Фан Клуб: Рома

Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Колку не можат новинариве да му влезат во трагата на Мончи говори фактот што досега се шпекулира со цела Европа. :)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.171
Поени од реакции
3.140
Ливерпул заинтересирани за Салах, а Мончи им рекол може само за 50!!
Така бе дери ги кој ги шиша!!
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Ako za Salah bara 50ce togas za Ninjata treba da postavi svetski rekord ;)

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Веќе почнуваат поконретни средби и имиња да се вртат. Веројатно прва егзибиција на трансфер пазарот ќе ни биде враќањето на Пелегрини за 10 милиони. Мора да го направат тоа по секоја цена. Дечкото мислам дека за една година би вредел дупло повеќе од сегашната му вредност. Несомнено голем талент.
Денес имало средба на Мончи со агентот на Папу Гомез и на Базели. Се надевам дека нешто ќе испадне од ова, бидејќи Папу е машина. Покрај него се споменува и Дефрел како замена за Џеко. Правилен потег е да се има по двајца играчи на секоја позиција.
Мислам дека повторно ќе има жртвени јагниња и оваа година. Според мене тоа ќе биде Манолас. Меѓутоа рано е да се зборува за тоа уште од сега.
Како што стојат работите Имотеп ќе го напушти кормилото. Веројатно нов тренер би бил Ди Франческо. Јас искрено би сакал да видам, што можеме да направиме со него.
Што се однесува на голманските позиции, тука ситуацијата не е јасна. Имаме двајца топ голмани под договор (Алисон и СКорупски), а тука е и Војче кој им се нуди на нашиве (откупна клаузула 16 мил.) Не се малце пари. Ајде ако се немаше голмани разбирам да лупниш пара, ама имаме квалитетни голмани. Јас би му дал шанса на Скорупски. Мислам дека созреа дечкото.
Во однос на одбраната, тука мора да се избркаат Вермален и Жезус. Без разлика дали некој (Манолас) ќе си оди или не, мора да земат уште 2 централни бекови, од кои 1 да е класа.
Лево ќе игра Емерсон, на кој мора да му се најде квалитетна замена. Марио Руи според мене аут. Десно ќе игра Бруно Перез и Флоренци.
Средината не е лоша. Де Роси ќе потпиши нов договор и мора да се потрудат да ги задржат Раџа и Паредес. Многу се шпекулира дека Стротман ќе се продава. Јас искрено би сакал да остане, како играч за ротација. Борбен е. Можно е да се даде на позајмица Жерсон, доколку не му се дава шанса. Штета за таков талент, ама има уште време. Се надевам дека ќе почнат почесто да го играат.
Граниер исто сакал да остане во Рома. Ако откупната му е 4 мил. нека го откупат. Јас би го оставил Ел Шарави, а би го продал Пероти и тоа не во Италија на ториновци и сл.
Ако го донеста Папу има растур да прави. Исто така на десно стандард Момо.
Напред Џеко со Дефрел како замена. :)
Нема да е лошо, ако пуштаат некого од средина да се донеси класа средњак.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Уште едно ново име во управата на клубот.
Преземено од Рома Балкан:

LUCA DANOVARO NOVI DIREKTOR MARKETINGA ROME !

Luca ima bogato iskustvo iz ove oblasti, radio je za Nike, Samsung, gde je imao zaduženje za pitanja sponzorstva u sportu. Takođe je radio i za Italijanski Olimpijski Komitet u sektoru marketinga. Završio je političke nauke, govori 4 jezika engleski, francuski, nemački i španski. U Romi će imati zadatak da razvija brend Rome i da ga širi, kao i da bude tržišno vredniji. Stupa na dužnost od 1. jula.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.094
Поени од реакции
16.291
Какво ви е мислењето за Ди Франческо? Слушам мн поделени мислења за него со некои фанови за а поќето против.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Какво ви е мислењето за Ди Франческо? Слушам мн поделени мислења за него со некои фанови за а поќето против.
Мислам дека нема толку поделени мислења, туку сите се плашат дали ќе може да продемонстрира вистински авторитет над играчите во Рома.
Мислам дека тактички е добар. Игра модерен фудбал и му дава шанса на млади фудбалери да се докажуваат. Пред сѐ е Романиста. Тоа се позитивните страни.
Како негативна страна ќе го наведам немањето искуство во водење на голем клуб. Меѓутоа има многу примери, коишто покажуваат дека тоа не игра улога кога се има план и концепт.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
На заедничка вечера кај Франческо.

Јас мислам дека нема потполно да ја заврши кариерата. Можеби ќе изигра уште една сезона во некој кинески, американски или арапски клуб. :)
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.841
Поени од реакции
8.687
Спалети си оди, велат ЕДФ ќе биде новиот тренер на Рома, се зборат големи продажби, но и купувања на играчи, играме во недела важна утакмица за обезбедување на 2то место, но се оди во вторвтор план, Богот на фудбалот ја игра последната утакмица за Рома а вајда и во неговата да кажам луда кариера, специфична и несекојдневна. Го живееше сонот што сака да го има секој фудбалер, да игра за родниот град, за тимот за кој навивале генерации во неговата фамилија, да ја покори Италија барем еднаш со неговиот тим, во време кога Калчото беше величина поголема од едно ЛШ натпреварување, една скромна, но за него вредна како 10 комбинирани со Реал Мадрид. Човекот кој многумина го сметаат за најдобар италијански играч, човекот кој по два месеца правен операција на скинати лигаменти успеа да заигра на Светско за Италија, да биде најдобар асистент и во најдбрите 11на турнирот и да стане светски првак. Блиску до освојување на Златна Топка, но освојувач на Златнка Копачка, играч кој една година го ставија лажна деветка, а тој возврати со највеќе голови во Европа.
Можеби имаше пргав карактер со испади на терен, многумина ради тоа не го сакаат, али ипак јавна тајна е дека Тоти е фудбалер кој има највеќе фондации низ Италија кои донираат пари за секакви потреби и затоа народот го сака, неможеш да кажеш за таква личност дека е гад и лош човек.

За мене лично е играчот кој ме натера да навивам за тим како Рома пред почетокот на новиот Милениум, играчиште, идол, величина, легенда, институција, факмен на терен и надвор од него.

Без разлика дали ќе одигра уште една сезона во САД или незнам кај, тоа не треба да смени ништо, во недела ќе оддадеме почит и респект на една огромна величина во фудбалски рамки, кралот на Рим, единствениот Капитен, најголемата и последна италијанска десетка, дефиниција за поимот фантазиста, Франческо Тоти!







Чао Капитано!!
:(:place:
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.171
Ај барем Де Роси повеќе нема да го викаат футуро капитано...34 ги наполни, мислам доста се калемеше за капитенската лента :icon_mrgr:
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.171
Поени од реакции
3.140
Во сенка го фрла важноста на овој меч поради последниот настап на Тоти :place:
Победа ни треба како леб за 2 место и директно место во ЛШ..
За Тоти немам зборови кои можам да ги напишам а да ја покријам болката на Романистите нормално и сам себе...
Го засакав калчото поради него и таа генерација на Рома ме привлече срцево да ги одбере нив..
Немаме многу титули немаше многу среќни моменти со шампањ но затоа го имавме непроценетиот вонсериски Тоти кој не го напушти сиромашното семејство,седеше тука и се држеше со млад и крпен состав..
Ало бизнисмену несакам името да ти го спомнам и ти ќелавко зошто на овој начин да го испратиме човекот кој е најголем амбасадор на Рома ??
Кога ќе спомнеш на Рома одма помислуваш на Тоти..Да така е, не се филмам тоа и мојата мајка го знае..
На се има крај но уште една сезона ќе беше доволно за сите,да ја одложевме болката и некако спремни да го дочекавме крајот на кариерата на последниот император,принц и капитен..
Не би се лутел и да продолжи некаде во друг клуб зошто знам дека не е поради парите да беа битни одамна ќе завршеше во Реал и овој пост немаше да го пишувам..Човекот е желен за игра тоа му е во крвта..
Чао Франче ќе недостигаш многу :place:
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Римскиот дневен весник Il Tempo за прв пат во својата 73 годишна историја го промени името на насловната страница. Денешното издание носи наслов Il Tempo di Totti.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom