Фан Клуб: Реал Мадрид

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
Зидан тотално ја утна формацијата, стварно не ја разбирам потребата да излезе со 3-5-2. Поготово со Марсело лево, тотално ја уби и таа мала поента и замисла која ја имаше Зидан со формацијава.

Бензема е кислородната подршка во тимов, единствена светла точка натпреваров.

Челзи прелесно се снаоѓаа кога беа притиснати со пресингот од наша страна. Им ги маркиравме добро играчите, со Модрич како подршка но секогаш имаа еден играч вишок - Канте.

Модрич апсолутно не се снаоѓа и не му одговара формацијава. Беше принуден да игра како некое полу десно крило, место да игра поблиску до Крос и Касемиро. Никаков фактор и придонес немаше од него утакмицава.

Движењето на играчите на Челзи без топка, поготово на тројцата напред беше феноменално, пребрзи и прексплозивни за нашите играчи.

На Начо-Варан-Милитаи им требаше пола утакмица за да сфатат кој треба да искочи на играч, а кој да остане во позиција. Конечно Начо и Милитао почнаа да ги маркираат поагресивно Пулишич и Маунт и малце се стабилизиравме. Катастрофален гол примивме, ама некако успеавме да се опраиме после првите 20 минути. Се надевам дека се вистинити муабетите дека Варан сака да го напушти тимов.

Милитао е чудовиште, страшно ме потсеќа на Пепе.

Ќе треба ептен да се испотат во Англија ако сакаат да поминат понатаму. Тухел и неговиот тим очигледно ја имаат анализирано екипава и многу добро ја имаше поставено играта. Ќе ни требаат поздрави Менди, Феде, Карвахал и Хазард како супер замена.

Се надевам викендов ќе добие одбор Модрич, зашто изгледа како да ќе умре на терен.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.204
Поени од реакции
1.811
Карвахал аут до крај на сезона, плус Начо повреден не тренирал. 57 повреди на уште незавршена сезона. :tapp:
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Карвахал аут до крај на сезона, плус Начо повреден не тренирал. 57 повреди на уште незавршена сезона. :tapp:
Нека почнат да размислуваат за смена на лекарскиот тим.
Затоа кога викав коњот Хакими да си го чуваат а да го дадат анемичниот Одриозола.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.794
Поени од реакции
24.057
Не знам како, ама назад во трка за Ла Лига сме.

Не очекувам да ја освоиме, најтежок и најгуст распоред имаме, а и најизморени и највеќе повредени играчи.

Ќе биде интересно.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.766
Поени од реакции
1.460
Пак ќе крпиме. Нема крај ова со повредите, значи не паметам ваква сезона.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Ќе преживее ли Зизу со полуфинале во ЛШ и 4-то место во Ла Лига? Очекувам уште повреди до крајов на сезонава, прегорени се а густ е распоредов..
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.025
Поени од реакции
976
Ќе преживее ли Зизу со полуфинале во ЛШ и 4-то место во Ла Лига? Очекувам уште повреди до крајов на сезонава, прегорени се а густ е распоредов..
Се е до Зизу. Ако му се седи, ќе остане. Реално, подобра опција од него не ни има на пазарот.

Друга работа, зошто би го бркале? Затоа што игра цела сезона со 40% капацитет на играчи? Затоа што Азар и тоа малку што го изигра беше на ниво на Малага, Секунда? Вини и Родриго, дали до годините или до капацитетот е, ама и нивното се виде? Асенсио што не е ни пола од она што беше пред 2 години? Среден ред со 100 години акумулирани?

Трета работа, Перез во интервјуто сам кажа дека сам по себе моментално Зидан е најдобра опција за Реал , а малце суптилно ја протна и причината дека набавка на нов менаџер ќе сноси и нови трошоци. А покривот уште не ставен :icon_lol:

Во однос дека не се појачавме воопшто минатото лето, и дека се влезе во еден грандиозен и скап проект со стадионот, моменталниве резулати и не се така лоши. Само во Купот што се посраа им беше блам.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.204
Поени од реакции
1.811
Што му бидна на замонашениов бе?
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102
Па со вакви Милитао и Начо не ни треба киксеришчено Рамос да поклони некој пенал, нека иде кај шо се парите сеа :kafence:
 
Член од
4 март 2020
Мислења
78
Поени од реакции
129
Милитао е играчиште. Без разлика дали за наредна сезона Рамос и Варан ќе остануваат или не, мора да биди во прва 11ка.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Рамос ќе остане, Варан и Иско, може и Асенсио, мислам дека ќе си одат.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Најдобар поединец Милицајо. Човеков искажува сериозна кандидатура да биде наследникот на Рамос. Варан, освен повремени блесоци, го немам видено во такво издание. Денес изигра ко газда и издоминира на секој дел од теренот. Ако се враќа Рамос за со Челзи, тој треба да биде стартер, не Варан.

Азар со секој допир на топката си ја покажува класата, ќе го отвореше резултатот уште во прво полувреме да не ја одбранеше голманон со крајни сили. Кој one-touch фудбал го игра, не можат да го читаат. Треба да стартува со Челзи.

Бензема. Иако не даде гол, вториот гол беше негово дело, навлече едно 4 играчи на себе и каква топка му даде на Касе.

Бланко. Дечково има дваесет години, а на терен делува ко да играл 5 години за Реал. Доста стабилен со топката, не промаши пас, ниту пак изгуби посед. Одлична опција за во средина.

Мигел Гутиерез (Гути :) , имаме Гути и Бланко :)) Од кај го откопаа младичов? Што прави со топка во тесен простор, не е нормален. Слушам и Мурињо го барал за во Јунајтед. The future looks bright.

Родриго одличен. Иако не ја има минутажата на Вини, мислам дека се доста различни играчи и може да биде подеднакво корисен. Многу подобар шут и подобри топки дели и доста поконкретен е кога ќе тргне со топка напред.

Иско Диско - жал ми е за човеков ако си отиде. Ама понекогаш делува ко тешка флегма, а кога сака да игра, ко денес, вистинска магија излегува од неговите нозе.

Свесен сум дека Осасуна не се Челзи и Челзи ни на сон не би оставале толку простор, но некако ми делува дека тимот е во добра форма. Владее добар дух меѓу играчите, почнуваат да се враќаат повредените. И мислам дека Реал може да постигне гол на Стемфорд Бриџ, па и да ги добиеме на нивни терен.

Ако Зидан успее да ја освои Лигата и ЛШ, тоа ќе бидат најспартански извојуваните титули во сезона полна со повреди, отсуства, одлуки на судии против Реал, во ситуација кога атлетико е серизоно фаворизиран, како и закани од УЕФА И ФИФА. Во таков случај треба да го остават да си го состави сам договорот.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Менди - Рамос- Милитао - Начо

или

Начо - Рамос -Милитао - Менди...

Тоа е тоа за со Челси..
Средина знаеме...добро би било да излезе со 4-3- 1- 2 ... Валверде второ да даде свежина

ВиниЦиус - Бензема
Хазард
Крос-Касемиро - Модриќ
Менди- Рамос- Милитао - Начо

Ама мислам дека ќе оди со Феде место Хазард....​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom