Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Што е фрката со поставата?o_O

Пет средњаци у прв тим, не ми се свиѓа ова..

4-2-3-1.jpg
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
До 80’ гледав и ми се исклучи линкот.
Ова е пораз на сметка на тренерот. Шо му треба да измислува топла вода. Мене би ми било срам да не можеме да им дадеме гол на екипа што крка покер од факинг Динамо Загреб.
Вчера сите изиграа лошо. Не можам да истакнам некој што изигра на ниво. Ако беа поприсебни можевме до 60’ да водиме 2-0, ама тоа е фудбалот.
Интересно е тоа што ова е пораз на Рома после неколку месеци, вклучително сите натпреварувања.
Не смеат да паднат, тука нека им биди ова поука.
Сезоната е долга, ама не смее да се губат бодови дома.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
А јас ќе кажам дека ја чекав на спортска последна 2 и Т2 2+... Само толку .
Пцуј по Коларов, све да му ебам лацијалско, сега ли најде пенал да не погоди :)
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Пцуј по Коларов, све да му ебам лацијалско, сега ли најде пенал да не погоди :)
И јас тоа викав... Од кога го промаши викам како не го шутираше Џеко :D
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.179
Поени од реакции
3.153
Многу подобро би било ваквите екипи да ги отвараме уште во прво полувреме.. Но добро ајде што би било кад би било е работава..
Важна победа е ова после оној пораз од Аталанта кој оди на душа на Фонсека.. Барем нерешено да беше сега ќе бевме 4ти а не они пред нас избија...
Нема да давам пофалби и критики зошто 1 пол изгледав..
Ќе прашам само како играа заедно Смолинг и Манчини?
Наредна недела дома со Каљари да се добијат пред паузата и да го држиме чекорот со водечките..
Заборавив пред тоа во четврток на мегдан со Волфсбергер.. Таму само шарен состав.. Силите мора да се чуваат за Серија А...
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Многу подобро би било ваквите екипи да ги отвараме уште во прво полувреме.. Но добро ајде што би било кад би било е работава..
Важна победа е ова после оној пораз од Аталанта кој оди на душа на Фонсека.. Барем нерешено да беше сега ќе бевме 4ти а не они пред нас избија...
Нема да давам пофалби и критики зошто 1 пол изгледав..
Ќе прашам само како играа заедно Смолинг и Манчини?
Наредна недела дома со Каљари да се добијат пред паузата и да го држиме чекорот со водечките..
Заборавив пред тоа во четврток на мегдан со Волфсбергер.. Таму само шарен состав.. Силите мора да се чуваат за Серија А...
Манчини не беше многу стабилен, Смолинг изненадува позитивно, дури и онаа со Аталнта изигра на ниво, без разлика што изгубивме, тој одигра повеќе од коректно
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Победа си е победа, јас толку ќе кажам. :)

Штета за повредата на Пелегрини. Најмалку два месеци ќе го нема. Како игра сезонава (освен со аталанта) ќе фали многу во екипата. Сега Заниоло себичниот ќе премине на неговата позиција, што е и негова природна, а на десно крило Флоренци бездушниот, сѐ додека не се врати Ундер.
В зима мора да се купи уште еден играч среден - поливалентен. Вака 1-2 ќе се повредат и хендикепирани сме.
Всушност, заборавив дека имаме деца од примавера што седат на клупа. Ако не ги пушти Фонсека да играат против некој нека се гони у ПМ.

За ЛЕ натпреварот што ни претстои. Волфсбергер не е наивна екипа. Некни тоа им го покажаа и на Менхенгладбах кога ги наполнаа во гости. Треба влегување прво и гнетење, а после нека си го ладат. Имаат прилика со уште две победи да си обезбедат место понатака, а со тоа и да си комбинираат состави кога ќе згусти.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Не мора Флоренци да игра десно крило, Клајверт ќе си игра, а лево Михитаријан. А може и Заниоло да продолжи на десно крило, а некој од Пасторе и Кристанте да играт амф на местото на Пелегрини.

За Пелегрини и мене ми е криво, одлично почна и еве повреда. Проблемот е што тој после повреда тешко ја враќа максималната физичка подготвеност.

Ундер и Пероти кај и да е треба да ср вратат.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Манчини имаше едно глупо подавање/избивање со глава до противничкиот играч и направи шанса за Лече.

Што се однесува до Смолинг, мислам дека е одбран играч на натпреварот, ма да Лече не е мерило, ќе видиме во иднина дали вреди да се откупи, рано е да кажеме дека се погоди.


Еве ја статистиката на Смолинг:
Chris Smalling’s game by numbers vs. Lecce: • 100% aerial duels won (7/7) • 100% tackles won (2/2) • most ball recoveries (10) • joint most shots taken (4) • most headed clearances (3) • joint most interceptions (2) • joint most blocks (2)

r/reddevils • 333 points • 136 comments
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
За Англичанец со само еден натпревар до овој и тоа како солидни бројки. Јас и против Аталанта не знам зошто го критикуваа многумина кога си изигра стандардно.
Мене ми се чини како да нема баланс екипата и треба да се поработи во тој сегмент. Или даваме и примаме многу голови или ако не примаме, тогаш и нападот не работи.
Мора малите екипи да се добиваат.
Кикснавме со Џенова, иако прв натпревар, а исто така со Аталанта е кикс, без разлика каде се на табелата и каде завршија минатата година. Дома не треба да губиме бодови лесно.
Ундер и Пероти изгледа после репрезентативната пауза ќе се вратат. Не е чудно за Ундер да е опоравен за да игра, ама да го поштедуваат додека не помине паузата.
Многу ротира Фонсека, а тоа од една страна е добро, а од друга лошо. Некои фудбалери нема да можат брзо да влезат во форма.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Да се потсетиме на убави времиња... Иако бев дете натпреваров го памтам многу добро... Со брат ми кој е навивач на Јувентус го гледавме заедно, пред да почне ме зафркаше како ќе ги примиме 3-4 комада и после мераци...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom