– Со Зидан се чувствував специјално. Самодовербата која еден играч ја има не се крие само кај него, заслуга за тоа имаат и луѓето околу него. Соиграчите и секако тренерот. Мора да се чувствуваш важен во групата, а Зидан правеше да се чувствувам специјално. Многу ми помогна, јас многу го почитував, но откако почнав да работам со него, уште повеќе го почитував. Начинот на кој зборуваше, начинот на кој се носеше со тимот и начинот на кој ме третираше. Често пред најважните натпревари знаеше да ми каже „Крис одморај, на крајот ти ќе бидеш тој кој ќе ја направи разликата“. Секогаш беше искрен со мене и затоа секогаш ќе биде во моето срце, – порачува Роналдо во интервјуто за „ДАЗН“.