Фан Клуб: Рома

Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Мислењето се базира на тоа што го гледав во припремните натпревари. Ми изгледаа новајлииве слабо мотивирани. Освен Чорич, кој гризеше на терен останатите многу немотивирано делуваа и се влечеа по терен.
Јебига, припреми се, рачунај тешки им се нозете на фудбалерите. :) Нема шанси да немаат мотивација, не освоила Рома 230 титули во последните неколку години па да се презаситени или слично. Како што ќе почнат првенството и ЛШ така играчите ќе играат со 110% од своите можности.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Јебига, припреми се, рачунај тешки им се нозете на фудбалерите. :) Нема шанси да немаат мотивација, не освоила Рома 230 титули во последните неколку години па да се презаситени или слично. Како што ќе почнат првенството и ЛШ така играчите ќе играат со 110% од своите можности.
Добро тоа е така, но сепак никој нема загарантирано место во тимот и треба да запне малку на припремите за да покаже нешто повеќе од конкуренцијата.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Добро тоа е така, но сепак никој нема загарантирано место во тимот и треба да запне малку на припремите за да покаже нешто повеќе од конкуренцијата.
Барем за место во тимот ќе осетат сите, бидејќи ЕДФ можеби не е совршен, али ако нешто добро работи, тоа е ротација со играчите[DOUBLEPOST=1534283270][/DOUBLEPOST]Како и да е, страшна средина направивме, Де Роси, Н'Зонзи Стротман, Пелегрини, Кристанте, Пасторе.. тука се и уште тројца, Гоналон вајда ќе го продадат, Заиноло вајда на позајмица по можност во прволигаш и Чорич кој можеби е паметно да се остави, бидејќи највеќе покажа на примпремите, сите се позитивно изненадени од него.

За нападот не се секирам и да не купат десно крило, кога можевме ланската сезона да ја истераме со Ундер кој се разигра од Јануари, ќе можеме и сега, со подобар Ундер, со спремен Шик кој може и шпиц и крило, плус тука се и Клајверт(кој може по двете страни) и нормално Шарави и Пероти кои ни се сигурица. Што ќе зимаат некои бразилци од Шахтјор од типот Марлос, Тајсон за 20мил боље нека си останат овие двајца, секако се воиграни со Џеко.

Подобро би било доколку Хуан толку Торино го сакаат,да го продадат, па да додадат одредена сума за јак централен бек. Значи не зборам за бек од типот на Марчано, бидејќи во таква ситуација боље би го оставил Хуан Хесус кој на целиот ремет од порано, лани си имаше одлична сезона како прва замена за Манолас и Фазио. Фала богу повторно ќе имаме исти пар централни дефанзивци, веќе две години по ред и како што гледаме резултати има.

Бековите ни се океј, оној Лука Пелегрини е страшен, Карсдорп допрва ќе видеиме каков играч е, плус Сантон како трети избор на двете страни, Флоренци и Коларов ни се супер.

Значи секаде сме појачани за разлика од лани, освен на голманската позиција каде Алисон ќе фали. Импресиите од Олсен не се нешто големи и можно е дури Миранте да ја почне сезоната, се надевам барем еден од овие двајца ќе фати ритам и ако не друго нема да се приметува одсуството на Алисон, сепак не правиме муабет за голман во ракомет.
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
За бек не се надевам дека ќе дојде, ама за напад мора класично десно крило. Лани крпевме, ама одма се осети на ефикасноста. Мислев дека еден од ЕлШа и Пероти ќе оди, а ќе дојде некое десно крило. На секоја позиција имаме по двајца фудбалери.
Јас би го чувал и Заниоло и би го играл на добиени натпревари.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
Средината е добра, со тоа што мора да се разиграат Пасторе и Стротман. Чорич мора да остане. Супер играше на припремите и одма дава свежина на екипата.
Голманите енигма. Подобро би им било да го остават Скорупски. Сигурен сум дека не е ништо послаб од Миранте и Олсен.
Според мене ќе почни со овој состав ЕДФ:
---------------------------------Олсен---------------------------------
Флоренци---------Манолас-------Фазио--------------Коларов
----------------------------------ДДР-------------------------------------
---------Стротман-------------------------------Пасторе------------
Ундер-----------------------Џеко----------------------------Шарави

=
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Скорупски е продаден на Болоња за некои 10мил
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Затоа викам дека ќе беше подобро да го оставеа. За 10 милиони е продаден, а не е ништо послаб од Миранте и Олсен.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Изгледа Гоналон на позајмица во Севилја, а Заниоло во Киево. Нема да има трансфер бомба. :)
Тоа е тоа.
Минатата година имавме слично меркато и бев без некои очекувања. Сезонава исто така не очекувам нешто особено.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Не бе какво играње. Прво коло е и тешко гостување.
Очекувам вечер да излезат со следниов состав:

Олсен
Флоренци Манолас Фазио Коларов
Пелегрини Де Роси Пасторе
Ундер Џеко ЕлШа
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Не бе какво играње. Прво коло е и тешко гостување.
Очекувам вечер да излезат со следниов состав:

Олсен
Флоренци Манолас Фазио Коларов
Пелегрини Де Роси Пасторе
Ундер Џеко ЕлШа
Да, овие ќе испаднат, само не се знае дали Пелегрини ќе игра, тука во опција се и Стротман и Кристанте, другото ќе биде исто како што си пишал
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Почна сезоната, трета по ред каде Бабо изгледа ќе ни биде главен играч:icon_lol:

Фин волеј со левата нога од лош агол, нешто као против Челзи, дури и потежок гол и потежок агол.

Клајверт за 20мин го намести голот со фини движења и убава асистенција, а претходно на Пасторе му намести 100% шанса која овој ја упропасти.


Како за почеток не е лошо. Во Торино никогаш не сме доминирале и победа со повеќе од еден гол ретко сме имале, често сме киксале таму.

Од она што го видов, Пасторе ме загрижува да не испадне флоп, некако лењаво многу играше, Стротман не е нешто нај нај, Ундер и Шарави просечно. Одбраната не беше лоша, Коларов стандарт добар, единствено Флоренци како мува без глава ми трчаше.

Кристанте добар, игра и напад и одбрана, ефективен средњак, нешто како Наинголан, баш ми се допадна тоа што го изигра. Де Роси стандарт добар беше.

Олсен незнам што да кажам сеуште, ма да не ми е мн по кејф, не знае мн со нога да игра, а се научивме со Алисон кој одлично проигруваше.

И за крај, мн ми е страв за Шик, со ваков Џеко тешко дека ќе игра, а крило го пуштија се гледа дека не му е природна позиција и не се снаоѓа баш најдобро.


Ова вака од една утакмица го пишав, ќе видиме натака како ќе одат работите.

Супер е вака што прва утакмица беше, ем тешко гостување и победа!!
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Кристанте ако продолжи со ова темпо да напредува и да се опушти малку од почетниот грч за многу кратко време ќе го надмине нивото на Раџа од најдобрите години.
На Шик ќе му се дава шанса и како шпиц. Сепак долга е сезоната, а само тие двајца со Бабо се класични деветки.
Олсен типичен голман за во премиер лига, за екипи од рангот на Брајтон. :)
Клајверт ќе биде класа од тоа што до сега го видов.
ЕДФ ако ги уигра овие играчи ќе газат! Ундер и Клајверт десно и лево е многу надежно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom