Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75
Не се добива преку анкети ама навивачите не се слепи да видат кој е во подобра форма, Икер моментално не е во топ форма а прашање е и дали ќе си ја врати формата ама ако се прашува дедо Перез он пак би го ставил Икер.
За формата е во ред, само реакциите (еве пример реакцииве што ги гледам по фб) од типот дека ако една анкета покажала нешто тоа така и ќе биде искрено, ми го кренаа притисокот.Човекот само што дојде.Нека си го заслужи местото во првиот тим.
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
За формата е во ред, само реакциите (еве пример реакцииве што ги гледам по фб) од типот дека ако една анкета покажала нешто тоа така и ќе биде искрено, ми го кренаа притисокот.Човекот само што дојде.Нека си го заслужи местото во првиот тим.
Аве кои реакции кои сини очи. Ако бранел пред 5 години у врвна форма сеа ради тогаш на стара слава да стое на гол? Ако може за секоја позиција да се докажуваат и да дават максимум може и тој.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Светецот покрај сето она лижење што го правеше со каталонците и сите глупирања во време на Мурињо кои немаа врска со фудбалот,правеше киксови и пред голот и тоа многу.Финалето ЛШ среќа заврши со хепиенд инаку ќе беше кривец за пораз во финале чекано 12 години.И тоа ај као ќе се опраел немал утакмици,незнам колку од вас гледаа светско ама он и таму на големо се посрамоти.Многу ми е одвратно што фановите дури и тука на форумов одат со глава низ ѕид бранејќи го Касиљас и покрај смешните киксови својствени за голман од трета лига.На Икер му помина времето,кога можевте од еден Раул да се опростите ќе можете и од него,барем Раул паметно постапи отиде на време со главата горе и не дозволи да го гледаме како се влече по терен,во тоа е големината.

И кога веќе се решени да го продадат Диего,бар нека проба Анчелоти оваа сезона во ЛаЛига со Кејлор како прва опција,бидејќи во него е иднината нели.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.094
Поени од реакции
16.291
Слушам сте тргнале по Куртоа, а ќе сте ги продавале Касиљас и Диего, само што ќе вие сега со Навас не знам.

Ова голманчево Навас и Баерн го бараше, имаше мн гласини дека е пред потпис со нив го сакаја тогаш како замена за Хојер мислам како резерва, ама гледам кај вас завршил, голманиште беше прошлата сезона па и на светското. CONCAF не се истакна толку можда дека и не гледав толку но на светсково растур напрај :)
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Смешно ми е што истите новинари и другите продадени души до вчера го бранеа Икер од Мурињо, а деновиве ситуацијата се сврте наопаку. Изгледа тоа што брани лошо за Шпанија го става на мета на нив. Нив ги заболе за Реал, и на сите им е како трн в око па ваквата ситуација им годи на педерине да пишуваат глупости, впрочем само тоа и го можат за да дојде до некоја дестабилизација во клубот.

За разлика од Реал, миленичето им Барса го пердашат од сите страни заради финансиските малверзации па им паѓа тешко на копилињава бидејќи нема за што да пишуваат.

Мојот став за Икер се знае, последните 5-6 години брани многу лошо за Реал, единствените добри партии му беа за Шпанија. Одамна требаше да се смени ама ајде капитен она ова (до душа не ни беше некој фактор на теренот) па се задржа до сега. Сеедно ќе ми биде кој ќе го остават на голот, се додека имаме квалитетен голман.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.106
Касиљас треба да си иде на време и да остане запаметен како легенда , а не вака испаѓа бараба. Уште пред некоја година кога го седна Мурињо на клупа и кога го именуваше јавно како црна овца, пошто издаваше "тајни" од соблекувалните на Реал, уште тогаш да беше попаметен требаше да си иде вака само си ја бута репутацијата, сам.
Затоа викам има многу многу направено за Реал и мора да си иде што побрзо за да остане запаметен како што треба и му доликува- како Легенда.
п.с Жена му го расипа :P
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.106
Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез се најде на тапет кај шпанската јавност која го обвини дека големата фунцкија во „кралскиот клуб“ ја користи за лични интереси и ништо повеќе.

Флорентино Перез не е само претседател на Реал Мадрид, туку и главен човек на бројни градежни компанија, како што самиот тој сака да каже, кои се најдобрите на светот. Станува збор за групацијата АЦС во која моментално работат 200 илјади работници и која има годишен обрт од десет милијарди евра. АЦС е светски познат бренд кој гради облакодери, автопатишта, брани…

Перез со години е критикуван од шпанската јавност, одредени тамошни медиуми го обвинуваат дека е поврзан со двата најголеми корупциски скандали во таа зема, случаите „Гуртел“ и „Барценас“, ни никогаш ништо не е докажано. Перез неколку пати негираше дека тој или неговата компанија на било кој начин ги подмитувала локалните политичари при конкурсите за изградба на јавната инфраструткура.

Перез стои „рамо до рамо“ со премиерот на Шпанија

Флорентино е милијардер, неговата богатство се проценува на од два до четири милијарди евра, зависно од изворите. Некои шпански медиуми тврдат дека богатството му е зголемено за неколку пати откако седнал во претседателската фотелја на најгобатиот клуб на светот. Нема сомнежи дека претседателската фотелја на Реал енормно влијае на социјалниот статус и зголемувањето на влијанието врз општеството.

Во Шпанија велат дека претседателот на Реал според моќта и влијанието е „рамо до рамо“ до премиерот на државата како и дека ширум му се отворени сите врати. Критичарите го обвинуваат Перез дека местото претседател му послужило за ширење на бизнисот низ цела Шпанија, Европа и светот, како и дека во таа смисла купува фудбалери за да добива тендери во некои земји!

Зошто се купени Родригез и Навас?

Влијателниот шпански вебсајт, „елплурал“, шпекулира дека токму тоа е една од причината поради која беа купени Колумбиецот Џејмс Родригез и Костариканецот Кејлор Навас. Несомнено е дека станува збор за одлични фудбалери, но она што е нејасно е дали му се неопходни на Реал бидејќи на нивните позиции има неколку одлични фудбалери.

Можеби во сето тоа не е баш незначајно тоа што компанијата на Перез се натпреварува за некои големи тендери во Колумбија и Костарика! Шпанскиот портал тврди дека Перез со овие трансфери ќе има дополнителни аргументи во преговорите со претседателите на двете земји и „елплурал“ тврди дека за ваквите тврдења има потврда од некои акционери на градежниот гигант.

Перез го врати Реал на врвот на Европа и светот

Споменатиот медиум истакнува дека воопшто не е случајно тоа што Перез веќе подолг период „го брка“ Радамел Фалкао и тоа што своевремено во Реал стигнаа Нури Сахин и Месут Озил, во моментите кога Перез го ширеше бизнисот во Турција, а каде овие двајца фудбалери се крајно популарни. Слични мотиви Перез, наводно, имал и кога на клупата на Реал го ангажираше Мануел Пелегрини. Наводно во тој период договорал некои големи бизнис зделки во Чиле. Сомнителен е и трансферот на Асиер Илараменди кој минатото лето пристигна на „Бернабеу“ од Реал Сосиедад за повеќе од 30 милиони евра. Случајно или не, тендерот за реконструкција на „Аноета“, стадионот во Сан Себастијан, го доби токму компанијата на Перез.

Тешко е да се каже дека сето ова е вистина, но постои некоја интересна коинциденција. Меѓутоа, фактот е дека Перез го врати Реал на врвот на Европа и светот, и дека под неговото раководство повторно стана највредниот спортски клуб на светот, со најголеми приходи. Критичарите за овој аргумент ќе пронајдат пртиводговор со констатацијата дека Реал сѐ уште има големи долгови и дека со години има легална помош од државите и банките.

Продажба на земјиштето и излез од кризата

Веќе во легендите влезе контроверзната пренамена на земјиштето на спортскиот центар на Реал, кое стана градежна зона и беше продадена за стотина милиони евра. Реал во таа трансакција заработи 500 милиони евра со коишто излезе од големите финансиски проблеми во кои падна пред крајот на 90-тите години. Во целата приказна се вмешани најголемите мадридски политичари, а случајот го истражува Европската комисија.

Перез со години тврди дека сѐ било извршено во рамките на законот и дека не постојат никакви нејаснотии, бидејќи целото земјиште било продадено преку гласање во мадридскиот парламент. Припадниците на Социјалистичката партија (ПСОЕ) беа против, а членовите на Народната партија (Партидо Популар) гласаа за. Секако дека околу секојдневно постојат меѓусебни обвинувања, и дека ден денес траат, но Европската комисија нема пронајдено никакви нерегуларности, барем досега.

http://sportmedia.mk/zhestoki-obvinenija-do-perez-real-kupuva-igrachi-za-da-dobiva-gradezhni-tenderi/
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.121
Поени од реакции
28.870
^ Дури и да е точно ова со тендерите-играчите човек треба уште повеќе да му се воодушевува на ваков мастермајнд :cuc:
10492080_666521563439416_5878366134506029569_n.jpg
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2009
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.106
Перез ти е модерниот / денешниот Сантијаго Бернабеу,
го направи Реал најглемиот фудбалски клуб на денешницата, Економски, Организациски, Играчки и Стручен кадар, Инфраструктурно (ако се финализира новиот план за стадионот, претходно целиот тренинг комплекс)....
Свака му час Златко :)
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Перез ти е модерниот / денешниот Сантијаго Бернабеу,
го направи Реал најглемиот фудбалски клуб на денешницата, Економски, Организациски, Играчки и Стручен кадар, Инфраструктурно (ако се финализира новиот план за стадионот, претходно целиот тренинг комплекс)....
Свака му час Златко :)
Ко Грујо е :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom