев бод но на крај можевме и да тепаме. Ни фали барем уште еден добар централен бек за да не примаме глупи голови ради Хесус.
Добро е што Атлетико киксна па шансите ни се зголемија за пласман во 1/8 финале
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Рома денес во најмала рака заслужи победа. Среќата не беше на наша страна, за жал. Уживав во сите 90 минути. Оваа е таа Рома што ја чекав цело време и која сите сме навикнати да ја гледаме и за која почнав да навивам во далечната 1994. Рома без респект кон противникот, којашто игра убав фудбал, без разлика на резултатот.
Браво за дечките на теренот. Критики само до Бруно и до Жуан. Можеби нивните реакции не коштаа победа во Лондон. Ваков Челзи паѓа на Олимпико како круша во октомври.
Мило ми е дека и на плејада гомнојадци им е даден десерт пролив. Сега се со полни усти и молчат. :)
Не треба да се лета во облаци. Нареден натпревар со незгодниот и гнасен Торино во гости. Екипа која има неколку бивши фудбалери на Рома, кои посебно се мотивираат. Мора да си продолжиме да си ја играме играта.
П.С. Жерсон како ве бендиса на новата позиција? :)[DOUBLEPOST=1508361388][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.179
Поени од реакции
3.153
Урнебесни 3-3 во Лондон...
Не е во ред само да ги критикуваме еве дојде ред за пофалба..
Е сега во каква ситуација бил Челзи не бил во форма ,повредени и сл. нас и не не интересира ..Рома се врати од негатива од 2-0 за да го сврти цел натпревар и на крајот може и реални 3-3 ..И ако победевме немаше да биде незаслужено ,цел натпревар игравме пресинг и го контролиравме мечот..Ете Сантино поставил слика од целата статистика..
ЏеКоларов синоќа едноставно експлодираа и преубави голови дадоја..
Ако некој треба да искритикуваме би го ставил на листата Бруно Перес ,Хесус ..Жерсон не е за критика бидејќи 2 пат игра на таа позиција од кога е во Рома...
Добро мајка му стара зошто Морено не го пробаат еднаш пред Хесус ,па не веруем да е полош од Хесус ??!!!
Овој бод и оваа убава партија нема ништо да значи доколку не поминеме група и доколку изгубиме во Торино..
Имаме реални и изгледни шанси по киксот на Атлетико кај Карабак цели 3 бода бегаме па рачунајќи некоја си математика со 9-10 бода поминуваме..Ако ги победиме дома Челзи и Карабак може да се надеваме дури на 1 место во групата..
Форца Рома !!!
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
  1. Дечки имам едно прашање, планирам да одам во Рим во февруари, и Рома-Милан е тој викенд. Знам дека на Суд се домашни навивачи, на Норд гостински и таму се и најефтини картите според ова што гледам. Муабетот ми е дали може и на Норд да се оди, одвоено од гостински навивачи, или да се бара друга локација? На виагого пишува дека помалку од 4% од картите се останати, а на официјалниот сајт нема сеуште извадено карти за таа утакмица. Дали да се чека официјалната, или од виагого е подобро да се земат? Фала.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
  1. Дечки имам едно прашање, планирам да одам во Рим во февруари, и Рома-Милан е тој викенд. Знам дека на Суд се домашни навивачи, на Норд гостински и таму се и најефтини картите според ова што гледам. Муабетот ми е дали може и на Норд да се оди, одвоено од гостински навивачи, или да се бара друга локација? На виагого пишува дека помалку од 4% од картите се останати, а на официјалниот сајт нема сеуште извадено карти за таа утакмица. Дали да се чека официјалната, или од виагого е подобро да се земат? Фала.
Зависи и кој дел на Норд, бидејќи и Рома има свои ултрас групи на Норд кои навиваат со години..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
И Фазио се повредил:facepalm: останаа само Хусус и Морено или Де Роси би влетал како штопер место некој од нив..
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Денес сите изиграа на ниво. Се очекуваше тежок натпревар. Рома заслужено до трите бода.
Морено изигра одлично. Од друга страна ЖЖ пак во неколку наврати правеше глупости.
Стротман игра слабо. Не прави разлика на терен како што правеше пред повредата. Искрено сметам дека никогаш нема да ја врати таа форма.
Добро е што колку толку имаме широк ростер и може да менува ЕДФ (освен Коларов). Сега за со Кротоне се очекува да добие шанса Карсдорп. Важно е да не ги потценати и да си ја завршат работата уште во прво полувреме. :)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.179
Поени од реакции
3.153
Торино - Рома 0-1
Стрелец Коларов

Нова гостинска победа 11 во низа за изедначување на рекордот со Интер .. Годинава имаме 4/4 со гол разлика 8 0 (y)
Овие победи највише ги сакам кај Аталанта,Торино,Фиорентина и слични на нив зошто ебано тешко е да тепаш кај нив играат како улави дома со фаворитите..А таму сигурно некој ќе киксне од останативе конкуренти за највисок пласман..
Цврст натпревар изиграја нашите момци играја на сигурно како да знаеја дека голот сам по себе ќе дојде порано или подоцна..
Мајсторски гол на Коларов од слободен ,па така го поздрави Сики со неговата левица :D
До некаде имавме среќа што не беше Белоти па нашиот нов тандем Морено - Хесус немаја многу мука со циркузантот Садик кој само клоцаше :)
Вака Морено не ми е лош пу пу да не го урочам..Очекувам истиот тандем во среда со Кротоне да почне зошто и други немаме...
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Сеуште немам некое мислење за Ди Франческо. Али оваа сезона имаме пет победи од шест гостувања, во лигата имаме 4 од 4 без примен гол и победа и нерешено против Карабах и Челзи. 5 гола од 8 мечеви во лигата, кои 3 од Интер и еден од Наполи, изгледа човекот не е баш Земан стил и внимава на дефанзивата. Високо е поставена одбраната, ама ете некако функционираме, освен дефанзивците, бара од сите други играчи да се залагаат во одбрана, затоа и трпи нападот, затоа од 10 меча имаме само 20 гола од кои 10 Џеко ги постигна. Незнам само како ќе изгледаше овој тим на Еузебио доколку ги имавме Салах и Рудигер, или доколку се смалат повредите. Еве Шик, Карсдорп и Палмиери сеуште ги чекаме.. Шик би донел голем придонес во нападот, Карсдорп не верувам дека ќе биде полош од Бруно Перес.

Остануваат црни дамки поразите од Наполи и Интер, али осеќам дека тимот станува се повеќе компактибилен и посериозен. Се надевам ќе продолжат да напредуваат, најлошо сценарио е да крахираат и да се случи растур систем,али ќе видиме, времето ќе покаже :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom