Фан Клуб: Рома

Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Малком официјално преминува во Рома, вечер во 23:00 слетува во Рим на медицински прегледи, уште не е официјална сумата, ама се шпекулира 32мил евра плус 4мил во бонуси.

Додека си дојдеш од туѓина, ќе заборавиш на пијачката :D
За да не заборавам ќе си дојдам наскоро. :)
За бизнисот летово магот Мончи или десетка ќе добие или ќе го паднам, па на куково лето ќе положи. :)
Зошто мислам дека од сите овие средњаци Нзонзи, Херера, Зијех и сл. нема да дојде ни еден, туку ќе дојде некој, за кој ни на крај памет не би помислиле.
32+4 е супер цена за дечково. Олсен исто за 8 и пол ете ти 45 милки. Останаа уште 20. Со продажба на Гоналон и еден од Шарави или Пероти и овие дваесет ќе има парица па топ везњак.

За крај никој не се пофали дека официјално имаме уште еден нов спонзор. Хјундаи! Ќе биде на грбот на дресовите под бројката. Дур се немаше се немаше спонзор, ама сега како фрижидер со магнети ќе го исполепат.
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.179
Поени од реакции
3.153
Малком купил билет за Барселона. Рома е спремна да ги тужи 3те страни.. Утре ќе видиме што ќе кажат..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Статистички гледано, бразилците освен Тафарел, Дида и Хулио Цезар немале јаки голмани, па така да еве сега тука се Едерсон и Алисон и не верувам дека толку често ќе испаѓаат добри голмани од Бразил.
Ја искрено овој Малком ми е сумљив:cautious:

Еве што сум пишал за Малком, и ич не ме гајле ако оди во Барса. Али за потегот, доколку имаат основа треба да тужат.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Сега се спомнуваат неколку имиња за десно крило: Флориен Таувин, Леон Бејли, Кристијан Пулишич и некој си Микел Ојазабкал од Реал Сосиедат и нормално кај без Берарди и Киеза[DOUBLEPOST=1532504933][/DOUBLEPOST]И Давид Нерес од Ајакс го заборавив
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Оваа позицијава десно крило како проколната да е. Лани со Марез се влечкаа цело лето, а сезонава со ѓуптинот Малком и ѓупските клубови заебанцијата.
Од овие Таувин или Пулишич се достојни, со тоа што на Таувин му давам повеќе предност бидејќи е поискусен и веќе оформен играч, кој сѐ уште не го дистгнал врвот, а под ЕДФ би можел. И двајцава држат цена од околу 40 мил. Другото не ми прави мерак. Киеза е добар, ама скап. Берарди извикан талент, а овие другиве не ги имам гледано.

Нека земаат еден од Таувин и Пулишич и еден везњак за 30-40 и да тера магарчето.

Инаку Олсен да ти бил висок 2 метра. Стап!
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.097
Поени од реакции
9.695
Какви 40 за Пулишич најмалку дупло ќе бара Дортмунд
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Какви 40 за Пулишич најмалку дупло ќе бара Дортмунд
Според трансфермаркт ги извадов податоците. Знам дека ќе бараат повеќе. Еве овој Киеза исто е проценет на 40, а Фиорентина бара 70 за него.
Вечити таленти.
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.097
Поени од реакции
9.695
Според трансфермаркт ги извадов податоците. Знам дека ќе бараат повеќе. Еве овој Киеза исто е проценет на 40, а Фиорентина бара 70 за него.
Вечити таленти.
За Киеза можеби и ќе се исценкате со Фиорентина. Ама за Пулишич нема шанса. Ќе му се набилда цената одма, нема ефтино да го дадат Дортмунд. Инаку добар играч е, а и маркетиншки е ок потег
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
За Киеза можеби и ќе се исценкате со Фиорентина. Ама за Пулишич нема шанса. Ќе му се набилда цената одма, нема ефтино да го дадат Дортмунд. Инаку добар играч е, а и маркетиншки е ок потег
Абе каков Пулишич, Киеса е институција за овие Пулишич, Бејли и Малком
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Сабајлево погледав малку Тотнем - Рома и можам да кажам дека многу фали уиграност кај екипата. Очигледно беше дека има многу нови играчи во тимот и неповрзаност помеѓу истите.
Ако не успее ЕДФ да ги уигра мака ќе мачиме сезонава.
Од новите Палма ди Бианда ми се виде многу слаб. Од друга страна Чорич и Маркано одлично се снаоѓаа.
Леле Сантон колку е слаб хахахахаха.
Како мува без глава трчаше. Значи прави продор и има пред него отворен простор, а тој застанува и гледа на сите страни. Со овој ќе има комедии.
Кристанте исто како здрвен е. Како уплашен делува. Пасторе исто слабо денес.
Клајверт е истиот Ундер од минатата сезона. Ако експлодираат двајцата има да газат со Бабо напред!

Мора играч од среден ред да се земе, вака не ја бива. Ако е точно дека Кристал Палас или сл. за Гоналон давале 8-10 мил. одма нека се продава. Со парите од трансферот на Алисон + парите од Гоналон + еден од Пероти и Шарави ако се вметне во зделка може да се земат солидни играчи.

Имаше шпекулации за Сусо пари + Пероти. Ако го направат овој потег, ќе им остане солидна сума за играч од среден ред (околу 50 мил). Ама Рома 50 мил. не ти лупа за играч па ако сака дијаманти нека сери!

Мислам дека Миранте ќе е новиот Лобонт. Дрво голман! :)
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Мора играч од среден ред да се земе, вака не ја бива. Ако е точно дека Кристал Палас или сл. за Гоналон давале 8-10 мил. одма нека се продава. Со парите од трансферот на Алисон + парите од Гоналон + еден од Пероти и Шарави ако се вметне во зделка може да се земат солидни играчи.

Имаше шпекулации за Сусо пари + Пероти. Ако го направат овој потег, ќе им остане солидна сума за играч од среден ред (околу 50 мил). Ама Рома 50 мил. не ти лупа за играч па ако сака дијаманти нека сери!
:)
Колку што сум информиран досега имате околу 10 нови играчи купено...можеби не се сите сериозни засилувања но сепак ова е прилично голема бројка и воедно турбуленции во екипата..а вака како што гледам според пишењето веројатно вашите планираат уште да купваат што искрено ми нема логика..колку играчи уште фалат во екипата?..17?..не разбирам..кој ќе биди апгрејд на позицијата на Ел Шарави или Пероти?..па овие двајца фудбалери се измислени за сите што се поврзувате посебно за онај Малком..можеби тој не е лош ама овие се докажани за во Сериа А и веќе се вклопени во екипата..плус како замени се Ундер и Клајверт...во средината тука ви се Де Роси,Стротман,Пасторе,Чорич,Кристанте и Пелегрини..шо му фали на оваа средина?..мислиш за буџетот за трансфери што го имате поарен играч ќе најдите?
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.843
Поени од реакции
8.691
Па @Трибиани , ќе го продадеме Гоналон и ќе земеме појак деструктивец кој можеби ќе игра и пред Де Роси ака Леброн, кој импресионира со својата подготвеност иако е 100 години.

Еден од Пероти и Шарави останува на левата крилна позиција заедно со Клајверт, ете ти сплет на искуство и талент, вајда Пероти ќе остане.

На десната страна мора да се најде конкуренција на Ундер, ако не и поскап играч, али Ундер ако напредува како што тргнал, тешко некој ќе му го земи местото. Нападот ние Шик кој може и десно и Џеко, таман сме потполнети, уште тоа десно крило. Лани ја поминавме сезоната со Ундер, Шик и Герсон на таа позиција, сега ќе бидеме подобри, исто важи и за левата бидејќи Клајверт изгледа доста пргаво и мислам дека ќе му прети на Пероти за прва постава.

Средината костурот си останува и не се многу сеќирам, ДДР, Стротман и Пелегрини се тука, новајлии се Чорич, Кристанте и Пасторе, и како што кажав од набројаниве проблем е што само Де Роси може да игра задњи везни и не можеме да се потпреме само на него, затоа треба екстра класа тука. Тогаш ќе имаме 7 средњаци, можеби Чорич ќе го пратат и на позајмица, ма да импресионира на припреми, тој најпријатно ме изненади.


Одбраната си е супер, секаде има по двајца играчи, плус Сантон као трета опција за Флоренци и Карсдорп десно, Коларов и Лука Пелегрини(трашен е, малиот) лево.



За десни крило се спомнува сериозно Таувин и се шпекулира дека Марсеј се спремни за преговори да го продадат.


А за средњак има три опции, еден од Лион црнчуга, неможам името да му го погодам Ндемкеле, така нешо беше, НЗонзи и Барела.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Искрено ме плаши средината... Поточно Де Роси и Стротман ... Се надевам нема да ги гледаме заедно во прв тим... Некако премногу се спори, изгубени, не се за големи натпревари... За Гоналон се радувавме, а се покажа дека не е добар ни за ротација...
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Колку што сум информиран досега имате околу 10 нови играчи купено...можеби не се сите сериозни засилувања но сепак ова е прилично голема бројка и воедно турбуленции во екипата..а вака како што гледам според пишењето веројатно вашите планираат уште да купваат што искрено ми нема логика..колку играчи уште фалат во екипата?..17?..не разбирам..кој ќе биди апгрејд на позицијата на Ел Шарави или Пероти?..па овие двајца фудбалери се измислени за сите што се поврзувате посебно за онај Малком..можеби тој не е лош ама овие се докажани за во Сериа А и веќе се вклопени во екипата..плус како замени се Ундер и Клајверт...во средината тука ви се Де Роси,Стротман,Пасторе,Чорич,Кристанте и Пелегрини..шо му фали на оваа средина?..мислиш за буџетот за трансфери што го имате поарен играч ќе најдите?

Џонка, Пупоне ти објасни добро. Иако купивме доста фудбалери, сепак фали уште класично десно крило (таму сме покриени само со Ундер) и деструктивец, се разбира ако се ослободиме од Гоналон, бидејќи само Де Роси ќе е на таа позиција. Сметаме дека еден од Шарави или Пероти ќе се продава.
Сепак играме на три фронта и на секоја позиција е потребно да имаме по најмалку двајца фудбалери, а не како минатата сезона да крпиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom