Фан Клуб: Реал Мадрид

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Здраво и поздрав до сите фанови на Реал Мадрид, ова ми е прв пост во темата, која да не речам ама секој ден ја читам последнава година и гледам се нешто се карате, се расправате ова она овој чинел овој не чинел. Е сега да си кажам и јас мислење за тимот за кој навивав уште од 1998 година (значи на мои 8-9 години), па се до моментот кога дојде Мурињо. Ќе напишам еден подолг пост, се надевам ќе опфатам доста работи во врска со тимот, не само од навивачки аспект, туку и реално како гледам на работите во клубот.

Прво да знаете дека сите ве почитувам и ценам како фанови и ценам мислење на сите, но не се сложувам со поголемиот дел од вас. Па да не должам многу да почнам.

Во периодот кога почнав да навивам за Реал, тимот газеше во Европа. Немаше ѕвезди, ама имаше РАБОТНИЦИ. И тие што ги сметаа за ѕвезди играа супер. Тимот беше одличен се до заминувањето на Дел Боске во 2003 година мислам, кога отпаднаа од Јувентус во ЛШ. Перез со неговата тактика на купување ѕвезди му правеше и лошо и добро на тимот. Добро затоа што медиумски правеше многу пари, а и самите играчи со еден потег одлучуваа натпревар што се вели, а лошо затоа што тимот немаше колективна игра - се чекаше на индивидуалците.
Дојде Роналдо 2002 после светското. Не се прослави со тимот иако отиде во Реал Мадрид да освои ЛШ, беше на чекор ама ништо. А Мориентес и Раул беа супер тандем и пред да дојде. И тука работите се сменија. Реал не беше подмачкан како претходно, ама играа супер. После си замина дел боске и дојде од Манчестер карлоз кеироз, дојде Бекам, Реал играше со мизерни 15тина играчи цела сезона, кои не знам како издржаа на сите фронта. После со Луксембурго, Камачо, Рамон, Рамос, Капело, Шустер, Реал ја купи пола Европа и пак ништо не направи (нешто што правеше Барселона пред Рајкард со ван гал, антич и кој уште не проба да ја спаси). Пари се фрлаа за џабе. Играчите ќе дојдеа за големи пари, после нов тренер и гледаш си заминале за “без пари“. Само Капело успеа да освои титула и тоа со типична италијанска игра, строго дефанзивно. Сега не се секавам точно кој беше тренер пред Пелегрини, ама кога дојде Пелегрини видов Реал за плакнење очи. Тој дојде истовремено со Роналдо, Кака, Алонсо и Бензема - летото 2009. Излегуваа момците на терен и за брзо беше решен натпреварот. Таа сезона само Роналдо и Игуаин го водеа Реал. Бензема ретко играше, Кака дојде повреден и долго беше повреден. Во таа една сезона додека беше Пелегрини (според мене тренер кој е светлосна година подобар од Мурињо, се виде и со Вилјареал и Малага сега), Реал блескаше. Нема да ги заборавам двата натпревари против барселона таа сезона каде реал на два пати ја изгази барселона во играта, значи човекот постави СВОЈА ИГРА, за разлика од ова телето сега со автобусот и тепачите. Барселона од 2-3 удари на ноу камп победи со 1-0, а реал имаше пречка и статива и безброј други шанси. Конечно си реков некој да го донесе реал на старите патеки после неколку зезнати сезони. И телето Перез го избрка и го носи ова гомното Мурињо. И јас од клубот кревам раце како навивач (нормално пратам само резултати и на кои играчи ќе фрлаат милиони без потреба). Откако дојде Мурињо имам изгледано онолку натпревари колку што играа против барса, значи десеттина.

Е сега брат за Мурињо (што те цитирав). Мурињо освои титула со Порто, АМА ако не се повредеше Жили во 8мата минута од финалето, Порто ќе го примеа. За ова сигурен сум дека порто немаше да ја освои титулата 2004 година. Монако растураја а жили беше мотор на тимот е сеа ти рачунај. После дојде во Челзи, во Англија каде реално гледано освен Манчестер Јунајтед нема конкуренција за титулата. На арсенал времето му беше поминато. Ја освои титулата во премиер лигата, ама изгуби од мојот ливерпул и мојот бенитез во ЛШ и почна да плачи. Мурињо направи добра екипа во Челзи за тоа нема збор, момците играја страшно добро, зошто тоа не го повтори во реал. Ако беше добар тренер и шевченко и балак и деко ке ги вклопеше во тимот 2008 ко избркаа, ама ништо. Е сеа може имаше притисоци од абрамович тоа не знам ама на терен ја немаше магијата од порано. Дојде во интер, во најдобр време за тимот. Јуве прави нова екипа, Милан менува генерација да речам и тие прават нова екипа и без проблем ги освојува двете титули во италија. За титулата во ЛШ на интер имам само едно да кажам дека е освоена неправедно. Од италија сум за интер, но ја победија барса со педерска игра и со гол од офсаид, а во финалето со баерн беа изедначени. После момакот иди во реал и тука почнува да се уништува онаа фантастична екипа што ја создаде Пелегрини. Не за џабе е речено дека од постарите играчи тоти е зидан со коса, а од помладите Кака е зидан со коса. Кака не е во форма, а кака за мене е сеуште играчот со најдобри квалитети во светот на фудбалот. И покрај кака во тимот, тој го купува резил. Откако дојде мурињо, реал игра некако напумпано, вештачки, за разлика од барса каде се како фамилија и можат да играат без било кој во тимот, во реал не беше а и не е така. Ако изгуби мурињо веднаш се жали ова она, а ако победи Кој сум јас муабетот. Чекај бе човече од вчера те знај светот кој си. Игра против барса со нивна игра, не со негова. е така никогаш нема да победи ако не мават играчите. колку и да глумат играчите на барса, да не речам во 70-80 проценти од стартовите на играчите на реал, имаат намера да повредат играч, а не да запрат. И половина од стартовите се за црвен картон, ама дерби е не се исклучува така тешко. И мурињо ке плаче после нека излезе барса 11 на 11 не само со играч повеке да победува. Па кој ти е крив човече кога убиваш на терен. Минатата година титулата ја освоија со мавање, пенали и мавање и пенали. Не велам не, играа добро, ама и судиите играа уште подобро за реал. Е се виде годинава реалната слика за Реал. Ако е добар Мурињо, ке го среди реал, некој рече и до играчите е. Ако е до играчите тие имаат тренер. ако не му оди на играчот има клупа, има трансфер листа, има други клубови. таа одбраната на реал е само 100тина милиони евра. и пак за ништо не чини. играчите се многу арогантни. сите се прават ѕвезди а не се, а во барса е обратно. таму го имаш меси и работници околу него. во реал се е индивидуала. е не се прави така екипа бе човече. Внеси играчи од младинците, пробај со нив кога не оди со овие кокошките. ама тоа е. Додека е мурињо тренер во реал мислам дека нема да видам игра од тимот. Титула да, ама игра која му доликува на реал не. Поздрав
Ти го прочитав целосно постот и го почитувам твоето мислење иако не се сложувам. Не кријам дека сум еден од најватрените поддржувачи на Мурињо и во добро и во зло сум со него. Нема пишам долго колку тебе, ама сепак треба да се напомени а и познато е и од порано дека Мурињо го интересира само резултат резултат и резултат. Тоа е тоа што го направи голем тренер а не стилот на игра. Сепак крај краева запамтени ке бидат само резултатите. Ама вистина е и дека мурињо со реал има и добра игра, можеби оваа сезона не ама прошлата имаја игра и имаја реализација голема. Мое мислење дека ако си навивач на реал сепак треба да го гледаш на секоја утакмица без разлика кој е тренер, оти се навива за клубот крај краева а не за поединци. Сезонава е многу лошо почната ама сепак не е изгубена, во игра сме уште за две битни титули !
Што ке биди ако освоиме ЛШ годинава ? Пак ке плукате по Мурињо дека со дефанзива и освоил и бла бла муабети? поздрав и верувајте во оваа постава на Реал и бидете стрпливи то имам да кажам.
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Сезонава ме потсеќа на онаа 2008-2009 кога освоивме супер куп против Валенсија па после во лигата се мачевме да сврземе две победи по ред.

Барса не преслуша на Бернабе плус го папавме од англиски противник во осмина финале.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Сезонава ме потсеќа на онаа 2008-2009 кога освоивме супер куп против Валенсија па после во лигата се мачевме да сврземе две победи по ред.

Барса не преслуша на Бернабе плус го папавме од англиски противник во осмина финале.
Таа сезона не се мачевте баш..сврзавте колку што се сеќавам 13-14 победи со ред кога Хуанде Рамос ви беше тренер..каков хит беа на полусезона кога дојдоа Лас Диара и Хунтелар тоа чудо нешто::D..па и двата добри беа и добри партии прикажаа..а Робен маме ебаваше..
 
VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
Casillas
Arbeloa--Varane--Carvalho--Coentrão
Khedira--Alonso
Callejón----------Özil----------Ronaldo
Benzema
90% овој состав би бил со Валенсија , а не е лошо и Алонсо да го седнат малку на клупа една воспитна:D ...очекувам многу поразлична игра од претходната утакмица, особено со влегување на Марсело :cautious:
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Таа сезона не се мачевте баш..сврзавте колку што се сеќавам 13-14 победи со ред кога Хуанде Рамос ви беше тренер..каков хит беа на полусезона кога дојдоа Лас Диара и Хунтелар тоа чудо нешто::D..па и двата добри беа и добри партии прикажаа..а Робен маме ебаваше..
Робен тогаш беше Меси :icon_lol:

Касиљас​
Рамос - Пепе - Канаваро - Хајнце​
Мамаду - Гаго​
Робен - Снајдер/Гути​
Игуаин - Раул​
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
495
Поени од реакции
83
Робен тогаш беше Меси :icon_lol:

Касиљас​
Рамос - Пепе - Канаваро - Хајнце​
Мамаду - Гаго​
Робен - Снајдер/Гути​
Игуаин - Раул​
а Игуаин беше Фалкао... :)
 
iggo_s

.. sangre blanca en mis venas!
Член од
30 јуни 2009
Мислења
1.389
Поени од реакции
1.077
Додека е мурињо тренер во реал мислам дека нема да видам игра од тимот. Титула да, ама игра која му доликува на реал не. Поздрав
Со Мурињо тимот немал игра? Лани даваа по 5 голови на натпревар.. Не знам шо треба повеќе од тоа. Ги сруши сите ебени рекорди у освоени поени, дадени голови и што ли уште не. Немој да се навредиш друже, ама вакви неблагодарни навивачи како тебе не заслужуваат да го имаат Моу како тренер на нивната омилена екипа. Човекот за кој дисциплината, сложноста меѓу играчите и резултатите се во прв план, човекот за кој во Милано уште се крстат, молат, плачат, вени сечат по него, у Лондон исто така, а ние ќе го бркаме без око да ни трепне. И кој ќе дојде? Рафа Бенитез? Манчини? Aнчелоти? Немој да ме јебеш...

Не викам дека не е ни малку крив за ситуацијата у која се наоѓа моментално Реал Мадрид, ама не треба ни цела вина да се префрла врз него. Добро кажа некој погоре.. Тимот е скрос истиот како лани. И сега, дали е Мурињо крив за тоа што Марсело кој стана една од главните алки и преку кој почнуваа и се базираа сите акции, да се повреди скоро од почеток на сезоната и да биде отсутен којзнае колку време? Дали е тој крив што Алонсо сезонава има 20 % точни пасови на натпревар? Дали е тој крив што ушлето Ди Мариа си ги има заборавено нозете у Аргентина и на раце трча цело време? Дали е крив што Бензема и Игуаин се натпреваруваат кој е поглуп и кој повеќе шанси ќе промаши? Дали е крив што нашиот капитен Касиљас на почетокот од сезоната ги лижеше газињата на другарите негови од Каталонија без да размисли дека со тоа може да направи збрки и расправии со неговите клупски соиграчи? - НЕ!

Јас уствари се чудам како он досега сам не стана да си оди покрај сите овие лајна шо се јадат за него, сите свирежи, напади од медиумите итн итн. Ама осеќам ќе биде и тоа. Тек после да видите шо се вика "распад систем"...
 
Зрното

Еден е Зизу.
Член од
17 септември 2007
Мислења
1.526
Поени од реакции
634

Во многу нешта си во право но, од каде ја изваде статистикава за Алонсо? Гледам дека сите нешто го плукате Алонсо, а јас по интернетов како што увидов, дечкото за РМ има само 2 слаби партии.
Второто, незнам што има лошо тука Икер да прајча честитки кон каталонците, па и Меси му честита на Роналдо некни... и сеа Тито треба да го казни 3 натпревари неиграње, треба сите да му свртат грб на Меси. Не.
Тоа дека Мурињо си има проблеми со Барса, тоа што Мурињо има комплекси од Барса ....ете заради тоа е сета збрка. Икер не направи ама ништо лошо со тој потег, и тој потег нема шанси да влијае на формата на Реал Мадрид.

За тоа што многу фанови се за бркање на Мурињо, тоа е направено оти Мурињо сака така да биди. Тој направи уште на почетокот кога дојде во РМ, сите критики и други срања да одат на негово име, а не на име на Тимот. И затоа сега Мурињо најмногу го крка за тоа што истиот тим од лани е дупе. Јас, Мурињо не го сакам , претежно ради играта vs некој голем клуб(на сигурно и малце наликува на дрмосерска), али дечкото е Класа, еден од 2та најдобри тренери во светот, докажан. Па ќе видиме до каде ќе протурка. Ако го сменат на крај на сезона... многу малце мадридисти ќе му речат фала, за барем колку толку освоените титули.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom